Историја на економската мисла

Историјата на економските теории се занимава со различни мислители и теории што се однесуваат на политичка економија и економија од древниот свет до денешен свет. Таа опфаќа различни школи на економските теории. Древни писатели, како филозофот Аристотел, истражувале идеи за „уметноста“ на стекнување богатство и истражувале дали е подобро приватна или државна сопственост. Во средниот век научниците како Томас Аквински тврделе дека е морална обврска на трговијата да продава добра по праведна цена. Британскиот филозоф Адам Смит е често наведен како татко на модерната економија поради неговата студија „Богатството на нациите“ (“The Wealth of Nations”, 1776). Неговите идеи се основани врз значителен опус од претходниците од 18 век, особено од физиократите. Неговата книга се појави вечерта на Индустриската револуција со големи промени поврзани со економијата. Во наследниците на Смит се вклучени и класични економисти како свештеникот Томас Малтус (Rev. Thomas Malthus), Жан Батист Сеј (Jean-Baptiste Say), Дејвид Рикардо (David Ricardo) и Џон Стјуарт Мил (John Stuart Mill). Тие го истражувале начинот на кој националното производство е реализирано и дистрибуирано помеѓу доселените, капиталистички и работнички класи и ги моделирале резултатите од населението и меѓународната трговија. Во Лондон, Карл Маркс го критикуваше капиталистичкиот систем, кој го опиша како експлоататорски и изолирачки. Околу 1870та, неокласичните економисти се обиделе да подигнат позитивно, математичко и научно втемелено поле врз нормативна политика.

По војните во раниот 20 век, Џон Мејнард Кејнс (John Maynard Keynes) ја предводел реакциијата против она што беше опишано како владино апстинирање од економски работи, застапувајќи интервентна фискална политика за стимулација на економската побарувачка и раст. Со свет поделен помеѓу капиталистите – првиот свет, комунистите – вториот свет и сиромавите од третиот свет, пост-воениот консензус се сруши. Другите како Милтон Фридман (Milton Friedman) и Фридрих Хајек (Friedrich von Hayek) предупредуваа за „Пат до ропството“ (The Road to Serfdom) и социјализам, фокусирајќи ги нивните теории на она што би се постигнало преку подобра монетарна политика и дерегулација. Додека Кејнзијанската политика попушташе во 1970те, се појави таканаречената Нова Класична Школа со истакнати теоретичари како Роберт Лукас (Robert Lucas) и Едвард Прескот (Edward Prescott). Владините економски политики од 1980те беа оспорени и економистите за развој како Амартија Сен (Amartya Sen) и економистите за информација како Џозеф Стиглиц (Joseph Stiglitz) воведоа нови идеи во економската теорија во 21-от век.

Рана економска теорија

уреди

Најраните дискусии за економија дтаираат уште од античко време. Во тоа време и сѐ до индустриската револуција, економијата не била посебна гранка во науката туку дел од филозофијата. Во античка Атина, робовладетелско општество, но и општество кое развива зачетен модел на демократија, книгата на Платон „Република“ содржи упатства до усовршување на работата и производството. Но, неговиот ученик Аристотел е тој што создаде неколку од позначајните аргументи што сѐ уште се во економскиот дискурс.

Аристотел

уреди

Аристотел во своето дело „Политика“ (околу 350 п.н.е.), претежно се интересира за анализа на различни форми на државно уредување ( монархија, аристократија, конституционална влада, тиранија, олигархија, демократија) како критика на Платоновото застапување на владеачката класа од „филозофи-кралеви“. Особено за економистите, Платон изготвил нацрт на општеството врз основа на заедничка сопственост на ресурсите. Аристотел на овој модел гледал како на олигархијска анатема. Во Политика, книга II, дел V, расправа дека,

„Сопственоста треба во извесна смисла да е заедничка, но како општо правило, приватна, бидејќи кога секој би имал различен интерес, луѓето не би се жалеле еден на друг и повеќе ќе напредуваат, затоа што секој ќе биде посветен на сопствениот бизнис... И освен тоа, тука е и најголемото задоволство во правење добрина или услуга на пријатели или гости или сопатници, што е возможно само кога човек има приватна сопственост. Овие предности се изгубени поради прекумереното обединување на државата.“

Иако Аристотел се залагал за тоа дека многу работи може заеднички да се поседуваат, исто така тврдел дека не сѐ може да биде заеднички поседувано, од проста причина „злобата на човековата природа“. „Очигледно е дека е подобро сопственоста да е приватна“, напишал Аристотел, „но, заедничката употреба и посебниот бизнис на законодавецот е да создаде добронамерната природа во човекот“. Во Политика книга I, Аристотел расправа за општата природа на домаќинствата и пазарната размена. Според него постои одредена „уметност на добивка“ или „начин на сткнување богатство“. Единствената цел на парите како такви е средство за размена, што значи само по себе дека „ се безвредни... не се корисни за која било од животните потреби“. Сепак, Аристотел нагласува дека поради тоа што „инструментот“ на парите е ист, многу луѓе се опседнати со обичната акумулација на пари. „Начинот на стекнување богатство“ за едно домаќинство е „неопходно и достоинствено“, додека трговската размена на мало за обичната акумулација е „праведно критикувана, затоа што е нечесна“. Аристотел остро се противел на заемите со енормни камати и бил згрозен од профитирањето преку монополи.

Среден век

уреди

Тома Аквински (1225-1274) е италијански теолог и писател за економски прашања. Предавал во Келн и Париз и бил дел од групата на католички учители познати како Схоластици, кои ги поместија нивните интереси од теологијата до филозофските и научни дебати. Во статијата „Summa Theologica“ Аквински го опфаќа концептот на фер цена, за која смета дека е неопходна за репродукција на социјалниот поредок. Имајќи многу сличности со модерниот концепт на долгорочна рамнотежа, фер цената би требало да биде таа која ќе ги покрива трошоците за производство, вклучувајќи ги и одржувањето на работникот и неговата фамилија. Тој тврди дека е неморално продавачите да ги покачуваат нивните цени просто затоа што купувачите се во огромна потреба за производот.

Аквински обработува повеќе теми во форма на прашања и одговори, значајни области кои се занимаваат со теоријата на Аристотел. Прашање 77 и 78 се однесуваат на прашања од економијата, главно поврзани со тоа што всушност е фер цена и со чесноста на продавачите кои подметнуваат неквалитетна роба. Аквински се противи на секоја форма на мамење и препорачува компензацијата секогаш да се исплаќа во замена за добра услуга. Според неговото мислење, додека човековите закони не можат да наметнат санкции за нефер работење, божествените закони можат. Еден од главните критичари на Аквински е Дунс Скот (1265-1308) во неговото дело „Sententiae“ (1295). Почнувајќи од Дунс, Шкотска, тој предавал и во Оксфорд, Келн и Париз. Скот смета дека е возможно да се биде попрецизен во сметањето на фер цената од Аквински, нагласувајќи ги цените на трудот и трошоците – иако признава дека вторите може да се зголемени од претерување, бидејќи купувачите и продавачите најчесто имаат различни мислења за тоа што се подразбира под фер цена. Според Скот, доколку луѓето немаа корист од одредена трансакција, не би тргувале. Скот ги брани трговците затоа што вршат неопходна и корисна социјална улога, транспортирајќи добра и правејќи ги достапни за јавноста.

Меркантилисти и национализам

уреди

Од локализмот на средниот век феудалните лордови и новите национални основи почнале да се зацврстуваат. Од 1492 година и истражувањата како оние на Кристофер Колумбо, биле отворени нови можности за трговија со Новиот Свет и Азија. Новите моќни монархии сакале да ја зацврстат нивната состојба. Меркантилизмот бил политичко движење и економска теорија која ја препорачала употребата на државната воена сила за да се осигури дека локалните пазари и изворите за набавка се заштитени. Меркантилистичките теоретичари мислеле дека меѓународната трговија нема да им биде од корист на сите земји во исто време. Бидејќи парите и златото биле единствените извори на богатство, имало ограничен квантитет на ресурси за да се поделат помеѓу земјите. Затоа, тарифи треба да бидат искористени за да се охрабри извозот (со значење дека повеќе пари влегуваат во земјата) и да се обесхрабри увозот (односно да се праќа богатството во странство). Со други зборови, треба да се одржува позитивен баланс на трговијата, со суфицит од извозите. Терминот меркантилизам бил создаден кон крајот на 1763 година од страна на Виктор Рикети, маркиз на Марибо и популаризиран од Адам Смит, кој строго се спротивставил на меркантилистичките идеи.

Томас Ман

уреди

Англискиот стопанственик, Томас Ман (1571-1641) во својата книга „Англиското богатство преку трговијата со странство” ја претставува раната меркантилистичка политика. Иако, не била објавена до 1663 година, пред тоа кружела како ракопис. Тој бил член на East India Company и во „Discourse of Trade from England into the East Indies” (1621 година) пишувал за своите тамошни искуства. Според Ман, трговијата бил единствениот начин да се зголеми богатството на Англија (т.е. националното богатство) и во потрага по таа цел тој предложил неколку насоки на дејствување. Важне биле умерената потрошувачка за да се зголеми количината на добра достапни за извоз, да се зголеми обработката на земја и други природни домашни ресурси за да се намали увозот, намалување на царината за извозот на добрата кои се произведени во државата од странски материјали и извозот на добра со непопустлива побарувачка затоа што повеќе пари можат да се заработат од повисока цена.

Филип фон Хорник

уреди

Филип фон Хорник (1640-1712 година, понекогаш се спелува како Хорник или Хорнек) е роден во Франкфурт на Мајна и станал австриски службеник и пишувал во време кога неговата земја била под постојана закана од Отоманска инвазија. Во „Австрија над сите, кога би била” (1864) тој ја истакнал една од најјасните изјави на меркантилистичката политика. Тој набројал девет основни правила за национална економија.

„Да се истражувата почвата во државата со огромна грижа и да не се занемарат земјоделските можности од ниеден агол или грутка земја... Сите комодитети пронајдени во државата, кои не можат да се користат во својата природна состојба, треба да бидат обработени во рамките на земјата... Треба да се обрати внимание на населението кое треба да биде толку големо колку што земјата може да издржи... Златото и среброто под никакви услови не смеат да се извадат надвор за кои било цели... Жителите треба да прават напори за да домашните производи им бидат доволни... Странските стоки не треба да бидат заменети за злато и сребро, туку за домашни производи... и треба да бидат увезени во недовршена форма и да се доработат во државата... И дење и ноќе треба да се изнаоѓаат можности за да се продадат непотребните добра на земјата на овие странци во преработена форма... Под никакви услови не треба да е дозволен увоз ако дома има доволно залиха со соодветен квалитет.

