Депозит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. using AWB
Ред 1:
'''Депозитот''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''deposit account'') претставува финансиски инструмент преку кој [[население]]то, [[Финансиски друштва|финансиските друштва]], нефинансиските друштва, државните органи и непрофитните организации ги вложуваат своите пари во банките. Депозитите, заедно со кредитите, претставуваат основни производи на комерцијалните банки. Исто така, депозитите заземаат најголем дел од обврските во [[биланс на состојбата|билансите на состојбата]] на банките. Прибирањето депозити е една од двете основни групи активности на банките како финансиски посредници. Притоа, тие имаат огромно значење во работењето на банките, бидејќи претставуваат основен извор на [[пари]]чни средства од кои банките одобруваат [[Кредит|кредитикредит]]и.
 
== Поим и карактеристики ==
 
За секоја [[Банка|банка]] е исклучително важно да го обезбеди потребниот износ депозити по определена разумна [[цена]]. Во таа смисла, депозитното работење има непосредно влијание врз [[профит]]абилноста на банката и врз можностите за растеж. Оттука, банката мора да биде подготвена да одговори на конкурентските притисоци така што ќе нуди нови депозитни производи под конкурентни услови. Конкретните видови и карактеристики на депозитните производи се разликуваат од една до друга банка, како одраз на нивните напори да задоволат различни потреби и барања на потрошувачите.
 
Депозитите, посебно оние на населението, претставуваат стабилни извори на средства, затоа што се одликуваат со ниска еластичност во однос на промените на [[Каматна стапка|каматните стапки]]. Имено, при пораст на каматните стапки, населението, како и [[Претпријатие|претпријатијата]] што одржуваат долготрајни блиски односи со банката, обично не ги повлекуваат парите со цел да ги инвестираат на друго место во потрага по повисока заработка. Меѓутоа, големите клиенти, коишто на своите сметки располагаат со поголеми износи на слободни [[пари]]чни средства, реагираат поинаку при пораст на [[пазар]]ните каматни стапки, т.е. многу брзо можат да ги повлечат [[Пари|паритепари]]те од банката и затоа, нивните депозити немаат карактер на стабилни извори на средства. Исто така, депозитите на населението се разликуваат од депозитите на другите институционални сектори по тоа што само тие се покриени со системот на [[осигурување]] во случај на ликвидација на банката.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 23.</ref>
 
== Видови на депозити ==
Ред 11:
* ''трансакциски депозити''
* ''штедни депозити''
* ''други форми на депозити''.
 
=== Трансакциски депозити ===
Ред 17:
Трансакциските депозити (''transaction deposits'') се поврзани со [[платeн промет|платниот промет]] како традиционална функција што ја извршуваат банките. Тие претставуваат денарски и [[девизидевизни]] сметки што луѓето, претпријатијата и другите организации ги отвораат кај банките со цел да вршат разни плаќања, поврзани со нивните секојдневни трансакции (купување производи, набавка на материјали, плаќање сметки итн.) Се разбира, за да можат да ги искористат за плаќање, сопствениците на овие сметки мора да имаат непречен пристап до парите. Со други зборови, парите на овие сметки немаат никаков договорен рок на орочување, т.е. можат да се повлечат во секое време, според желбата на нивните сопственици и затоа се познати и како депозити по видување (''demand deposits''). И покрај тоа што немаат рок на достасување, трансакциските депозити се одликуваат со голема стабилност, т.е. овие парични средства најчесто остануваат во банката долг временски период. Имено, овие депозити не се каматноеластични, т.е. слабо реагираат на промените на пазарните каматни стапки.
 
Трансакциските депозити ги сочинуваат: тековни сметки на населението, сметките на претпријатијата и другите правни лица, сметките врзани за [[Платежна картичка|платежни картички]] итн. Во оваа група спаѓаат и разни трансакциски сметки што ги отвораат банките една кај друга, во врска со нивните коресподентски односи. Во полза на овие депозити се влеваат паричните приливи што населението и правните лица ги остваруваат од различни извори ([[Плата|плати]], пензии, стипендии, хонорари и тнитн.) Банките обично не плаќаат камата на трансакциските депозити и плаќаат многу мала [[Камата|камата]] (0,5% или 1%). Меѓутоа, иако каматните [[трошоци]] се ниски, тие предизвикуваат големи оперативни и други некаматни трошоци.
 
=== Штедни депозити ===
 
За разлика од трансакциските депозити, коишто служат за финансирање на тековните расходи, штедните депозити (''savings deposits'') ги претставуваат слободните парични средства на населението и правните лица. Овие парични средства вообичаено се чуваат за финансирање на идната [[потрошувачка]] или пак како резерва за покривање на непредвидените [[расходи]]. И штедните депозити можат да бидат по видување, макар што најголем дел од нив се орочени, при што рокот на орочување може да се движи од еден или неколку дена, преку повеќе месеци, па се до неколку години.
 
Имајќи предвид дека се работи за орочени депозити, тие носат далеку повисоки каматни стапки во споредба со трансакциските, коишто се движат дури и до 10% на денарските и 5% на девизните штедни влогови. Треба да се забележи дека сопствениците на штедните депозити се многу заинтересирани за приносот што го остваруваат на вложените парични средства, така што овие депозити се одликуваат со повисока каматна еластичност. Имено, во случај на пораст на каматните стапки, голема е веројатноста дека сопствениците на овие депозити ќе ги повлечат парите и ќе побараат поповолни можности за нивно [[Инвестиции|инвестирање]]. Тоа особено се однесува на правните лица и на крупните штедачи, додека искуството покажува дека ситните штедачи помалку реагираат на промените на каматните стапки. Оттука, наспроти фактот дека се работи за орочени депозити, еден дел од нив влегува во групата на нестабилни депозити.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 235.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит