Српско-бугарска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 10:
|combatant1=[[Податотека:Flag of Bulgaria (1878-1944).svg|20px]][[Бугарија|Кнежество Бугарија]]
|combatant2=[[Податотека: Flag of Serbia.svg|20px]] [[Србија]]
|commander1=[[Александар_I_БатенбергАлександар I Батенберг|Кнез Александар I Батенберг]]
|commander2=[[Милан Обреновиќ|Крал Милан]]
|strength1 = околу 10.000 во почетокот до околу 60.000 на крајот<ref>{{cite book|title=Строителите на съвременна България|last=Радев|first=Симеон|year=1910|place=Софија|language=бугарски|url=http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=101&WorkID=4482&Level=3}}</ref>
Ред 32:
По низа провокации од српска страна, инцидентот на 1 ноември кај месноста Цветков гроб им послужил на Србите како повод на 2 ноември да и’ објават војна на Бугарија. Претходно, српската влада не обрнувала никакво внимание на протестите на Бугарија против овие погранични провокации, како и против обидот на српски емисари да го бунтуваат пограничното бугарско население.
 
Србија ја мобилизирала само постојаната војска и дел од вториот повик, со вкупен број од околу 68.000 луѓе и 26 батерии. Според други податоци српската војска по мобилизацијата броела 51.500 луѓе и тоа: 550 офицери, 43.750 војници и 7.200 помошен кадар. Ваквата делумна мобилизација била извршена поради внатрешните неприлики во земјата, а и поради тоа што се сметало дека и овој број на воени трупи е доволен да победи бугарската војска. Српските сили биле поделени на два фронта т.е. армии: Нишавска (главна) армија, непосредно под на Врховната команда и Тимочка (помошна) армија по команда на ген. Лешјанин. Вооружувањето на српската војска било солидно: пешадијата имала модерни пушки Кока Миловановиќ, кои биле изработени по системот Mauzer и со кои добро се гаѓало и зрната им дофрлале далеку. Но, за овие пушки, во фабриката во Крагуевац, биле произведени 9 милиони куршуми, наместо потребните 15 милиони и овој недостиг се почувствувaл веќе по првите денови на војната. Српската артилерија, иако многубројна, била застарена, со околу 400 орудија, од кои 264 веднаш влегле во дејство, а од француската фирма Де Банж биле нарачани и 306 топови острагани, кои не биле испорачани во текот на војната.
 
== Подготовка на српската армија ==
Ред 38:
Врховната команда над целата српска армија ја презел лично кралот Милан, кој за началник на штабот го поставил, воениот министер полк. Јован Петровиќ, што било невообичаено, а за команданти на армиите, од искусните генерали од турските војни, биле поставени само генералите Јовановиќ и Лешјанин. Кралот Милан, стравувајќи да не му ја приграбат славата од сигурната победа над Бугарите, за свои соработник не земал ниеден од останатите искусни команданти од војните со Турција како што биле: Хорватовиќ, Белимарковиќ или Протиќ.
 
Фронтот на кој биле распоредени српските сили се протегал од Власина, преку Пирот до Заечар и Неготин, во должина од околу 300 &nbsp;km. Српскиот воен план, всушност, ги истакнувал намерите на кралот Милан и тоа: српската војска, откако ќе ги запоседне териториите на Видинскиот округ до гр. Лом и на Софискиот округ до гр. Ихтиман, да се вкопа и да го чека противнападот на Бугарите. Кралот Милан се надевал дека, во меѓувреме пред да започне бугарскиот противнапад, големите сили ќе се вмешаат и ќе ја прекинат војната.
 
== Подготовка на бугарската армија ==
Ред 47:
== На бојното поле ==
 
Првите борби биле водени на 2 ноември кај гр. Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. По овие први воени порази и во услови на сооднос на силите од седум на спрема еден во корист на српската армија, бугарските единици биле принудени да се повлекуваат кон позициите кај гр. Драгоман. На 3 ноември по тешки и упорни борби Нишавската армија го заземала Драгоманскиот теснец, селото Врапча и местото Велики Руј.
 
На југ од Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија, откако ќе го преземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 &nbsp;km, а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска страна, на 4 ноември го заземале гр. Трн.
 
Бугарската војска и понатаму се повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4 ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска. Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сè на сè околу 12.000 луѓе, наспроти скоро 25.000 српски војници.
 
Со таков сразмер на силите на 5 ноември, во раните утрински часови, започнала решавачката битка помеѓу двете армии. По неколкучасовни борби кон пладне борбите се интензивирале во центарот и на левото крило на бугарската војска. Понатаму во текот на денот, битката главно се одвивала помеѓу крилата, а во центарот иницијативата била на бугарска страна, благодарение на успешната подршкаподдршка на артилеријата. Така, Бугарите го задржале противникот и добиле во време до пристигнувањето на војските од Тракија.
 
Сепак, на 5 ноември Србите постигнале значителни успеси на јужниот дел од фронтот, откако Моравската дивизија го заземала гратчето Брезник , што претставувало сериозна опасност за левото крило и позадината на бугарската војска. Со пристигнувањето на војската од Тракија, Бугарите броеле околу 20.000 војници, а Србите истовремено, со новите засилувања, броеле околу 31.000 луѓе. Ноќта на 5 спрема 6 ноември, 500-600 доброволци од Македонија и една чета од Софискиот полк на чело со кап. Паница го изненадиле српскиот баталјон на позициите на српското лево крило кај с. Ропот и откако го разбиле баталјонот биле заробени 168 српски војници, а останатите српски војници биле принудени на повлекување. По борбите водени на 6 ноември, Бугарите не само што успеале да ги задржат старите позиции, туку и ги подобриле во однос на претходниот ден. На 7 ноември, кога се одиграл решавачкиот бој, српската војска броела 40.000, а бугарската 32.000 луѓе. По уште еден изненаден напад на кап. Паница, кај с. Ржана бил разбиен српскиот баталјон на кап. Милошевиќ, по што кај српската војска настанал општ метеж. Во тешки борби, со големи загуби на двете страни, Бугарите не само што ги одбиле српските напади, туку сега започнале и да напредуваат. Во оваа битка српската армија како убиени и исчезнати загубила 2.100 луѓе, а загубите кај Бугарите изнесувале 1.800 души.