Жан-Батист Колберт

уреди

Жан-Батист Колберт (1619-1683) бил министер за финансии под власт на крал Луј XIV од Франција. Тој постави национални здруженија за да ги регулира повеќето индустрии. Свила, лен, таписерија, производство на мебел и вино биле примери за работите по кои Франција била позната и за кои било потребно членство во здружение во кое ќе функционираат. Вака останало сè до француската револуција. Според Колберт едноставно и единствено изобилството на пари внатре во државата ја прават разликата во нејзината величественост и моќ.

Британско просветлување

уреди

Британија во текот на 17 век поминала низ најпроблематичните времиња, издржала не само политичка и религиозна поделба во англиската Граѓанска војна, погубувањето на крал Чарлс I и диктатурата на Кромвел, туку ги преживеела и чумите и пожарите. Монархијата била повторно вратена под власт на Чарлс II, кој имал католички симпатии, но неговиот наследник кралот Џејмс II набргу бил одстранет од престолот. Поканети на неговото место биле протестантите Вилијам Орански и Мери, кои се сложиле со Декларацијата на правата (Bill of Rights, 1689), осигурувајќи се дека парламентот е доминантен и што подоцна стана познато како Славната Револуција (Glorious Revolution). Немирот вродил голем број научни достигнувања со огромно значење, вклучувајќи го и октритието на Роберт Бојл за константата на гасниот притисок (1660) и објавувањето „Philosophiae Naturalis Principia mathematica” на Исак Њутн во 1687, каде ги опишал трите закони за движење и неговиот закон за универзална гравитација. Сите овие фактори го поттикнале напредокот на економската мисла. На пример, Ричард Кантилон (1680-1734) свесно ги имитирал Њутновите сили на инерција и гравитација во природниот свет со човечка свест и натпреварување на пазарите во економскиот свет. Во неговиот „Essay on the Nature of Commerce in General”, тој расправа за рационалниот сопствен интерес во систем на слободно прилагодени пазари би довеле до ред и заеднички компатибилни цени. Меѓутоа, наспроти меркантилистичките мислења, богатството не било пронајдено во трговијата туку во човечкиот труд. Првата личност која ги поврзала овие идеи во политички рамки бил Џон Лок.

Џон Лок

уреди

Џон Лок (1632-1704) е роден во близина на Бристол и се образувал во Лондон и Оксфорд. Тој се смета за еден од најзначајните филозофи од неговото време главно поради критиката на одбраната на апсолутозмот на Томас Хобс во „Lavithan” (1651) и за развојот на теоријата за социјален договор. Лок верувал дека луѓето се собрале во општество кое било обврзано да ги заштити нивните права на имот. Тој општо дефинирал дека имотот ги вклучува животот и слободата на луѓето, како и нивното богатство. Кога луѓето го споиле својот труд со околината, тие ги создале правата на имотот. Со негови зборови од неговата „Second Treatise on Civil Government” (1689 година),

Господ им го дал светот на сите луѓе подеднакво... Така да секој човек има имот во своја лична сопственост. За телесната работа и рачниот труд можеме да кажеме дека се на личноста што ги врши. Тогаш тој го отстранува од состојбата во која природата го создала и го оставила како такво, го вложува неговиот труд во него и му вметнува нешто што е негово и така го претвора во негова сопственост. Лок дискутирал дека владата не треба само да го прекине мешањето со имотите на луѓето (или нивните животи, слободи и недвижности), туку дека треба позитивно да работи за да ја обезбеди нивната заштита. Неговите погледи за цените и парите биле напишани во писмо за член на Парламентот во 1691 година под наслов Разгледување на последиците од намалувањето на каматата и покачување на вредноста на парите. Овде Лок дискутира дека „цената на секое добро расте и опаѓа пропорцинално со бројот на купувачи и продавачи“, правило кое „важи исто за сè што сака да се купи или продаде“.

Дадли Норт

уреди

Дадли Норт (1641-1691) бил богат трговец и земјопоседник. Тој работел како службеник во Министерството за Финансии и бил против повеќето меркантилистички политики. Во неговата „Discourses upon trade” (1691), која анонимно била објавена, тој дискутира дека претпоставката за потребата од погоден баланс на трговијата бил погрешен. Трговијата, тврдел тој, им користи и на двете страни, ја промовира специјализацијата, поделбата на трудот и го зголемува богатството на сите. Регулацијата на трговијата се вмешува со овие бенефиции со намалување на приливот на богатство.

Дејвид Хјум

уреди

Дејвид Хјум (1711-1776) се согласува со филозофијата на Норт и ги напаѓа меркантилистичките претпоставки. Неговите придонеси биле запишани во „Political Discources” (1752), подоцна вметнат во неговата „Essays, Moral, Political, Literary” (1777). Додадено на фактот дека било непожелно да се залага за погоден баланс на трговијата Хјум рекол дека во секој случај е невозможно. Хјум рекол дека секој суфицит на извоз кој можеби е достигнат би бил платен од страна на увозителите со злато и сребро. Ова би ја покачила набавката на пари, и цените би пораснале. Тоа би предизвикало пад во извозот сè до обновувањето на балансот на увоз.

Теорија на обрт

уреди

Слично разочаран од регулацијата на брендовите инспирирана од меркантилизмот, французинот по име Винсент де Гурне (1712-1759) е познат по прашањето, зошто е толку тешко да се има laissez faire, laissez passer (слободно претпријатие, слободна трговија). Тој е еден од првите физиократи, грчки збор што значи „владеење на природата“, кој сметаше дека земјоделието е изворот на богатство. Како историчар Дејвид Б. Данбом напишал дека Физиократите „ги критикуваат градовите поради нивната извештаченост и ги заменуваат со поприроден начин на живеење“. Тие многу ги ценеа земјоделците. Кон крајот на 17ти и почетокот на 18 век се достигнаа големи напредувања во природните науки и анатомија, вклучувајќи ја и циркулацијата на крвта низ човечкото тело. Овој концепт е одсликан во економската теорија на физиократите, заедно со поимот за теорија на приход низ економијата.

Франсоа Кене (1964-1774) бил дворски лекар на крал Луј XV од Франција. Тој верувал дека трговијата и индустријата не се извор на богатство и наместо тоа во неговата книга „Tableau économique“ (1758), расправа дека земјоделските вишоци, со приливот на економијата во вид на наеми, плати и нарачки. Пред сѐ, Кене тврди дека регулацијата го попречува приливот на приходи во сите социјални класи, а со тоа и економскиот развој. Потоа, даноците на продуктивната класа, како земјоделците, треба да се намалат со цел да се зголемат даноците на непродуктивната класа, како земјопоседниците, бидејќи нивниот луксузен начин на живот го нарушува приливот на приходи.

Шак Турго (1727-1781) е роден во Париз, од стара норманска фамилија. Негово најпознато дело „Réflexions sur la formation et la distribution des richesses“ (1766, Одраз на формацијата и дистрибуцијата на богатството), ја разработува теоријата на Кене дека земјата е единствениот извор на богатство. Според Турго општеството се дели на три класи: производно-земјоделска класа, платена занаетчиска класа (classe stipendice) и земјопоседничка класа (classe disponible). Турго тврди дека единствено на нето производот од земјените посеви треба да има данок и е за целосна слобода на трговијата и индустријата. Во Август 1774, Турго е назначен за министер за финансии и во период од две години воведе бројни анти-трговски и анти-феудални мерки поддржани од Кралот. Во неговите водечки принципи доставени до Кралот спаѓаат и „да нема банкрот, покачување на даноците, позјмици“. Најголемата желба на Турго била да има единствен данок на земјените посеви, а сите други даноци да се укинат. Но, мерките што ги преложил пред тоа, дошле до жесток судир со интересите на земјопоседниците. Особено два едикти, од кои едниот е за потиснување на corvées (трошоците на земјоделците кон аристократите), а другиот ги укинува привилегиите што ги имаат здруженијата, ги разбрануваа влијателните кругови. Бил принуден да ја напушти канцеларијата во 1776.

Богатството на народите

уреди

Адам Смит (1723-1790) се смета како татко на модерната политичка економија. Неговото објавување на “Истрага за природата и причините за богатството на народите”во 1776 се совпаѓа не само со американската револуција, кратко време пред европските пресврти на француската револуција, но исто така и почетокот на новата индустриска револуција што дозволува да се стекне многу поголемо богатство од кога било порано. Смит бил шкотски морален филозоф, чие деби била “теоријата на моралните чувства” (1759). Тој тврди дека етички системи на луѓето се развиваат преку лични релации со други лица, така што смислата на правилно и погрешно се можат да се видат во одредени реакции на нечие однесување. Со тоа Смит се здоби со поголема популарност отколку со неговото следно дело: Богатството на народите, кое што во почетокот беше игнорирано од јавноста. Сепак, политичко економскиот магнум опус беше успешен во круговите што се битни.

Објаснување

уреди

Вилијам Пит, премиер на ториевците, во доцните 1780-ти ги базираше неговите даночни предлози за идеите на Смит и се залагаше за слободна трговија како вистински следбеник на Богатството на народите. Смит беше назначен за комесар на царини и во рок од 20 години Смит имаше следбеници од новата генерација на писатели кои имаа намера да ја изградат науката на политичката економија. Смит изрази склоност кон мислењата на Едмунд Бурк, познат на широко како политички филозоф, член на парламентот. Бурк е единствениот човек што некогаш сум познавал кој мисли за економските теми исто како мене без претходно да има комуникација помеѓу нас.

Бурк бил изграден политички економист со својата книга “Мисли и детали за недостатокот” Тој остро ја критикуваше либералната политика и ја осуди француската револуција која почна во 1789 година. Во одраз на француската револуција тој напишал дека “периодот на витештвото” заврши и дека софистичарите, економистите и пресметувачите успеаа и дека славата на Европа е згасната засекогаш. Современите влијанија на Смит ги вклучува Франсоа Кене и Жак Турго кои ги запознал во Париз, и Дејвид Хјум , неговиот шкотски колега. Со тек на време се појави заедничка потреба меѓу мислителите за да се објаснат социјалните пресврти за време на индустриската револуција и навидум во хаос без феудални и монархистички структури на Европа и тие покажуваат дека сепак постои ред.

Невидливата рака

уреди

„Нашата вечера не ја добиваме поради добронамерноста на месарот, пиварот или пекарот, туку поради нивните сопствени интереси. Ние освртуваме не до нивната хуманост туку до нивното самољубие и никогаш не разговараме со нив за нашите сопствени потреби туку за нивните предности.“ - Познатата изјава на Адам Смит за сопствен интерес.

Смит се залагал за “систем на природна слобода” каде поединечните напори ќе придонесат за социјално добро. Смит верува дека дури и себичните во општеството се држат под контрола и ограниченост, и работат за доброто на сите кога дејствуваат во конкурентен Пазар. Цените често се лажна слика за вистинската вредност на стоките и услугите. Исто како и Џон Лок, Смит мислел дека вистинските вредности на нештата произлегуваат од износот на трудот вложен во нив.

