Јагода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: 17ти век → 17 век using AWB
Ред 50:
Јагодата за првпат се одгледувала во [[Бретања]], [[Франција]] во 1750 –те години преку Fragaria virginiana донесена од источна Северна Америка и Fragaria chiloensis која е донесена од [[Чиле]] од страна на Амеде Франсоа Фрезје во 1714 година.
 
Сортите од '''Fragaria × ananassа''' биле заменети во комерцијално производство, на шумска јагода, која била и првиот вид на јагоди одгледувани во 17ти17 век .
Технични јагодата е од групата на додатни [[Овошје|овошја]], што значи дека месестиот дел не е создаден од овулата на растението . туку е од ,,садот ,, кои ги држи овулите. Секое видливо семе од надворешната страна на овошјето е всушност едно од овулите на цветот, во кое се наоѓа семе. И во кулинарството и во ботаниката целата структура се смета за овошје.
 
Ред 73:
 
== Ѓубрење и берење ==
Повеќето [[растенија]] на јагоди се хранат со вештачко ѓубриво, и тоа пред и по бербата, а често и пред нивното садење во пластичните фолии. Берењето јагоди и процесот на чистење не се изменил многу со текот на времето. Деликатните или комплицираните јагоди сè уште се берат со [[рака]]. Оценувањето и пакувањето се случува најчесто на терен, на полето, а не за време на обработката.
 
== Болести ==
Растенијата на јагодите може да бидат жртви на многу бројни зарази и [[болест]]и. Ливчињата може да бидат инфицирани од прашкаста [[мувла]], може да се појават точки на ливчињата (предизвикани од [[габа]]та Sphaerella fragariae), може да дојде до избледување на ливчињата (предизвикано од страна на габата Phomopsis obscurans), а лисјата може да бидат нападнати и од некои видови на лигава мувла. Кората и [[корен]]ите може да станат жртви на црвената стела, ненадејно венење, црн гнилеж на коренот, и нематоди. Овошките се предмет на оштетување од страна на сивата мувла, а страдаат и од гниење на коренот и гниење на целото растение. Растенијата, исто така, може да пренесат болест од екстремните температури кои ги имало во [[зима]]та.
 
Познати се околу 200 видови на штетници кои ги напаѓаат јагодите, директно или индиректно. Во овие штетници спаѓаат: [[полжави]], [[пеперутки]], [[Винска мушичка|вински мушички]], молци итн. Исто така, [[Гасеница|гасениците]] од видот Лепидоптера се хранат со јагоди.
Ред 83:
* „Полиња со јагоди, засекогаш“ (''Strawberry fields forever'') - песна на британската група „[[Битлси]]“ (''The Beatles'') од [[1967]] година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=8UQK-UcRezE YouTube, Strawberry Fields Forever - Restored HD Video (пристапено на 17.1.2017)]</ref>
* „Диви јагоди“ (''Divlje jagode'') - песна на босанската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Дивље јагоде]]“ од 1988 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=ZTqtvdRB030 YouTube, DIVLJE JAGODE - DIVLJE JAGODE (1988) (пристапено на 24.11.2019)]</ref>
* „[[Диви јагоди (филм)|Диви јагоди]]“ ([[шведски]]: ''Smultronstället'') - шведски [[филм]] од 1957 година, во [[режија]] на [[Ингмар Бергман]].<ref>''Антена'', број 823, 4.4.2014, стр. 18.</ref> <ref>[http://www.rottentomatoes.com/m/wild_strawberries/ Smultronstället (Wild Strawberries) (1957) (пристапено на 12.4.2014)]</ref>
 
== Наводи ==
Ред 89:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Јагода]]
[[Категорија:Бобинки]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јагода