Виленичка крв
Виленичка крв (полски: Krew elfów) е првиот роман од Сагата Вештерот напишан од полскиот писател за фантастика Анджеј Сапковски, првпат објавен во Полска во 1994 година.[1] Тој е продолжение на расказите во „Вештерот“, собрани во книгите „Последната желба“ (Ostatnie życzenie) и „Меч на судбината“ (Miecz przeznaczenia) и е проследено со „Време на презир“ (Czas pogardy). Книгата ја доби Наградата Јануш А. Зајдел во 1994 година[2] и Легендарната награда Дејвид Гемел во 2009 година.[3] Превод на англиски јазик бил објавен во Обединетото Кралство во 2008 година (Голанц)[4] и во Соединетите Држави во 2009 година (Орбит).[5]
Автор | Анджеј Сапковски |
---|---|
Изворен наслов | Krew elfów |
Земја | Полска |
Јазик | полски |
Серијал | Вештерот |
Жанр | фантастика |
Медиум | Печатено издание |
Страници | 320 |
ISBN | 978-0-575-08484-1 |
Претходна | Меч на судбината |
Следна | Време на презир |
Заплет
уредиОколу една година пред почетокот на приказната, Империјата Нилфгард го напаѓа Кралството Цинтра. Кралицата Каланте, смртно ранета, се самоубива, а нејзината внука Сирила, наречена Сири и со прекарот „Лавчето од Цинтра“ успева да избега од запалениот главен град. Емир вар Емреис, Императорот на Нилфгард ги испраќа своите шпиони да ја најдат. Тој знае дека ова девојче има големо значење, не само поради нејзината кралска крв, туку и поради нејзиниот магичен потенцијал и виленичка крв во вените.
Речиси две години по војната (добиена од Северните Кралства), владетелите на Северот се состануваат тајно, за да разговараат за политичката состојба. Мирот со Нилфгард не е како што требал да биде. Нилфгардската финансиска моќ ја уништува северната економија, Нилфгардските емисари агитираат аристократи и трговци против нивните монарси, виленици и џуџиња формираат партизански групи наречени Скоја'тел (Верверички) и спроведуваат дејства на терор против луѓето - и во секој голем град, култистите пророкуваат дека светот ќе заврши, освен ако Спасителот не дојде од Југот. Кралевите одлучуваат да започнат војна, пред Империјата и понатаму да ги ослаби нивните земји и да ја повратат Цинтра. Тие се свесни дека Императорот ја бара Сири за да се ожени со неа (морганатски) и со тоа да ги добие правата на Цинтра, која сега е под нилфгардска окупација. За да се спречи ова, монарсите одлучуваат да ја пронајдат и убијат Сири.
Девојчето е заштитено од Гералт од Ривија, вештер: магично и генетски мутиран убиец на чудовишта за наем, кој ја носи во замокот на вештерите, Кер Морен. Таму Сири е учена од други вештери, вклучувајќи ги стариот Весимир, Коен, Ескел и Ламберт. Таа учи за чудовишта и како да се бори против нив. Таа е научена да се бори со меч на вештерски начин. За време на нејзиното "образование", волшебничката Трис Мериголд доаѓа во Кер Морен. Таа била повикана од Весимир да му помогне при повременото чудно и абнормално однесување што го видел кај Сири. Трис сфаќа дека Сири е Извор. Таа признава дека нема моќ да го контролира талентот на Сири и го советува Гералт да ја проголта гордоста и да побара помош од Јенефер, поискусната волшебничка и неговата поранешна љубовница.
Во исто време, еден мистериозен волшебник наречен Рианс го бара девојчето. Тој е слуга на помоќен маѓепсник, чиј идентитет останува непознат. Тој го фаќа пријателот на Гералт, поетот Јаскер и го мачи за информации за Сири. Јаскер е спасен со навременото пристигнување на Јенефер, која се впушта во краток волшебнички двобој со Рианс. Рианс успева да избега преку портал што го отворил неговиот господар, но му е направена истакната лузна на лицето од магијата на Јенефер.
На пролет, Гералт го напушта Кер Морен со Трис и Сири, со намера да ја однесе Сири во Храмовото училиште во Еландер, каде што ќе добие "нормално" образование од Ненеке. На патот, Трис се разболува, и тие се придружуваат на џуџестото друштво на Јарпен Зигрин, кој води караван на кралот Хенселт од Кедвен. Гералт и раскажува на Сири за розите на Елирен, виленичка која починала водејќи виленички младинци да се борат против луѓето во безнадежен напад. Караванот е нападнат од Скоја'тел и се открива дека придружnата мисија била стапица поставена од кралевите кои се сомневале во верноста на Јарпен.
Престојот на Сири во Еландер сè уште минува во прогонувачки и вознемирувачки соништа сè до доаѓањето на Јенефер, која започнува да ја образува за начините на магија. Од првичен антагонизам, нивниот однос се развива во силна и длабока врска, како онаа на мајка и ќерка.
Во меѓувреме, Гералт дава се од себе за да им влезе во трага Рианс и неговиот мистериозен работодавец. Со помош на Јаскер, Шани и волшебничката Филипа Ејлхарт, тој присилува конфронтација со Рианс (овој последниот потпомогнат од микелетската четворка на - познати убијци под наем), за време на која и двајцата се повредени. Господарот на Риенс интервенира повторно, отворајќи портал за него, а Гералт е спречен да го гони маѓепсникот од страна на Филипа Ејлхарт, која исто така го убива и последниот преживеан брат Микелет за да не му се обезбеди на Гералт каков било извор на информации што на крајот може да го открие мистериозниот маѓепсник. Гералт е оставен смртно ранет.