„Секој човек е богат или сиромашен во зависност од степенот во кој тој може да си дозволи да ужива во потребите како и забавата во животот. Но, по поделбата на трудот која темелно си го заземала местото, работната сила на поединците била само мал дел од таа што е потребна да се добие тоа. Далеку поголемиот дел од нив, мора да се изведе од трудот на другите луѓе и човек ќе биде богат или сиромашен во зависност од големината на трудот со кој може да располага или кој може да си дозволи да го плати. Оттука вредноста на кои било добра, за личноста што ги поседува и нема намера самиот да ги користи или конзумира туку да ги размени со други добра е еднакво на количината на вложен труд што му овозможува да купува или располага. Трудот според тоа е вистинска мерка на разменливи вредности на сите артикли. Реалната цена на нештата што човек сака да ги има е маката и проблемот за нивно стекнување.

Кога касапите,пиварите и пекарниците дејствуваа под контрола и ограничување на отворената пазарна економија, нивното тежнеење кон сопствен интерес, смета Смит, парадоксално го носи процесот кон изедначување на реалните животни трошоци со нивните фер вредности. Неговата класична изјава за конкуренцијата е следнава: „Кога количината на секоја стока која ја има на пазарот паѓа на делотворна побарувачка, сите оние кои се подготвени да платат... не може да се испорача бараната количината... нејои од нив се спремни да дадат и повеќе. Конкуренцијата ќе започне помеѓу нив а пазарната цена ќе се зголеми... Кога количината што ја има на пазарот ја надминува делотворната побарувачка, таа не може да се продаде на оние кои се спремни да ја платат целата вредност на наемот, платите и профитот, која мора да се плати за да се насочи кон.. пазарната цена ќе потоне...“

Смит верува дека пазарот го произведува она што тој го нарекува “напредокот на богатството”. Во ова е вклучен синджир на концепти, дека поделбата на трудот е двигател на економската ефикасност но сепак, тоа е само ограничување на процесот на проширување на пазарите. И поделбата на трудот и пазарното проширување барат поинтензивна акумулација на капиталот од страна на претприемачите и водачите на бизнисот и индустријата. Целиот систем е дополнет со одржувањето на безбедноста на имотните права.

Ограничувања

уреди

Првата насловна страна на Адам Смит. Визијата на Смит за слободна пазарна економија, заснована на обезбедување на имотот, акумулација на капитал, проширување на пазарите и со поделбата на трудот се спротивставуваат со меркантилистичкита тенденција која се обидува да ги „регулира сите зли човечки дејствија“. Смит верува дека имало токму три легитимни функции на власта. Првата функција била...

„... подигнување и одржување на одредени јавни работи и јавни институции што никогаш не може да биде во интерес на било кој поединец или мал број на поединци, да се исправи и одржи.. секој систем кој се труди... за да привлече кон посебни видови на индустријата поголем удел на капиталот на општеството од она што во нормални услови би се распределило... стагнираат наместо да го забрзат напредокот на општеството кон вистинско богатство и големина.“

Во прилог на потребата од јавно водство во одредени сектори, Смит тврди, второ дека картелите беа непожелни поради нивниот потенцијал да го ограничат производството и квалитетот на стоките и услугите. Трето, Смит ја критикуваше владината поддршка на каков било вид на монопол кој секогаш ја наплаќа највисоката цена „која може да се исцеди од купувачите„. Постоењето на картели и монопол што подоцна ќе ја формира сржта на политиката на законот за конкуренција, би можеле да ги нарушат придобивките на слободните пазари во корист на бизнисот на сметка на суверенитетот на потрошувачите.

Класична политичка економија

уреди

Класичните економисти беа наведени како група за првпат од страна на Карл Маркс. Еден обединувачки дел од нивните теории беше работничката теорија на вредноста спротивставувајќи се на вредноста која произлегува од општата рамнотежа на понудата и побарувачката. Овие економисти први ја виделе економската и социјална трансформација донесена со индустриската револуција: рурална депопулација, несигурноста, сиромастијата, привид на работничката класа. Тие се прашуваа за порастот на населението бидејќи демографската транзиција започнала во тоа време во Велика Британија. Тие исто така поставија повеќе фундаментални прашања во врска со изворот на вредности, причините за економскиот раст и улогата на парите во економијата. Тие ја поддржуват слободната пазарна економија тврдејќи дека тоа е природен систем којсе базира врз слободата и сопственоста. Меѓутоа овие економисти беа поделени и не претставуваа унифициран тек на размислување.

Забележителен тек во класичната економија била теорија заснована на претпоставка, како разработена од школата во бирмингем и Малтус во почетокот на 19 век. Тие бараа владино дејствување за ублажување на невработеноста и економските падови што беше интелектуален претходник на она што подоцна стана кејнзијанска економија во 1930-тите. Друга значајна школа беше капитализмот на манчестер, која се залагаше за слободна трговија, наспроти претходната политика на меркантилизмот.

Џереми Бентам

уреди

Џереми Бентам (1748-1832) е можеби најрадикалниот мислител на своето време, и го разви концептот на утилитаризам. Бентам беше атеист, затворски реформатор, активист за правата на животните, верник во универзалното право на глас, слобода на говор, слободната трговија и здравственото осигурување во време кога само неколку се осмелија да ги дискутираат. Тој беше ригорозно школуван од рана возраст завршувајќи универзитет и да се активира во правниот сектор уште на 18 години. Неговата прва книга „Фрагмент на владата“ ( 1776) е објавена анонимно бесе остра критика на „коментари на законите во Англија“ на Вилијам Блекстон. Ова доби широк успех сè додека не се откри дека всушност младиот Бентан е негов автор, а не некој почитувани професор. Во „Принципи на моралите и законодавството“ (1791) Бентам ја изнесе својата теорија за комунални услуги.

Целта на законската политика мора да се стреми кон тоа да се намалат бедата и страдањата колку што е можно повеќе и да се зголеми среќата на највисоко можно ниво. Бентам дури дизајнира и сеопфатна методологија за пресметка на агрегатна среќа во општеството со посебен закон за производствена анализа. Општеството, тврди Бентам, не е ништо повеќе од вкупниот број на поединци така што ако некој има за цел да произведе нето социјално добро тогаш треба само да се осигура дека се доживува поголемо задоволство насекаде, отколку болка, без оглед на броевите. На пример предложен е законот да се направи секој автобус во градот да е пристапен за инвалиди, но да се движи по бавно од своите претходници, како резултат на новиот дизајн. Милиони корисници на автобуси имаат мала количина на незадоволство или “болка”со зголемување на сообраќајот и патувањето, но еден мал дел на луѓе со инвалидски колички ќе ја доживеат огромната сума на задоволство да бидат во можност да фатат јавен превоз, кој го надминува вкупното незадоволство од другите корисници. Интерперсоналните споредби на комуналните услуги им беа дозволени од страна на Бентам, идејата дека огромното задоволство на еден човек може да се смета повеќе од болката на многу други. Многу критичари подоцна покажаа дека ова може да биде изопачено, на пример дали производствената анализа би дозволила многу среќен диктатор да го надмине коритото на бедата на неговите експлоатирани. И покрај методологијата на Бентам се појавија сериозни пречки во мерењето на среќата кај луѓето.

Жан-Батист Сеј

уреди

Жан-Батист Сеј (Jean-Baptiste Say) (1767 – 1832) бил Французин, роден во Лион, кој помогнал да се популаризира работата на Адам Смит во Франција. Неговата книга, „ A Treatise on Political Economy“ (1803) содржала краток дел кој подоцна станал ортодоксен за политичката економија сè до појавата на „Големата депресија“ и бил познат како „Пазарното право на Сеј“. Сеј тврдел дека никогаш не може да постои општ дефицит на побарувачка или општа презаситеност на производи во целата економија. „Луѓето создаваат нешта - рекол Сеј, за попрво да ги остварат нивните потреби, отколку на другите“. Меѓутоа, производството не е прашање на понудата, туку индикација на побарувачката на добра на производителите. Сеј се сложил дека дел од приходот се заштедува од страна на домаќинствата но, на подолг временски период, заштедите се инвестирани. Инвестирањето и потрошувачката се двата основни елементи на побарувачката или причина за „општа презаситеност“ на понудата. Сеј исто така, тврдел дека парите се неутрални, бидејќи нивната единствена улога е да ја олеснуваат размената: меѓутоа, луѓето бараат пари само за да купуваат материјални добра. Сеј рекол дека „парите се превез“. Со цел да ги резимира овие две идеи, Сеј рекол: „производите се разменуваат за други производи“. Во краен случај, ќе постојат различни економски сектори чиишто побарувачки нема да бидат задоволени. Но со текот на времето, понудата ќе се промени, бизнисите ќе се реорганизираат за поинакво производство и пазарот сам ќе се поправи. Пример на „општа презаситеност“ може да биде невработеноста, со други зборови, преголема понуда на работници, а многу малку отворени работни места. Според „правото на Сеј“, ова значи дека постои преголема побарувачка за други производи којашто сама ќе се поправи. Ова претставувало основа на економската теорија сè до 1930-тите години. „Правото на Сеј“, првпат било изнесено од страна на Џејмс Мил (1773 – 1836) на англиски јазик, а било поддржано од Дејвид Рикардо, Хенри Торнтон и Џон Стјуарт Мил. Меѓутоа, двајца политички економисти, Томас Малтус и Сисмонди, не биле убедени.

Томас Малтус

уреди

Томас Малтус (Thomas Malthus) (1766 – 1834) бил „конзервативен“ министер во парламентот на Обединетото Кралство кој, за разлика од Бентам, верувал во строго воздржување на државата од општествените заболувања. Малтус, последното поглавје од својата книга „Principles of Political Economy“ (1820) го посветил на побивање на „правото на Сеј“ и тврдел дека економијата би можела да стагнира со недостаток на „делотворна побарувачка“. Со други зборови, платите, доколку се помали од целосните трошоци за производство, нема да можат да го откупат целосниот износ на индустријата и дека ова ќе предизвика опаѓање на цените. Падот на ценитего намалува стимулот за инвестирање и дека кривата би можела да продолжи до бесконечност. Меѓутоа, Малтус е повеќе прочуен по неговото поранешно дело, „An Essay on the Principle of Population“. Во ова дело се тврди дека интервенирањето било невозможно поради два фактора. Според Малтус, „Храната е неопходна за опстанокот на човештвото“. „Страста помеѓу половите е неопходна и ќе остане речиси во првобитната состојба“, додал Малтус, со значење дека „моќта на населението е бесконечно поголема отколку моќта во Земјата, за создавање опстанок за човештвото“. Меѓутоа, порастот на населението е проследен со „мизерија и пороци“. Секој пораст на платите за масите ќе предизвика само приврмен пораст на населението кој поради ограничувањата на понудата на Земјиното производство ќе предизвика мизерија, пороци и соодветно прилагодување кон извоеното население. Меѓутоа, повеќе работа би можело да знаќи и поголем економски пораст, кој би бил производ од создавањето на капитал.

