Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Битола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: македонската литература → македонската книжевност
Ред 14:
Во 1964 година се формира подврзувачко одделение. Истата година се формира завештаен фонд и фонд на туѓа [[литература]], каде на почетокот само се прибраа материјали и дробен печат. Оваа година е значајна затоа што излегува од печат првата публикувана книга за патронот на библиотеката „Климент Охридски“.
 
Во 1967 година во завештајниот фонд прибрани се ракописи на основоположникот на македонската литературакнижевност за деца, Ванчо Николески. Со зголемувањето на обврските и задачите, се наметна потребата од поголем простор, така што во 1974 година Библиотеката се пресели во зградата на адаптираното хируршко одделение на ул. Ленинова 39. Истата година почна и изградбата на новото крило на Библиотеката чијашто конструкција се доврши до 1976 година. Со добивањето статус на членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, само една година по неговото основање, односно во 1980 година, Библиотеката во својот развој ја вградува и универзитетската компонента во нејзиното делување.
 
Во 1984 година библиотечните процеси се одвиваа преку осум организациони единици: комплетирање на библиотечен материјал, стручна обработка на монографски и периодични публикации, библиографско-библиотечни информации, позајмување и услуга, унапредување на библиотекарството, посебни книжни фондови, заштита и [[репрографија]] и општи служби.