Виленичка крв: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Заплет: Јазична исправка, replaced: вилењаци → виленици using AWB
Ред 4:
Околу една година пред почетокот на приказната, Империјата Нилфгард го напаѓа Кралството Цинтра. Кралицата Каланте, смртно ранета, се самоубива, а нејзината внука Сирила, наречена Сири и со прекарот „Лавчето од Цинтра“ успева да избега од запалениот главен град. Емир вар Емреис, Императорот на Нилфгард ги испраќа своите шпиони да ја најдат. Тој знае дека ова девојче има големо значење, не само поради нејзината кралска крв, туку и поради нејзиниот магичен потенцијал и вилењачка крв во вените.
 
Речиси две години по војната (добиена од Северните Кралства), владетелите на Северот се состануваат тајно, за да разговараат за политичката состојба. Мирот со Нилфгард не е како што требал да биде. Нилфгардската финансиска моќ ја уништува северната економија, Нилфгардските емисари агитираат аристократи и трговци против нивните монарси, вилењацивиленици и џуџиња формираат партизански групи наречени Скоја'тел (Верверички) и спроведуваат дејства на терор против луѓето - и во секој голем град, култистите пророкуваат дека светот ќе заврши, освен ако Спасителот не дојде од Југот. Кралевите одлучуваат да започнат војна, пред Империјата и понатаму да ги ослаби нивните земји и да ја повратат Цинтра. Тие се свесни дека Императорот ја бара Сири за да се ожени со неа (морганатски) и со тоа да ги добие правата на Цинтра, која сега е под нилфгардска окупација. За да се спречи ова, монарсите одлучуваат да ја пронајдат и убијат Сири.
 
Девојчето е заштитено од [[Гералт од Ривија]], вештер: магично и генетски мутиран убиец на чудовишта за наем, кој ја носи во замокот на вештерите, Кер Морен. Таму Сири е учена од други вештери, вклучувајќи ги стариот Весимир, Коен, Ескел и Ламберт. Таа учи за чудовишта и како да се бори против нив. Таа е научена да се бори со меч на вештерски начин. За време на нејзиното "образование", волшебничката Трис Мериголд доаѓа во Кер Морен. Таа била повикана од Весимир да му помогне при повременото чудно и абнормално однесување што го видел кај Сири. Трис сфаќа дека Сири е Извор. Таа признава дека нема моќ да го контролира талентот на Сири и го советува Гералт да ја проголта гордоста и да побара помош од Јенефер, поискусната волшебничка и неговата поранешна љубовница.