Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (3) using AWB
с →‎Жан Баптист Сеј: Правописна исправка, replaced: 1930тите → 1930-тите using AWB
Ред 117:
=== Жан Баптист Сеј===
 
Жан Баптист Сеј (Jean-Baptiste Say) (1767 – 1832) бил французин, роден во Лион кој помогнал да се популаризира работата на Адам Смит во Франција. Неговата книга, „ A Treatise on Political Economy“ (1803) содржала краток дел кој подоцна станал ортодоксен за политичката економија сè до појавата на „Големата депресија“ и бил познат како „Пазарното право на Сеј“. Сеј тврдел дека никогаш не може да постои општ дефицит на побарувачка или општа презаситеност на продукти во целата економија. „Луѓето создаваат нешта - рекол Сеј, за попрво да ги остварат нивните потреби, отколку на другите“. Меѓутоа, производството не е прашање на понудата, туку индикација на побарувачката на добра на производителите. Сеј се сложил дека дел од приходот се заштедува од страна на домаќинствата но, на подолг временски период, заштедите се инвестирани. Инвестирањето и потрошувачката се двата основни елементи на побарувачката или причина за „општа презаситеност“ на понудата. Сеј исто така, тврдел дека парите се неутрални, бидејќи нивната единствена улога е да ја олеснуваат размената: меѓутоа, луѓето бараат пари само за да купуваат материјални добра. Сеј рекол дека „парите се превез“. Со цел да ги резимира овие две идеи, Сеј рекол: „производите се разменуваат за други производи“. Во краен случај, ќе постојат различни економски сектори чиишто побарувачки нема да бидат задоволени. Но со текот на времето, понудата ќе се промени, бизнисите ќе се реорганизираат за поинакво производство и пазарот сам ќе се поправи. Пример на „општа презаситеност“ може да биде невработеноста, со други зборови, преголема понуда на работници, а многу малку отворени работни места. Според „правото на Сеј“, ова значи дека постои преголема побарувачка за други производи којашто сама ќе се поправи. Ова претставувало основа на економската теорија сè до 1930тите1930-тите години. „Правото на Сеј“, првпат било изнесено од страна на Џејмс Мил (1773 – 1836) на англиски јазик, а било поддржано од Дејвид Рикардо, Хенри Торнтон и Џон Стјуарт Мил. Меѓутоа, двајца политички економисти, Томас Малтус и Сисмонди, не биле убедени.
 
=== Томас Малтус===