Дејвид Рикардо

уреди

Дејвид Рикардо (David Ricardo) (1772-1823) е роден во Лондон. На 26 годишна возраст, тој станал богат трговец на берзата и си обезбедил гласачка единица во Ирска за да добие место во „Долниот дом“ во парламентот на Велика Британија. Најпознато дело на Рикардо е „Principles of Political Economy and Taxation“ коешто содржи критики за ограничувањата во меѓународната трговија и опис на начинот на кој е распореден приходот на населението. Рикардо правел разлика помеѓу работниците кои добивале плата, доволна за преживување, земјопоседниците кои добивале наемнина и капиталистите кои имале капитал и добивале профит, како додатен приход. Доколку населението се зголеми, неопходно е да се обработува додатна почва чијашто плодност, е послаба од онаа на веќе обработените полиња, поради законот на намалена продуктивност. Меѓутоа, трошоците за производство на жито се зголемуваат како и цената на житото: исто така се зголемуваат и наемнините, платите и индексот на инфлација (бидејќи мора да се дозволи и работниците да преживеат) исто така. Профитите се намалуваат, сè додека капиталистите не можат да инвестираат. Според Рикардо, економијата е создадена да стреми кон една стабилна состојба.

За да ја одложи стабилната состојба, Рикардо се залага за промовирање на меѓународната трговија за увоз на жито со пониска цена со цел да им се спротивстави на земјопоседниците. Законите за житата во В.Б. биле изгласани во 1815 година со создавање на променлив систем на тарифи за стабилизирање на цената на житото на домашниот пазар. Според Рикардо, високите тарифи, освен што требало да ги зголемат приходите на фармерите, ќе овозможат само пораст на цените на наемнините коишто одат во џебовите на земјопоседниците. Понатаму, ќе биде потребна поголема работна сила што води кон пораст на платите во земјата и со тоа ќе се намали извозот и профитот од прекуокеанските бизниси. Економијата за Рикардо, претставува нераскинлива врска помеѓу трите фактори („фактори на производство“): земја, труд и капитал. Рикардо математички демонстрирал дека придобивките од трговијата би можеле да ги надминат истакнатите придобивки од протекционистичката политика. Според идејата за компаративна придобивка, дури ако една земја не произведува доволно средства за разлика од друга, сè уште може да биде во добивка со отворање на границите со што приливот на средства произведени поевтино од дома, создава придобивка за домашните потрошувачи. Тогаш, според Рикардо, овој концепт би довел до промена на цените, со што Англија би произведувала материјални добра за кои нивните компаративни придобивки биле највисоки.

Џон Стјуарт Мил

уреди

Џон Стјуарт Мил (John Stuart Mill) (1806-1873) бил доминантна фигура на политичката економска мисла на неговото време, а исто така бил и член на парламентот, како претставник на Вестминстер и водечки политички филозоф. Мил бил чудо од дете, на 3 годишна возраст почнал да чита за Стара Грција и бил строго подучуван од неговиот татко Џејмс Мил. Џереми Бентам бил негов ментор и близок семеен пријател, а пак Дејвид Рикардо имал огромно влијание врз него. Записите на Мил „Principle of Political Economy“, биле објавени во 1848 година и ова претставувало суштинско резимирање на економската мудрост на средниот XIX век. До почетокот на XX век, ова негово дело се користело како стандарден текст во голем број универзитети. За прашањето за економскиот пораст, Мил се обидел да пронајде некоја средина помеѓу сфаќањата на Адам Смит за секојдневното проширување на можностите за трговија и технолошки иновации и сфаќањата на Томас Малтус за инхерентните граници на населението. Во неговата четврта книга, Мил повеќе се задржал на истакнувањето на неколку можни идни исходи , отколку на предвидување на еден единствен исход. Првата теорија се засновала на сфаќањата на Малтус дека населението растело побрзо од понудата, што водело до помали плати и зголемени профити. Втората теорија се засновала на сфаќањата на Смит кој тврдел дека доколку капиталот се зголемува побрзо од населението, тогаш вистинските плати ќе се зголемат. Третата, според Дејвид Рикардо, доколку капиталот и населението се зголемуваат во исто време, а технологијата остане стабилна, тогаш нема да има промена во платите бидејќи понудата и побарувачката на работа ќе остане иста. Меѓутоа, со зголемување на населението ќе се создаде потреба од повеќе обработлива површина, ќе се зголемат трошоците за производство на храна, а профитите ќе се намалат. Според четвртата теорија на Мил, технологијата ќе напредува побрзо од населението и обичните акции ќе се зголемат. Резултатот би бил, просперитетна економија. Мил најмногу ја поддржувал третата теорија и сметал дека напредокот на технологијата ќе морал некогаш да стагнира. Но, Мил се колебал во врска со континуираниот пораст на економијата.

„Признавам дека не сум воодушевен со тоа што идеалот на живеење е раководен од оние кои мислат дека нормална состојба на човечките суштества е да се борат за опстанок; дека меѓусебното тупкање, смачкување, туркањети газење, со што се создава постоечкиот тип на општесствен живот, се најмногу посакувано богатство за човекот или сè, освен неусогласени симптоми на една од фазите на индустрискиот прогрес.“ – Џон Стјуарт Мил

Мил, исто така, е познат по тоа што бил првиот кој за понудата и побарувачката зборувал како за една поврзаност отколку како за огромно количество на добра на пазарите, концептот на опортунитетниот трошок и отфрлањето на доктрината за обемот на приход.

Капитализмот и Маркс

уреди

Исто како што поимот „меркантилизам“ бил популаризиран од страна на критичарите како Адам Смит, исто така, поимот „капитализам“ или „Kapitalismus“ се користел од неговите дисиденти како Карл Маркс. Карл Маркс (Karl Marx) (1818-1883) бил и на некој начин сè уште ќе остане супериорен социолог и економист. Неговата комбинација од политичка теорија претставена во „Communist Manifesto“ и дијалектичката теорија за историјата, инспирирана од Фридрих Хегел, ја создала револуционерната критика на капитализмот во XIX век, од негова гледна точка. Социјалистичкото движење на коешто се придружил и Маркс, се појавило како последица на ситуацијата на луѓето во новата индустриска ера и класичната економија што била дел од неа. Тој го напишалнеговото ремек-дело „Das Kapital“ во библиотеката на Британскиот музеј.

Објаснување

уреди

Роберт Овен (Robert Owen) (1771-1858) бил индустријалец кој бил решен да ги подобри условите на неговите работници. Тој купил текстилни погони во Њу Ланарк, Шкотска и забранил децата под десет години да работат, создал работно време од 6:00 до 19:00 и обезбедил вечерни школи за децата откако ќе завршеле со работа. Ваквите оскудни мерки имале суштинско значење за напредокот и неговиот бизнис можел да поднесе поголемо производство, иако неговите плати биле пониски од државниот просек. Тој ја издал својата визија „The New View of Society“ (1816) за време на изгласувањето на актите за фабриките но, негвиот обид од 1824 година, да создаде нова општествена утопија во Њу Хармони, Индиана, неславно завршил. Еден од оние кои имале влијание врз Маркс, бил францускиот филозоф Пјер Проудон. Иако бил длабоко критичен кон капитализмот, тој исто така, им се спротивставил на оние современи социјалисти кој ја идолизирале задругата. Во неговата книга „The Philosophy of Poverty“, Поудон извршил политичко-економски напад врз класичната, егзистенцијална теорија на приходи (1846). Во неговата книга „What is Property“ (1840), тој тврди дека имотот е „кражба“, поинаков став од оној на Мил кој напишал: „делумното оданочување е послаба форма на грабеж“. Меѓутоа, пред крајот на неговиот живот, Проудон променил некои од своите поранешни гледишта. Во посмртно објавената книга „Theory of Property“, тој истакнал дека „имотот е единствена сила што може да дејствува како противтежа на државата“. Фридрих Енгелс, публициран радикален автор, ја издал книгата под наслов „The Condition of the Working Class in England in 1844“ во која местоположбата на луѓето ја опишува како „највидливата кулминација на општествената мизерија на денешницата“. По смртта на Маркс, Енгелс го завршил вториот дел на книгата „Das Kapital“ од неговите забелешки.

Das Kapital

уреди

Карл Маркс ја започнува „Das Kapital“ со концептот за материјалните добра. Според Маркс, пред капиталистичките општества, начинот на производство се засновал на ропството (на пр.: во Стариот Рим) за потоа да се создаде феудалната закрепостеност (на пр.: во средовековна Европа). Со напредокот на општеството, економските стеги се олабавиле но, актуелната серија на размена на трудот создала исто толку настрана и нестабилна состојба којашто ги создала условите за револуција. Луѓето купуваат и продаваат работна сила, исто како што купуваат и продаваат материјални добра и услуги. Луѓето самите претставуваат расположливи средства. Како што напишал во „Communist Manifesto“,

„Историјата на целото досега постоечко општество е историја за борбата на класите. Слободни луѓе и робови, патриции и плебци, господари и слуги, занаетчии и калфи, со еден збор, угнетувачи и угнетени, се наоѓале во постојана спротивставеност едни со други... Модерното буржоазиско општество коешто се издигнало од остатоците на феудалното општество, не го прекинало класното непријателство. Тоа создало нови класи, нови состојби на угнетување и нови начини на борби на место на старите.“ И понатаму, од првата страна на „Das Kapital“,

„Богатството на оние општества во кои преовладува капиталистичкиот начин на производство, се претставуваат себеси како „голем збир на средства“, нивната заедница како единствено материјално добро.“ Од тука, нашата истрага мора да продолжи со анализа на материјалното добро.

Употребата на Маркс на зборот „комодитет“ или материјално добро, е образложено во една опширна метафизичка дискусија за природата на материјалното богатство, како се перцепирани предметите на богатството и како се користат истите. Концептот на комодитетот е спротивен на предметите од природниот свет. Кога луѓето ќе ја поврзат својата работа со предмет, тој станува „комодитет“. Во природата постојат дрва, дијаманти, железна руда и луѓе. Во економскиот свет, тие стануваат столови, прстени, фабрики и работници. Меѓутоа, според Маркс, комодитетите имаат двојна природа, двојна вредност. Тој прави разлика помеѓу употребната вредност и вредноста на разменување кои може да бидат потполно различни. Според Маркс, следејќи ги класичните економисти во теоријата за вредноста на трудот, вредноста на употреба на нешто произлегува од вложениот труд за неговото производство. Меѓутоа, Маркс не верувал дека само трудот бил извор на употребната вредност на нештата. Тој верувал дека вредноста исто така, може да произлезе од природните добра и ја усовршил својата дефиниција за употребната вредност во „неопходно општествено работно време“ (времето коешто им било потребно на луѓето да произведат нешто, кога не се мрзливи или неефективни). Понатаму, луѓето субјективно ја зголемиле вредноста на нештата, на пример бидејќи постои фетиш кон светкавите дијаманти и врските помеѓу угнетувачките моќи инволвирани во производството на добра. Овие два фактори предизвикале огромна разлика во вредностите на размената. Поврзаноста на угнетувачката моќ, според Маркс, сама внесувајќи разлика во употребата/размената на трудот, во работните договори, произлегува од фактот дека работодавците ги плаќаат своите вработени помалку во „разменлива вредност“ отколку што тие произведуваат „употребна вредност“. Разликата го создава профитот на капиталистите, или во терминологијата на Маркс, „вишок на вредност“. Меѓутоа, според Маркс, капитализмот е систем на експлоатација.

