Српска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Почеток: Јазична исправка, replaced: Византиска империја → Византиско Царство
с →‎Почеток: Правописна исправка, replaced: Второ Бугарско царство → Второ Бугарско Царство
Ред 32:
Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По [[1204]] година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од [[Константинопол]] во [[Никеја]]. Свети Сава имал голема мисија во [[Никеја]], чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната [[Византиско Царство]], Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.
 
Наследниците на [[Свети Сава]], со поддршка на династијата на кралот Немањиќ во [[1346]] ја создале [[Печка патријаршија|Пеќската патријаршија]]. Со зголемувањето на улогата на српската држава, истовремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на [[Срби]]те и [[Грци]]те, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх. Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх. Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот. Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се совпаѓале со оние на земјата. Според ова, Вселенската патријаршија имала ''ipso facto'' јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од [[Византија]], а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај [[Второ Бугарско царствоЦарство|Бугарската држава]].
 
===Прогласување на српскиот патријарх===