Драматица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ставена Категорија:Притоки на Струма користејќи го HotCat
с Додадена категорија
Ред 15:
'''Драматица''' или '''Ангиста''' (понекогаш '''Драманица'''<ref>Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр.118.</ref>; {{lang-el|Αγγίτης}}, ''Ангитис'') — [[река]] во [[Источна Македонија и Тракија|источниот дел]] на [[Егејска Македонија]] (денес во [[Грција]]) по чие течение е сместен градот [[Драма (град)|Драма]]. Во Грција, за почеток на реката се смета нејзината притока Панега, која извира од пештерата [[Маара]] кај с. [[Нови Калапот]] (Ангитис) и се влева во Драматица кај с.&nbsp;[[Фотилово]]. Од Драма до Фотилово, Грците ја нарекуваат Света Варвара (Аја Варвара).
 
Со должина од 75&nbsp;км, Драматица е најголемата притока на [[Струма]] во Егејска Македонија. Тече низ [[Драмско]] и [[Серско]].
 
Почнувајќи од кај [[зихненско]]то село [[Баница (Зихненско)|Баница]], јужно од [[Алистратик]], реката тече стрмната клисура [[Ташлак]] (Враус) должина од 9&nbsp;км и длабочина од 80 до 150 метри. Завршува кај [[Станица Анџишта]] (Статмос Ангистис), каде се наоѓа Стариот мост. Водите во клисурата се мошне погодни за практикување на [[сплаварење]]то. Оттука, реката преоѓа во полето, каде се влева во [[Струма]].
 
== Историја ==
Реката ја споменува уште [[Херодот]] (VII, 112<ref>[http://www.losttrails.com/pages/Tales/Inquiries/Herodotus_37.html Inquiries by Herodotus Book 7.]</ref>) во V век пр. н.е. На почетокот на [[XX век]], речиси целото течение на Драматица ја образува етничката граница помеѓу [[Грци]]те и [[Македонци]]те — селата на север од реката биле македонски, а на југ — грчки.<ref>[http://www.promacedonia.com/vk/vk_2_23.htm Васил Кaнчов. „Македониja. Етнографиja и статистика“. Софиja, 1900. (вид. картата)]</ref>
 
На реката Драматица се случиле неколку настани во [[историја на Македонија|историјата на Македонија]]. На 18-19 март 1903 г. група дејци на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], предводена од [[Гоце Делчев]], извршила атентат, минирајќи железнички тунел и мост на реката.
 
Во мај 1913 г., уште пред почетокот на [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], на подрачјето на реката доаѓа до вооружени судири помеѓу бугарски и грчки единици.
Ред 41:
{{рв|Aggitis river}}
{{наводи}}
 
 
{{Реки во Егејска Македонија}}
Ред 54 ⟶ 53:
[[Категорија:Ениќој (општина)]]
[[Категорија:Притоки на Струма]]
[[Категорија:Реки по азбучен ред]]