Од работата на Маркс произлегла и теоријата на вредност на трудот која класичарите ја искористиле против него. Неговата мрачна иронија навлегува сè подлабоко со прашањето за тоа кое е општественото неопходно работно време за производство на самиот труд (т.е. работници). Маркс одговара дека ова е минимумот за луѓето да опстојат и да се размножуваат со особини неопходни за економијата. Оттука, луѓето се оддалечени од двете, плодовите од производството и разбирањето на својот потенцијал, психолошки, преку нивната угнетена позиција во пазарот на трудот. Но, бајката раскажана заедно со екплоатацијата и оттуѓувањето е онаа за зголемувањето на капиталот и растотна економијата. Работодавачите се под постојан притисок на конкурентноста на пазарот која ја отежнува нивната работа и на границите на инвестирање на технологија за замена на работниците (на пр.: пакувач со робот). Ова ги зголемува профитите и го проширува зголемувањето но, само во корист на оние кои имаат приватен имот со ваков начин на производ. Работничката класа во меѓувреме, се соочува со постојана мизерија, поради екплоатирањето на производот од нивниот труд и оддалечувањето од алатките за производство. И поради отпуштањето од работа, тие остануваат невработени лица. Маркс верувал дека резервна армија на невработени ќе расте сè повеќе и повеќе и ќе врши надолен притисок врз приходите, бидејќи очајните луѓе прифаќаат работа за помалку пари. Но, ова ќе предизвика дефицит во побарувачката бидејќи куповната моќ на луѓето се намалува. Како последица на ова, ќе се појави презаситеност на непродадени производи, производството ќе се скрати, профитите ќе се намалат сè додека зголемувањето на капиталот не доведе до економска „депресија“. Кога презаситеноста ќе згасне, економијата повторно ќе почне брзо да расте пред да започне наредното циклично опаѓање. Според Маркс, со секој пораст и опаѓање, со секоја капиталистичка криза, тензијата и конфликтот помеѓу зголемено поларизираните класи на капиталисти и работници се зголемува. Освен тоа, поголемите фирми ги проголтуваат помалите фирми на секое поле на бизнисот бидејќи мочта е сконцентрирана во рацете на малкумина и се наоѓа далеку од останатите. На крај, раководен од комунистичката партија, Маркс предвидел револуција и создавање на бескласно општество. Маркс никогаш не можел да претпостави како би ова функционирало. Неговиот почетен придонес не бил план за тоа како би изгледало општеството, туку критика на она што тој го видел во него.

По Маркс

уреди

Првиот дел од „Das Kapital“, е единствениот дел кој Маркс го издал сам. Вториот и третиот дел биле завршени со помош на Фридрих Енгелс и Карл Каутски кој станал пријател на Енгелс што се гледа од издавањето на четвртиот дел. Маркс започнал традиција на економисти кои еднакво се концентрирале на политичките афери. Исто така, во Германија, Роза Луксембург била член на Социјал демократската партија (SPD), која подоцна се насочила кон комунистичката партија, поради нивниот став против Првата светска војна. Беатрис Веб во Англија, била социјалист и помогнала во основањето на Лондонското економско училиште (LSE) и здружението „Фабијан“.

Неокласична теорија

уреди

Во 1860 та година, во економијата настанува револуција. Новите идеи беа од Маргиналистичката школа. Пишувајќи истовремено и независно, еден Французин (Леон Валрас), Австриец (Карл Менгер), и англичанец (Стенли Џевонс) развија теорија, која имаше и свои претходници. Наместо цената на добро или услуга да биде одраз на работната сила, која го произвела, таа ја одразува маргиналната корист по продавањето. Тоа значеше дека во рамнотежа, преференциите на луѓето ги диктираат цените, индиректно вклучувајќи ја и цената на трудот. Актуелната теорија не е унитарна, и постојат три основни школи кои работат независно. Во Лозанската школа, чии два главни претставници Валрас и Вилфредо Парето развија нови теории за општа рамнотежа и оптималност. Главните пишани дела на оваа школа беа елементите за чиста економија на Валрас. Школата Кембриџ ја застапуваше „Теоријата на политичка економија“ на Џевонс во 1871 година. Оваа англиско училиште ги развивало теориите на делумна рамнотежа и тежнеело кон пад пазарот. Главните претставници биле Алфред Маршал, Стенли Џевонс и Артур Пигоу. Виенската школа беше составена од австриските економисти Менгер, Ојген Фон Бем - Баверг и Фридрих Фон Визер. Тие ја развиле теоријата на капитал и се обиделе да го објаснат присуството на економските кризи. Таа се појавила во 1871 година со Менгеровите „Принципи на економија“.

Гранична корист

уреди

Карл Менгер (1840 - 1921), австриски економист го постави основниот принцип на граничната корист во Основи на Економијата (1871). Потрошувачите дејствуваат рационално со барање да се зголеми задоволството на сите нивни желби. Луѓето ги алоцираат нивните трошоци, така што последната единица на стоковните купувања создава не повеќе од минатата единица на купување на нешто друго. Стенли Џевонс (1835 - 1882) бил негов англиски колега, и работел како Тутор, а подоцна и професор на колеџот Овенс во Манчестер и Универзитетскиот колеџ во Лондон. Во „Теорија на политичката економија“ (1871) тој нагласува дека на маргините, задоволството од стоките и услугите се намалува. Пример за теоријата на намалување на корисноста е дека ако некој конзумира портокали, за секој нареден изеден портокал, задоволството што го добива е се помало и помало (сè додека не престане да јаде). Потоа Леон Валрас (1834 - 1910), повторно работејќи самостојно, генерализирајќи ја маргиналната теорија наспроти економијата во „Елементи за чиста економија“ (1874). Мали промени во потребите на луѓето, на пример, преминување од говедско месо на печурки, ќе доведе до растење на цената на печурките, а на говедското до опаѓање. Тоа ги стимулира производителите да го променат начинот на производство, притоа зголемувајќи ги инвестициите во производството на печурки, што ќе ги зголеми залихите на пазарот и ќе доведе до рамнотежа на новата цена меѓу производите - на пример, печурките би добиле нова цена која ќе биде на ниво што се наоѓа помеѓу двете претходни. За многу производи во економијата ќе важи истото, ако некој претпостави дека пазарот е конкурентен, луѓето, водени од сопствен интерес избираат да не инвестираат во промена на производството. Раните обиди да се објаснат периодичните кризи за кои зборувал Маркс на почетокот не биле успешни. По наоѓање на статистичка корелација на сончеви пеѓи и бизнис движења и заедничкото верување во тоа време дека сончевите пеѓи имале директно влијание врз времето, а оттаму и врз земјоделското производство, Стенли Џевонс напишал:

„ Кога знаеме дека постои причина, варијацијата на сончевата активност, останува на природата да влијае на земјоделското производството, а кои варираат во истиот период, станува скоро сигурно дека две серии од феноменот - кредитниот циклус и сончевите варијации - се поврзани како ефект и причина.

Математичка анализа

уреди

Вилфредо Парето (1848-1923) бил италијански економист, најдобро познат за развој на концептот на околностите под кои никој не треба да помине ниту полошо, ниту подобро преку редистрибуирање на богатството.

Кога постои ваква ситуација, за економијата се вели дека е „Парето ефикасност“. Парето измислил математички репрезентации за оваа оптимална алокација на ресурси, кои кога се претставени на графикон ќе дадат една крива. Различни точки на кривата претставуваат различни распределби, но секоја ќе биде оптимално ефикасна. Наместо користењето на убедлив јазик на класичните економисти како Мил, кривата на Парето ефикасноста може да се претстави со прецизна математичка формула:


P(Y) = {y' e Y : {y" e Y : y" > y', y" ≠ y'} = 0}

Алфред Маршал е исто така заслужен за неговиот обид да се постави економијата поматематички основи. Тој беше првиот професор по економија на универзитетот во Кембриџ и неговото дело, „Основи на економија“ се совпадна со транзицијата на поимот од „политичката економија“ на неговиот омилен израз „Економија“. Тој гледа на математиката како начин да се поедностави економското размислување, но сепак не бил сосема убеден, како што подоцна открива во писмо до неговиот ученик Артур Сесил Пиџоу.

„(1) Користете математика како скратен јазик, а не како средство за истрага. (2) Продолжете да ја користите сè додека не завршите (3) Преточете го тоа во зборови (4) Потоа илустрирајте со примери кои се важни во реалниот живот. (5) Целосно отстранете ја математиката (6) Ако не можете да успеете во број 4, поништете го број 3. Ова го правам често.“

Бидејќи доаѓа по маргинална револуција, Маршал се концентрирал на помирување на класичната работничка теорија на вредноста, која била концентрирана на снабдувачката страна на пазарот, со новата маргинална теоријата која била концентрирана на страната на побарувачката. Графичкото претставување на Маршал е познататиот графиконот на понудата и побарувачката, "Маршалски крст". Тој инсистираше на тоа дека пресекот на двете и на понудата и на побарувачката кои произведуваат рамнотежа на цената на конкурентниот пазар. Долгорочно, тврди Маршал, трошоците на производство и цената на стоките и услугите се стремат кон најниската точка во согласност со континуирана продукција. Артур Сесил Пиџоу во „богатството и благосостојбата“ (1920), се стремеше кон постоењето на пазарни интервенции. Пазарите се неефикасни во случај на економски екстерналии, а државата мора да се меша. Како и да е Пиџоу остана на убедувањата за слободна трговија, и во 1933 година, пред економска криза, во „Теорија на невработеноста“ тој објасни дека прекумерната интервенција на државата на пазарот на трудот е вистинската причина за масовна невработеност, бидејќи владите воспоставиле минимални плати, што било пречка платите автоматски да се подесуваат. Ова беше во фокусот на напад од Кејнз.

Австриска школа

уреди

Иако на крајот на деветнаесеттиот век и почетокот на дваесеттиот доминираа повеќе математички аналитичари, следбениците на Карл Менџер, во традицијата на Еуген Фон Бем - Баверг, следеа различен пат, залагајќи се за употреба на дедуктивна логика. Оваа група станала позната како Австриската школа, како одраз на австриското потекло на многу од првите следбеници. Торстеин Веблен во 1900 година, во неговите „Предрасуди на економската наука“, се протиови на неокласичните маргиналисти следбеници на Алфред Маршал од филозофиите на австриската школа.


