Локва: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 1:
[[File:Локва на Караџица.jpg|thumb|250px|right|Локва од растопен снег во вртача на планината [[Караџица]], [[Македонија]]]]
'''Локва''' — насобрана вода или течност. Во природата локвите се вдлабнатини во земјиштето кои привремено се исполнуваат од насобраната вода – дождовница или од растопениот снег. Најчестото значење на зборот локва претставува вдлабнатина со дождовна вода. Односно таа означува вдлабнатина во која повремено се насобира вода, која потоа и исчезнува преку исушување и испрарување поради што локвата се разликува од сличните зборови: [[вир]] кој најчесто се создава од проточни води и [[бара]] која е постојано количество на застоена и насобрана вода, вообичано во [[Мочуриште|мочуришта]] и [[Блато|блата]]. Зборот локва во географијата често се користи за повремените планински езерца кои настануваат со топење на снегот, а во секојдневието и книжевноста зборот локва се користи и за насобрана истечена [[крв]].
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Локва