Хесиод: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с →‎Живот: Јазична исправка, replaced: земјоделие → земјоделство using AWB
Ред 7:
Оваа теза се должи на примери од кои треба да се види дека Хесиод тешко може да се разбере доколку не се познава Хомер. Но, првите сомнежи дека оваа теорија е точна се јавуваат зашто во античката традиција никаде недвосмислено не се тврди дека Хомер е постар од Хесиод. Дури, Херодот прв го спомнува Хесиод, а потоа Хомер, исто постапува и комедиографот [[Аристофан]]. Од еден легендарен приказ на поетски натпревар, кој веројатно е од подоцнежен период, имаме упатување на еднаква старост на двајцата поети, зашто тие се јавуваат како соперници.<ref name="ReferenceA">Митевски, Витомир, „Дела и дни“ од Хесиод, „На исконот на хеленската духовност“ предговор кон делото, Култура, Скопје, 1996</ref>
 
Како и да е, податоци за животот на Хесиод црпиме од неговите дела, оние што му се припишуваат. Таткото на Хесиод бил од Кима во [[Ајолија]] (на брегот од [[Мала Азија]]) и се занимавал со поморска трговија, но се преселил во Аскра, село на југоисточните падини на планината [[Хеликон]], близу градот Теспиј во [[Бојотија]], каде почнал да се занимава со земјоделиеземјоделство. Најверојатно во Аскра е роден Хесиод, кој не го сакал родното место опишувајќи го како „плачевно село, тегобно зиме и лете, а пријатно в ниедно доба“ (''Дела и дни''). Истиот еп (Дела и дни), сведочи дека по смртта на таткото, Хесиод спори со својот брат Персе, кој успеал со подмитување на судиите да приграби многу поголем дел од наследството (имотот). Но, Персе не успеал умно да го искористи својот имот, па дошол кај брата си да бара помош, што Хесиод ќе го искористи во делото каде ќе му дава разни совети.
При крајот на епот, дознаваме и дека Хесиод учествувал на поетски натпревар во Халкида (на островот Евбоја) како како аојд (поет-пејач) ја освоил првата награда и го добил триножецот. Оваа награда ја посветил на хеликонските музи (музите од планината Хеликон) благодарен што го научиле да пее прекрасни песни.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хесиод