Јозеф Алојз Шумпетер (1883-1950) е австриски економист и политички научник најмногу е познат по неговите дела за бизнис циклуси и иновации. Тој ја потенцираше улогата на претприемачите во економиите. Во „Бизнис циклуси: теоретски, историски и статистички анализи во капиталистичкиот процес“, Шумпетер направи синтеза на теориите за бизнис циклуси.

Тој посочи дека тие циклуси можат да ги објаснат економските ситуации. Според Schumpeter, капитализмот нужно оди преку долгорочни циклуси, бидејќи сосема зависи од нив, врз основа на научните пронајдоци и иновации. Фаза на експанзија е овозможена со иновации, бидејќи тие ги зголемуваат придобивките од продуктивноста ги поттикнува претприемачите да инвестираат. Сепак, кога инвеститорите немаат повеќе можности за инвестирање, економијата оди во рецесија, неколку фирми колабираат иследува банкротот.

Оваа фаза трае додека новите иновации не донесат креативен процес, односно ги уништуваат старите производи, ја намалат вработеноста, но на економијата и овозможуваат да започне нова фаза на раст, врз основа на новите производи и новите фактори на производство.

Лудвиг фон Мисес (1881 - 1973) е австриски економист кој придонесе за идејата за човековото проучување „Науката за човековата активност“. Науката за проучување на човековото однесување гледа на економијата како серија доброволни размени што ја зголемуваат сатисфакцијата на инволвираните странки.

Мисес исто така, тврдеше дека социјализмот страда од нерешлив економски калкулативен проблем, кои според него може да бидат решени преку слободниот механизмот на пазарната цената.

Главната критика на Мисес кон социјализмот имаше огромно влијание на економското размислување на Фридрих вон Хајек (1899 - 1992), кој иако имаше првично симпатии кон социјализмот, стана еден од водечките академски критичари на колективизмот во дваесетти век. Во врска со „Систем на народна слобода“, Хајек расправа дека маркетот е „Спонтана Нарачка“ и активно се противеше на концептот за социјална правда.

Хајек верува дека сите форми на колективизмот (дури и оние теоретските кои се врз основа на доброволна соработка) може само да се одржува од страна на централната власт. Во својата книга "Патот до Ропство (1944) и во подоцнежните дела, Хајек тврди дека социјализмот бара централнo економско планирање и дека таквото планирање за возврат ќе води кон тоталитаризам. Хајек припишува за раѓање на цивилизацијата до приватна сопственост во својата книга „Фатална вообразеност (1988).“ Според него ценовните сигнали се единствените средства кои овозможуваат на секој економски творец преку комуникација да го изнесе поттиснатото знаење како и да си го разменат едни со други, за да се решат економските калкулативни проблеми. Заедно со неговиот современик Гунар Myrdal, Хаек ја доби Нобеловата награда во 1974 година.

Колапс и реконструкција

уреди

Алфред Маршал сѐ уште работел на последните измени на неговата книга „Принципи на економијата“ кога започнала Првата Светска воја (1914-1918). Новата клима на оптимизам на дваесеттиот век наскоро беше присилно разгранета на делови од Западниот фронт, додека цивилизираниот свет се распаѓаше. За четири години производството на Британија, Германија и Франција беше целосно насочена кон индустријата на смртта на воената економија. Во 1917 Русија западна во револуција предводена од Болшевичката партија на Владимир Ленин. Марксистичката теорија им беше како Библија и на распаднатата земја ветуваа „мир, леб и земја“ со колективизирање на средствата за производство. Исто така, во 1917, Обединетите Држави на Америка влегоа во војната на страна на Франција и Британија, на чело на претседателот Вудроу Вилсон и слоганот „ го правиме светот безбеден за демократија“. Тој разработи мировен план наречен „Четиринаесетте точки на Вилсон“. Во 1918 Германија започна пролетна офанзива која не успеа и како што сојузниците возвраќаа на нападот и милиони и милиони беа масакрирани, Германија западна во револуција, а нејзината привремена влада бараше мир врз основа на Четиринаесетте точки на Вилсон. Европа е разпушена, како финансиски, така и физички и психолошки, надевајќи се на исполнување на договорот од Версајската конференција во 1919. Џон Мајнард Кејнз беше претставник на државниот трезор на Британија на конференцијата и беше најгласниот критичар за исходот.

Џон Мејнард Кејнз

уреди

Џон Мејнард Кејнз (1883-1946) е роден во Кембриџ, образован е во Итон под менсторство на A.C. Пиџоу и Алфред Маршал на Универзитетот во Кембриџ. Тој ја започнал својата кариера како професор пред да се вработи во Британската влада за време на првата светска војна, и станал финансиски претставник на британската влада на конференцијата во Версај. Неговите белешки беа изнесени во неговата книга Економските последици на мирот (1919), каде што тој го документира неговиот бес за колапсот на Американското придружување кон четиринаесетте точки на Вилсон и огромната волја за освета кон Германија. Тој се откажал од конференцијата и користејќи ги економските податоци обезбедени од досиејата на конференцијата, Кејнз смета дека ако победниците ја присилат поразената страна да ја плати штетата од војната, тогаш ќе настане светска економска криза, што би довело до втора светска војна. Кејнз ја заврши својата дисертација со пропагирање на: прво намалување на трошоците за поправки што треба да бидат платени од Германија на разумно ниво, зголемено меѓу владино управување на континенталното производство на јаглен и слободна трговска унија преку Лигата на народите; второ договор за распределба на долговите помеѓу сојузниците; трето целосна реформа на меѓународната размена на валути и меѓународен фонд за кредитирање; и четврто усогласување на трговските односи меѓу Русија и источна Европа.

Книгата имаше огромен успех, и покрај тоа што беше критикувана за лажни претскажувања од голем број луѓе, без промените за кои се залагаше, мрачните предвидувања на Кејнз се поклопуваа со проблемите ширум светот за време на Големата депресија што се случи во 1929 по што следеше избивање на војна во 1939 година. Првата светска војна беше „војна што ќе ги ситре сите војни“, а апсолутниот неуспех на мировниот договор генерира со уште поголема решителност да не ги повторува истите грешки. Со поразот на фашизмот, конференцијата на Бретон Вудс се одржа за да се воспостави новиот економски поредок. Кејнз повторно играше водечка улога.

Општа теорија

уреди

За време на Големата депресија, Кејнз го издал неговото најважно дело „ Општа теорија на вработување, камата и пари“ (1936). Депресијата се разгоре и со Падот на Волстрит во 1929, водејќи кон масовно зголемување на невработеноста во Соединетите Држави, како и до барање на европските кредитори за враќање на долговите и економски домино-ефект ширум светот. Ортодоксната економија повика на намалување на трошоците додека да се повратат бизнис довербата и да се стабилизира профитот. Спротивно на тоа, Кејнз тврди во „Тракт на монетарната реформа“ (1923) дека економската активност е одредена од низа фактори и дека не е доволно да се чека долгорочната стабилност на пазарот да се врати во нормала сама по себе. Како што вели познатата забелешка на Кејнз: „...оваа долгорочност погрешно води кон сегашните работи. Во долгорочен план сите ние сме мртви. Економистите прелесно и непотребно си поставуваат задача, ако во сезони на невреме единствено што тие можат да ни кажат е дека кога невремето е одамна поминато океанот повторно ќе е мирен.“

Освен резервите на пари Кејнзкако проблеми ги идентификува и потребата за трошење, стимулот за инвестирање, маргиналната ефикасност на капиталот, условите на ликвидност и повеќекратниот ефект како варијабили кои го одредуваат нивото на економскиот исход, вработувањето и нивото на цените. Многу од оваа тешка терминологија е создадена од Кејнз, особено за неговата Општа теорија, иако во позадина има и некои обични идеи. Кејнз тврди дека ако заштедите се чуваат подалеку од инвестирање преку финансиски пазари, тоталната потрошувачка пропаѓа. Паднатата потрошувачка води кон намалени приходи и невработеност и повторно ги намалува заштедите. И сѐ така додека желбата за штедење се изедначи со желбата за инвестирање, што значи се достигнал нов „баланс“ и престанало штедењето. Овој нов „баланс“ е депресија, каде што луѓето инвестираат помалку, имаат помалку да штедат и помалку да трошат. Кенјз тврди дека вработеноста зависи на тоталната потрошувачка, што се состои од потрошувачката на клиентот и бизнис инвестицијата во правниот сектор. Потрошувачите трошат само „пасивно“ или според флуктуациите на нивниот приход. Од друга страна пак, бизнисите се приморани да инвестираат до очекуваната стапка на враќање на новите инвестиции (добивката) и стапката на исплатената камата (цената). Ако бизнис очекувањата останаа исти и владата ги намалеше каматните стапки (цените на кредитите), инвестирањето би се зголемило и би имал повеќекратен ефект врз тоталната потрошувачка. Каматните стапки пак, зависат од количината на пари и желбата за чување пари на банковни сметки (спротивно на инвестирањето). Доколку има недостаток на пари во споредба со тоа колку луѓе сакаат да штедат, каматните стапки се покачуваат сѐ додека не се намали бројот на штедачи. Доколку пак, количината на пари се зголеми додека интересот за штедење пари остане стабилен, каматните стапки би паднале, водејќи кон зголемено инвестирање, исход и вработување. Поради овие две причини, Кејнз предлага ниски каматни стапки и лесно одобрување на кредити како средства за борба против невработеноста.

Меѓутоа, Кејнз во 30те верувал дека тогашната состојба има потреба од делување на јавниот сектор. Намалување на потрошувачката веднаш би ја рамрдала економската активност, вели Кејнз. Ова тој го има изнесено во отворено писмо до претседателот Франклин Делано Рузвелт во Њујорк Тајмс (1933). Програмата „Новата спогодба“ во САД веќе беше започната за време на објавувањето на Општата теорија. Тоа обезбеди клучна поддршка за полисите кои веќе беа оформени. Кејнз исто така верувал во поправична распределба на приходот и во тоа дека оданочувањето на незаработениот приход тврдејќи дека високата стапка на штедење (кон која се склони богатите луѓе) не се пожелни во развиената економија. Затоа Кејнз предлагал монетарен менаџмент и активна фискална политика.