Јенефер станала ментор и учител на Сири. Додека тие го напуштаат Храмот училиште во Еландер, Јенефер ја прашува Сири дали на почетокот не ја сакала, што доведува до низа присеќавања што даваат детали за учењата на Цири со Јенефер од денот кога тие биле запознаени и сè до сегашноста како што го напуштаат Храмот. Сири реагира признавајќи дека не и се допаѓала, и тие си заминуваат.
Ликови
уреди- Гералт од Ривија. Вештер, човек кој е претворен во натприроден убиец на чудовишта со внесување на разни мутагени. Иако вештерите ретко се вклучуваат во политика, Гералт презема под своја команда политички бегалец наречен Сири, внука на претходната кралица на Цинтра, кралство уништено од нилфгарѓанските напаѓачи. Тој е протагонист на видео-игрите „Вештерот“, „Вештерот 2: Атентатори на кралеви“ и „Вештерот 3: Див лов“
- Трис Мериголд. Моќна волшебничка и член на Волшебничкото поглавје, Трис има значителна моќ и нејасни мотиви.
- Сирила, Лавчето од Цинтра, е младата внука на починатата и соборена кралица Каланте од Цинтра. Виленичка крв тече низ нејзините вени и таа е гонета поради мистериозната, но опасна моќ што ја поседува.
- Јаскер. Најдобриот пријател на Гералт. Шармантен, познат поет кој исто така е шпион за кралот на Реданија.
- Јенефер од Венгерберг. Уште еден член на Волшебничкото поглавје и повремена љубовница на Гералт. Сметана за помоќна дури од Трис Мериголд, Јенефер е повикана да се обиде и да стекне разбирање за моќта на Сири.
- Филипа Ејлхарт. Висока волшебничка од Волшебничкото поглавје и доверлив советник на кралот на Реданија, заедно со кралскиот надшпиун Сигисмунд Дијкстра. Таа е една од ретките маѓепсници што ја совладале ретката уметност на магична полиморфија, овозможувајќи и да се претвори во був. Таа му помага на Гералт во пронаоѓањето на бунтовниот маѓепсник Риенс, кој ја бара Сири во име на Нилфгард и уште еден помоќен маѓепсник, за кого таа не сака Гералт да знае.
Преводи
уреди- Англиски
- Обединетото Кралство (Виктор Голанц, Ltd, 16 октомври 2008 година)[6]
- Соединетите Држави (Орбит, 28 април 2009 година), преведено од: Данусија Сток. ISBN 978-031-6-02919-3
- Бразилско-португалски (WMF Martins Fontes, 2013)
- Бугарски (InfoDAR/ИнфоДАР 2008)
- Германски (Deutscher Taschenbuch Verlag, 1 ноември 2008 година)
- Естонски (Varrak, 2017),
- Италијански (Editrice Nord, 2012)
- Јапонски (2010)
- Литвански (Eridanas, 2006)
- Руски (AST, 1996)
- Српски (Čarobna Knjiga, 2012)
- Словачки (2016)
- Турски (Pegasus, 2017)
- Унгарски (PlayON, 2013)
- Фински (WSOY, 2012)
- Француски (Bragelonne, 2008)
- Холандски (Luitingh-Sijthoff BV, 2014)
- Хрватски
- Чешки (Леонардо, 1995)
- Шведски (2011)
- Шпански (Bibliópolis, 2003)
Адаптации
уредиВо 2014 година, била објавена полска аудио книга. Имала 79 глумци, музика и посебни ефекти.[7][8]
Прием
уреди„Krew elfów“ била победник на полската Награда Јануш А. Зајдел за најдобар роман по научна фантастика или фантастика во 1994 година. Во 2009 година книгата ја добила Легендарната награда Дејвид Гемел во Обединетото Кралство.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Introducing the Witcher: Explore the Books That Inspired Netflix's New Fantasy Epic“. Посетено на 11 април 2020.
- ↑ „Laureaci Nagrody Fandomu Polskiego im. Janusza A. Zajdla“. Архивирано од изворникот на 2018-08-03. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „David Gemmell Legend Award Winners“. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Blood of Elves (Book, 2008)“. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „How to Read The Witcher by Andrzej Sapkowski – What to Read After You've Watched The Witcher on Netflix“. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Andrzej Sapkowski - Blood of Elves“. The Orion Publishing Group. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Słuchowisko "Krew elfów" – recenzja | Warownia - Wiedźmin“. www.witchersite.pl. Архивирано од изворникот на 2021-12-22. Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „Krew elfów. Tom 1 - Andrzej Sapkowski (audiobook)“. Audioteka.pl.
- ↑ Alison Flood, Gemmell prize for fantasy goes to Polish novel, Blood of Elves, Guardian, петок 19 јуни 2009, посетено на 12 април 2020.
Надворешни врски
уреди- Ник Кларк, Кратен список за Легендарната награда за Дејвид Гемел во 2009 година, втор дел
- Виленичка крв преглед во фантејт
- Преглед во тоталниот Sci-Fi
- Прегледајте во коментарите на фантазиите на Dark Wolf's Fantasy