Малешевски Планини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 31:
 
Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема [[Малешевска Котлина|Беровската Котлина]] се покриени со [[неоген]]и наноси. Преку билото на [[планина]]та минува делумно [[Македонија|македонско]]-[[Бугарија|бугарската]] граница. На највисоките делови се наоѓа изворскиот дел на [[река]]та [[Брегалница]].
 
Во орографските записи на книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]], македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], вбројувајќи ги во источниот планински систем дава опис на ''Малешевските Планини'' преку кои [[Плачковица]], или подобро речено [[Огражден]] е соединета со [[Осогово]] преку една напречна и соединувачка линија долга околу 14 часа, спружена по вододелницата на реката [[Струма]] на право и [[Вардар]] преку неговата лева притока [[Брегалница]]. Некаде снижена, некаде издигната, таа линија ги заградува цело [[Малешево|Малешевско]] и [[Пијанец|Пијанечко]] и се протега паралелно на р. Струма крај самата неа. Целата линија се именува ''Малешевски Планини'',а од нејзините местни имиња како што одиме од југ кон север, се нарекуваат ''Беровска Планина''. Следуваат ''Чија'' и ''Кита'' помеѓу селата [[Ратево]] и [[Лаки]]. Дотука планината иако се снижува како што се протега кон североисток сѐ уште ги зачувува истиот карактер и височина со североисточниот крај на Огражден, од каде што таа започнува. По на североисток од тука, веригата е значително поснижена, пораскината и посоголена.
 
==Галерија==