Кејнзијанска економија

уреди

За време на втората светска војна, Кејнз повторно беше советник во државниот трезор на Британија, преговарајќи за главните заеми од САД. Тој помогнал да се формулираат плановите за ММФ, Светската банка и Светската трговска организација на конференцијата одржана во Бретон Вудс, пакет создаден за да се стабилизира флуктуацијата во светската економија што се случи во дваесеттите и да создаде стабилна трговија на целата планета. Кејнз почина една година подоцна, но неговите идеи веќе создадоа нов глобален економски поредок и сите западни влади го следеа неговиот начин на размислување во врска со намалување на трошењето за да се избегне кризата и да се одржи вработеноста. Една од Кејнзовите ученици на Кембриџ била Џоан Робинсон, која придонела за идејата дека конкуренцијата ретко е совршена на пазарот спротивно на Теоријата дека пазарот ја диктира цената. Во „Функција на производството и теоријата на капиталот“ (1953) Робинсон се противи на некои работи за кои смета дека се циркулари на ортодоксната економија. Неокласицистите тврдат дека пазарната конкуренција ги присилува производителите да ги минимизираат трошоците на производство. Робинсон вели дека трошоците на производство се само цените на инпутите, како што е капиталот. Капиталните добра ја добиваат нивната вредност според финалните производи. И ако цената на финалниот производ ја одредува цената на Капиталот тогаш, според Робинсон, крајно циркуларно е да се тврди дека цената на капиталот ја одредува цената на финалните производи. Цените на добрата не можат да се одредат без да се утврдат трошоците за инпутите. Ова не би било важно доколку се во економијата се одвива истовремено, но во реалниот свет, за одредување на цената треба време – добарата ја добиваат цената пред да бидат продавани. Бидејќи капиталот не може да биде адекватно проценет во независни мерни единици, тогаш како може да се докаже дека капиталот би повратил исто колку што е вложено во производството? Пјеро Срафа дошол во Англија од фашистичка Италија во дваесеттите години и работел заедно со Кејнз во Кембриџ. Во 1960 објавил мала книга со наслов „Производство на комодитети користејќи комодитети“, која објаснува како технолошките односи се основите за производство на добра и услуги. Цените се резултат на размената на профитот, колективното ценкање, конфликтите помеѓу работната сила и управата, и интервенцијата на владиното планирање. Исто како и Робинсон, Срафа покажал дека главна сила за поставување на цената во економијата не мора да е прилагодувањето на пазарот.

Американскиот начин

уреди

После втората светска војна Соединетите Американски држави станаа најпрестижната економска сила. Европа и Советскиот Сојуз лежеа во рушевини, додека на Британската Империја и се ближеше крајот. Се дотогаш американските економисти играа минорна улога. Институционалните економисти беа многу критични за американскиот начин на живот, особено во однос на „сомнителното конзумирање“ во „Roaring twenties“ пред крахот на берзата во 1929. Како и да е, по војната, поортодоксен начин на мислење зазеде корени, реагирајќи против рационалниот стил на дебатирање на Кејн и одново поставувајќи ја областа. Ортодоксниот центар исто така беше предизвикан и од порадикална група експерти засновани во Универзитетот од Чикаго. Тие се повикуваа на „право на избор“ и „слобода“, освртувајќи се кон стилот на 19 век, кога владите не интервенираа.

Институционализам

уреди

Торстејн Веблем (1857 – 1929), кој доаѓа од руралниот дел на централно-западна Америка и работи во Универзитетот во Чикаго, е еден од најпознатите рани критичари на „Американскиот начин“. Во „Теоријата на неработната класа“ (1899) ѓи напаѓа материјалистичката култура и богатите луѓе кои упадливо ги трошат нивните богатства како начин на покажување на нивниот успех, а во „The Theory of Business Enterprise“ (1904) Веблен прави дистинкција помеѓу производство за потребите на луѓето и производство за чист профит, тврдејќи дека првото е често попречено, бидејќи бизнисот го брка второто. Крајниот резултат и технолошкиот напредок се ограничени од бизнисот и создавањето на монополи. Бизнисот ги штити неговите капитални инвестиции и применува преголеми кредити, што води до депресија и зголемување на воената експанзија и војна, преку бизнис контрола на политичката моќ. Овие две книги кои се фокусираат на критиката како кон побарувачката така и кон профитирањето, не предложија промени. Како и да е, во 1911 Веблен се приклучи кон наставничкиот колегиум на Универзитетот во Мисури, каде ја доби поддршката на Херберт Девенпорт, главниот на економскиот оддел. Веблен останал во Колумбија, Мисури во текот на 1918 и истата година се преселил во Њујорк каде што започнал да работи како уредник во списанието “The Dial” за во 1919 заедно со Чарлс Берд, Џејмс Харви Робинсон и Џон Дјуи да помогнат при основањето на Новата школа за социјални истражувања (позната како „Новата школа“). Исто така бил дел од „Техничка алијанса“ основана во 1919 пд Хауард Скот. Од 1919 па сè до 1926 Веблен продолжил да пишува и да е активен во повеќе сфери во „Новата Школа“. Во овој период ја напишал „Инженери и ценовниот систем“ (1921).

Џон Р. Комонс (1862-1945) исто така доаѓа од централно-западна Америка. Изнесувајќи ги неговите идеи собрани во „Институционална Економија“ (1934) заклучува дека економијата е мрежа на соодноси помеѓу луѓе со различни интереси. Постојат монополи, големи корпорации, работнички несогласувања и флуктуирачки деловни циклуси. Но во нивни интерес е да се разрешат овие несогласувања. Владата, според Комонс, би требало да биде посредник помеѓу групите инволвирани во конфликтот. И самиот Комонс посветил многу време во советување и посредништво на влади и индустриски комисии.

„Големата депресија“ е период на значителен подем во Америка. Најоригинален придонес за подобро да се разбере што не било во ред, има адвокатот Адолф Берл (1895-1971), што доаѓа од Универзитетот во Харвард, кој како и Џон Мајнард Кејнс се повлекол од неговата дипломатска работа при Паришката мировна конференција во 1919 и бил длабоко разочаран од Версајскиот Договор. Во неговата книга „Модерните корпорации и приватна сопственост“ (1932), која ја работел заедно со Гардинер Ц. Минс, детално ја опишува еволуцијата на современата економија кај големите бизниси и сметал дека оние што контролираат големи фирми треба да преземат одговорност.

Управителите на компаниите се обврзани да дават отчет пред акционерите во врска со работата на компанијата, или пак не, во зависност од правилата засновани во статутите на фирмите. Помеѓу нив се и право на избор и отпуштање на управа, барања за регуларни, општи средби, стандарди на сметководство итн. Во Америка во триесеттите години типичните закони на компанијата (пр. Делавер) не беа јасно регулирани такви барања. Берл тврдел дека несовесните управители на компании се способни да ги пренасочат средствата од профитот во нивните џебови, како и да управуваат водени од сопствени интереси. Способноста да се изведе ова била поддржана од фактот што повеќето акционери во големи јавни претпријатија се поедини лица, со оскудни средства за комуникација, на кратко, поделени и освоени. Берл за време на депресијата работи во администрацијата на претседателот Рузвелт и бил клучен член на таканаречената „Brain Trust“ развивајќи многу од новите полиси. Во 1967 Берл и Менс издале ревидирано издание на нивната книга на која предговорот и дава сосема нова димензија. Тие го истакнаа прашањето, која е всушност целта на корпоративната структура.

„Акционерите не се потат, ниту пак се мачат, за да заработат (зголемувања на дивидендите и цените на акциите). Тие се уживатели по функција само. Оправдување за нивното наследство... Може да биде основано само на социјални земјишта... Тоа оправдување го активира дистрибуирањето како и постоењето на богатството. Оправдувањето за постоењето на акционерите зависи од големината на дистрибуција меѓу популацијата на Америка. Во идеални услови, позицијата на акционерот би се реализирала доколку секоја американска фамилија има удел во таа позиција и во богатството со што се актуализира шансата за развивање индивидуеланост.

Џон Кенет Гелбрејт

уреди

По војната, Џон Кенет Гелбрејт (1908-2006) стана еден од стандардните носители на проакотивната влада и либерално-демократската политика. Во „Богато општество“ (1958), Гелбрејт расправа дека гласачите кои стекнуваат материјално богатство, почнуваат да гласат против општото добро. Тој тврди дека „конвенционалното знење“ на конзервативниот консензус не е доволно за да се решат проблемите со социјалната нееднаквост. Во ера на големи бизниси, Гелбрејт тврди дека е нереално пазарот да се гледа на класичен начин. Тие ги создаваат цените и го користат рекламирањето за да создадат лажна побарувачка за нивните производи, искривувајќи ги приоритетите на луѓето. Приоритетите на купувачите доаѓаат до израз кај тие корпорации („ефект на зависност“), а економијата како целина е насочена кон нерационални цели. Во „Новата индустриска состојба“ економските одлуки се планирани од приватната бирократија, техноструктура составена од експерти кои ги манипулираат каналите за маркетинг и односи со јавноста. Оваа хиерархија си служи самата себеси, профитот повеќе не е главниот двигател и дури ни менаџерите немаат контрола. Бидејќи тие се новите планери, корпорациите избегнуваат ризик и бараат разумна економија и стабилни пазари. Тие привлекуваат влади за да им служат на нивните интереси преку фискалната и монетарна политика, а во замена ја поддржуваат монетраната политика која ги збогатуваат лихварите преку зголемување на каматните стапки. Додека целта на богатото општество и инволвираната влада служат на нерационалната техноструктура, јавниот простор истовремено се намалува. Гелбрејт го одсликува ова како преминување од луксузни апартмани на распукани улуци и од раскошни градини на запустени јавни паркови. Во „Економија и општата примена“ (1973) Гелбрејт го предложува „новиот социјализам“ како решение , национализирајќи го военото производстово и јавните услуги како здравството, воведувајќи дисциплински плати и ценовна контрола за да се намали нееднаквоста.

Пол Семјуелсон

уреди

Спротивно на јазичниот стил на Гелбрајт, повоената економска професија, почна да синтетизира многу повеќе од трудовите на Кејнс со математички презентации. Воведните универзитетски економски курсеви, почнаа да ја претставуваат економската теорија како единствена целина во она што се нарекува неокласична синтеза. "Позитивна економија" стана термин создаден за да се опишат одредени економски трендови и "закони", кои би можеле да бидат објективно забележани и опишани на релативно слободен начин, одделно од "нормативната економија" и нивните проценки и судови.

Најдобро продаваниот учебникар на оваа генерација беше Пол Семјуелсон (1915-2009). Неговиот Докторат беше обид да се покаже дека математичките методи би можеле да претставуват јадро за тестирање на економската теорија. Тоа го објави како „Основи на економски анализи“ во 1947 година. Семјуелсон започна со две претпоставки. Прво, луѓето и фирмите ќе дејствуваат во насока на зголемување на целите за кои се заинтересирани. Второ, пазарите се стремат да достигнат рамнотежа на цените, каде побарувачката и понудата се совпаѓаат. Тој понуди математички формули, за да се опише однесувањето на економските системи кои се стремат кон рамнотежа, вклучувајќи ја тука и тогаш новата макроекономска теоријата на Џон Мајнард Кејнс.

