Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замането со тековен назив на предлошка, replaced: {{Населени места во Општина Новаци}} → {{Општина Новаци}} using AWB
с →‎Географија и местоположба: Стилска исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> using AWB
Ред 31:
Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и [[Сатока]], Зович е поврзано со селото [[Манастир (село)|Манастир]] во прилепскиот дел на [[Мариово]]. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]].
 
На средина од самото село има кладенец со многу питка и студена вода, а во селото има повеќе чешми и извори. Во селото има голем број на оревови и сливови дрвја, смокви, дабови, тополи и нискостеблести грмушки. Атарот на селото Зовиќ зафаќа прилично голем простор од 22,3 км²<sup>2</sup> и административно катастарски е разделен на два дела: Зовиќ I и Зовиќ II.<ref name="енциклопедија" /> Така, атарот на Зовиќ I се допира до просторот на територијата на [[Општина Прилеп]] на север, а атарот на Зовиќ II во кој е расположен на надморска височина од 680 метри се допира со државната граница со [[Грција]] на југ. На атарот преовладуваат пасиштата на површинаод 1.128,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 644,8 ха, а на шумите 257,8 хектари.<ref name="енциклопедија" />
 
Месности и предели во атарот на Зовиќ се: Еленик, Долго Брдо (веднаш на југ од селото), Марита (веднаш на север од селото), Момилот, Булјак, Длабок Дол, Песјо Поле, додека кон Чебрен и Црна се потезите Дункова Стена, Војник, Доќимот Брдо.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