Додека Ричард Кантилон направи споредба на механичката физика на Исак Њутн за инерцијата и гравитација со конкуренција и пазарот, физиократите направија споредба на крвниот систем на човековото тело со циркуларни приходни модели, Вилијам Џевонс пронашол растечки циклуси кои одговараат на периодичноста на сончевите циклуси, Семјуелсон адаптирал термодинамички формули за економската теорија. Повторувачка економија или циклусите во економијата, како тешко научно откритие беше пронајдено во Велика Британија, а исто така, и еднаш прославеното "откритие" на А.В. Филипс, беше корелациска врска помеѓу инфлацијата и невработеноста. Заклучокот на политиката за вработувањето беше дека обезбедувањето на целосна вработеност може да се тргува против висока инфлација. Семјуелсон ја примени идејата на кривата на Филипс во својата работа. Неговиот учебник за вовед во економијата насловен едноставно како „Економија“ стана влијателен и широко прифатен. Учебникот стана најуспешен економски текст кој дотогаш бил издаден. Пол Самјуелсон ја доби новата Нобелова награда за економија во 1970 година за неговото спојување на математиката и политичката економија.

Кенет Ароу

уреди

Кенет Ароу (роден 1921) му е зет на Пол Семјуелсон. Неговото прво значајно дело, со кое ја подготви својата докторска дисертација на Универзитетот Колумбија, му беше „Општествениот избор и поединечните вредности“ (1951), со кој ја донесе економијата во допир со политичката теорија. Со тоа ја покрена теоријата за општествен избор и ја претстави неговата „Теорема за можностите“. Според неговите зборови, ако ја исклучиме можноста за меѓусебна споредба на услугите, тогаш единствените методи за пренесување на поединечните вкусови врз општествените, кои ќе биде задоволителни и кои ќе бидат дефинирани за широк спектар на поединечни претппочитувања се или наметнати или диктаторски.

Ова предизвика широка дискусија за тоа како да се толкуваат различните услови на теоремата и какви импликации има таа за демократијата и гласањето. Најконтроверзен од неговите четири (1963) или пет (1950/1951) услови е независноста на нерелевантните алтернативи.

Во 1950 година, Ароу и Жерард Дебре развија Ароу-Дебре модел на општа рамнотежа. Во 1971 година, Ароус со Френк Хан, заеднички ја напишаа „Општи конкурентни анализа“ (1971), во која ја повторија теоријата за општа рамнотежа на цените во економијата. Во 1969 година, Шведската централна банка започна да доделува награда за економија, како аналогија на Нобеловите награди за хемија, физика, медицина, како и за литература и мир (иако Алфред Нобел никогаш ова не го одобрил). Со Џон Хикс, Ароу ја освои наградата на Шведската банка во 1972 година, и беше најмладиот добитник некогаш. Претходната година, американскиот претседател Ричард Никсон имаше изјави дека "Сега сите сме Кејнзијанци ". Иронијата беше дека ова беше почеток на нова револуција во економската мисла.

Монетаризам и Чикашката школа

уреди

Интервенционистичката монетарна и фискална политика, што православните повоени економии ја препорачуваа и практикуваа, беше цел на напади, особено од страна на група на теоретичари кои работеа на Универзитетот во Чикаго, кои подоцна беа познати како "Чикашка школа“. Овој поконзервативен правец, поттикна "слободарски" поглед на активностите на пазарот, односно дека луѓето најдобро е да се остават самите на себе, слободно да избираат како ќе ги задоволат своите потреби.

Академците кои работеле на Универзитетот во Чикаго, повеќе се наградени со Нобелова награда за економија, од академците од било кој друг универзитет во светот.

Роналд Коаз

уреди

Роналд Коаз (роден 1910) е најпознатиот економски аналитичар на правото и добитник на Нобеловата награда во 1991 година. Во неговата прва поголема статија, „Природата на фирмата“ (1937), тврди дека причината за постоењето на фирми (фирми, партнерства, итн), е постоењето на трошоците за трансакции. Рационалните поединци, на отворените пазари тргуваат преку билатерални договори, сè додека трошоците за трансакции доведат до тоа, користењето на корпорациите за производство да биде поисплатливо.

Во неговата втора поголема статија „Проблемот на социјалната цена“ (1960), тој тврди дека ако живеевме во свет без трансакционите трошоци, луѓето би склучувале зделки еден со друг, со цел да се создаде иста распределба на средствата, без оглед на тоа како судот би влијаел по пресудите во спорови за споственост. Коаз го користи примерот на еден стар правен случај со име „Sturges Vs. Bridgman“, каде што бучниот слаткар и тивкиот лекар биле соседи и отишле на суд за да се реши кој треба да се отсели. Според Коаз, без оглед на тоа дали судијата би пресудил слаткарот да престане со користење на неговите машини, или лекарот да мора да се помири со тоа, тие би можеле да постигнат заемно прифатливо решение, зделка, за тоа кој да се отсели, без да ја надминат истата распределба на средства потребна за судската интервенција. Само со постоењето на трансакционите трошоци може да се спречи ова. Значи законот треба да предвиди што ќе се случи, и тие да се водат од тоа што би било ефикасно решение. Идејата е дека законите и прописите, не се толку од помош на луѓето, колку што мислат адвокатите и оние кои ги носат законите.

Коаз и другите како него, бараат промена на пристапот, да се стави товарот врз доказите со што, Владата која интервенирала на пазарот би добила позитивни ефекти, преку едноставна анализа на потребните трошоци за покренување на постапка.

Милтон Фридман

уреди

Милтон Фридман (1912-2006) важи за еден од најпознатите и највлијателни економисти од крајот на дваесеттиот век. Тој има добино Нобеловата награда за економија во 1976 година, меѓу кои и за „Монетарната историја на САД“ (1963). Фридман тврди дека Големата депресија била предизвикана од политиката на „федерални резерви“ за време на 1920-тите, која значително се влоши во 1930-тите. Фридман тврди дека независната владината политика е попожелна отколку политиката на владина интервенција во економијата. Владите треба да се стремат за неутрална монетарна политика ориентирана кон долгорочен економски раст, со постепено проширување на понудата на пари. Тој се залага за теоријата на количество пари, дека цените генерално се одредуваат од количеството пари. Затоа активна монетарна (пр. лесен кредит) или фискална (пр. данок и трошоци) политика може да има несакани и негативни ефекти. Во „Капитализмот и Слободата“ (1967) Фридман напиша:

„Постои веројатност да постои поголема временска дистанца помеѓу потребата од акција и увидувањето на власта за таа потреба; уште повеќе, помеѓу увидувањето на потребата за реакција и преземањето на реакцијата, како и уште повеќе помеѓу преземањето на акцијата и дејството на ефектите.“

Фридман, исто така, е познат по неговата работа за функцијата на потрошувачката, тезата за постојан приход (1957), кој Фридман самиот го нарекува негов најдобар научен труд. Во ова дело тој тврди дека рационалните потрошувачи ќе потрошат пропорционален износ со тој што тие го сметаат дека ќе им биде постојан приход. Неочекуваните приходи ќе им бидат заштедите. Даноците, исто така, како што рационалните потрошувачи би предвиделе, во иднина ќе мора да се зголемуваат, за подоцна да се балансираат со јавните финансии. Други важни негови придонеси се критиката на кривата Филипс и концептот на природната стапка на невработеноста (1968). Оваа критика го поврзува неговото име со тврдењето дека владата што предизвикува поголема инфлација, не може со тоа трајно да ја намали невработеноста. Невработеноста може привремено да се намали, ако инфлацијата е изненадна, но на долг рок невработеноста ќе биде определена од страна на недоразбирањата и несовршеностите на пазарот на трудот.

Времиња на глобализација

уреди

Амартја Сен

уреди

Амартја Сен (роден 1933) е еден од водечките економсти за развој и благосостојба, и изразува значителен скептицизам во валидноста на нео-класичните претпоставки. Тој беше многу критичен кон теоријата за рационални очекувања, и ја посвети својата работа на развојот и човековите права. Тој ја доби Нобеловата награда за економија во 1998 година.

Џозеф Е. Штиглиц

уреди

Џозеф Штиглиц (роден 1943 година) добил Нобелова награда во 2001 година за неговата работа во областа на информациска економија. Работел како претседател на Советот на Економски советници на Претседателот Клинтон и како главен економист во Светска Банка. Штиглиц предавал на многу универзитети, вклучувајќи ги Универзитетот-Колумбија, Станфорд, Оксфорд, Јеил и МИТ. Во последно време станува отворен критичар на глобалните економски институции. Тој е попоуларен и како академски автор. Во “Making Globalization Work” во 2007 година, тој понудува свој профил за перспективите за прашања поврзани со меѓународната економија.

"Фундаменталниот проблем со неокласичниот модел и кореспондивниот модел во услови на пазарен социјализам е што и двата не успеваат да земат предвид различни проблеми кои произлегуваат од недостиг на права информација односно стекнување на информација за трошоците, како и недостиг на несовршености во некои од клучните ризици и пазари на капитал. Отсуството или несовршеноста може, за возврат, во голема мера биде објаснето со проблеми во информацијата.

Пол Кругман

уреди

Пол Кругман (роден 1953 година) е современ економист. Неговиот учебник “International Economics” во 2007 се објавува во многу додипломски листи. Подобро познат како претставник на прогресивизмот, пишува неделни колумни за економијата, американската економска политика и американската политика, најчесто во Њујорк Тајмс. Беше награден со Нобелова награда по Економија во 2008 година за неговата работа на “Новата трговска теорија” и “Економска географија”.

Современи економски теории

уреди

Макроекономија од ерата на Бретон Вудс

уреди

Од 1970-тите наваму, Фридмановата монетарна критика на Кејнзијанската макроекономија, формира почетна точка за бројот на трендови во макроекономската теорија наспроти идејата сека Владината интервенција може и треба да ја стабилизира економијата. Роберт Лукас ја критикува Кензијанската теорија заради нивната непостојаност со микроекономската теорија.

Критиката на Лукас ги постави основите за неокласичното учење на макроекономијата, Нова класична економија, заснована на основите на класичната економија. Лукас исто така ја популаризираше идејата за рационални очекувања, која беше употребена како основа за неколку нови класични теории вклучувајќи ја и Политиката на неефективност на тврдењето.

Стандардниот модел на новите класични економии е теорија на реалниот циклус на бизнисот, кој требаше да ги објасни набљудуваните флуктуации во аутпутот и вработувањето во услови на реални варијабили како што се промените во технологиите и вкусовите. Претпоставувајќи дека конкурентските пазари, теоријата на реалниот циклус на бизнисот, подразбира дека цикличните флуктуации се оптимални одговори на варијабили на технологиите и вкусовите и дека макроекономските политики за стабилизација мора да ја редуцираат благосостојбата.

Кејнзијанската економија се реактивира меѓу водечките економисти заедно со доаѓањето на новата кејнзијанска макроекономија. Јадрото на новиот кејнзијанизам беше дел од микроекономската основа на кејнзијанската макроекономија, здобиени од идентификација на минорни девијации од стандардните микроекономски претпоставки кои придонесоа за кејнзијанските макроекономски заклучоци, како можноста за значителни бенефиции од благосостојбата произлезена од макроекономската стабилизација. Ценовните аргументи на Акерлоф, покажуваат дека во услови на нелојална конкуренција, мали делчиња од рационалноста генерираат значајна (во смисла на благосостојбата) привлечност на цената, се добар пример за овој вид на работа.