Стрип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Промоција на стрипот во Македонија: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век (2), 0-ти век → 0 век (2), 0-тиот век → 0 век (2) using AWB
Ред 34:
Медиумот стрип има различни називи во различни земји и периоди:
==== Во Соединетите Американски Држави ====
* ''Funny'' е називот на хумористичниот цртеж кој на крајот на 20-тиот век се појавува во дневните весници. На почетокот на 20-тиот век овој назив е синоним на називот ''strip''.
* ''Strip'', кратенка од ''comic strip'': хумористичен цртеж во два-три хоризонтално поставени квадрати кои се појавувале со неделниот додаток на некој весник, нарекуван исто така и ''sunday strip'' пред да стане вистинска приказна со повторливи ликови.
* ''Comic'', кратенка од ''comic strip'': наречен уште и ''daily strip'', хумористични цртежи во две-три квадрати постевени хоризонтално кој се издава секој ден и е организиран на начин да раскаже приказна која повеќе е наменета за возрасни.
Ред 69:
== Историја ==
[[Податотека:Pieds Nickeles 3.jpg|thumb|200px|right|[[Les Pieds Nickelés]] од [[Луј Фортон]]]]
Стрипот се појавил во [[Швајцарија]] на почетокот на 30-тите години на 19-ти век со појавата на првите албуми на [[Рудолф Тепфер]] (види [[Приказна на господин Жабо]]), стрипот се шири во тек на 19-ти век низ цел свет преку ревиите и весниците за хумор и сатира). Популаризиран на самиот крај на векот во американските весници во форма на ''comic strip'', стрипот станал масовен медиум, во најразлични форми во [[САД]], додека во [[Европа]] сѐ повеќе фокусиран како четиво за деца. Сѐ повеќе доминирајќи во детскиот печат, преку специјализирани списанија после 1930, стрипот почнал да им се обраќа и на младите и на одредени групи возрасни читатели. Од 1950, повторно се развива во ново, трето жариште кога Јапонија почнува масовно да произведува и создава стрипови под влијанието на [[Осаму Тезука]]. Трите жаришта тогаш релативно се независни едни од други, како во објавените дела така и во издавачките структури а само американското успева даа навлезе во двата други. Во 60-тите на 20-ти век, стрипот почнал да се одвојува од доменот на творештво за деца и од самиот жанр. Творбите на [[Жан-Клод Форест]], од движењето ''[[гекига]]'' и американското подземје на стрипот придонеле да се појават првите вистински критики во Европа и САД. Во 70-тите експериментирањата продолжиле со [[Жан Жиро|Мебиус]], додека авторството достигнува свој врв на крајот на деценијата со успехот на терминот „[[графичка новела]]“ на [[Вил Ајзнер]] или концептот на „романи-стрипови“ истакнат за промовирање на ''[[Корто Малтезе]]'' на [[Хуго Прат]].
 
== Трите светски жаришта ==
Ред 84:
 
*'''Првата фаза''' од тие три фази на медиумската актуелност е во периодот пред ослободувањето и се совпаѓа со првите побитни контакти на југословенското читателство, во тие рамки и на припадниците на младата генерција љубители и автори на „деветтата уметност“ што ја популаризирале низа детски и специјализирани списанија кои на почетокот донесувале бројни странски, а потоа и домашни стрип остварувања (најмногу од припадниците на т.н. „Белградски круг“: [[Ѓорѓе Лабачев]], [[Никола Навојев]], [[Сергеј Соловјев]] и Кузњецов. За време на [[НОВ]] се појавиле првите стрип-цртачи на наши воени и политички затворениои како [[Василие Поповиќ – Цицо]] кој во [[1941]] остварил циклус од 88 карикатури, наречен ''Од логорот'' како едно горко-хуморно сведоштво за логорските искуства на овој наш веројатно најголем карикатурист. Во 1942-1943, во затвор во [[Тирана]] бил затворен стружанецот [[Стеван Несторовски]] кој освен цртежите за Ленин остварил и неколку скици на кои претставил некои маркантни случаи во затворот: подготвување, обиди за бегство, стрелање на петмина млади политички затвореници. Друг пример на цртачко творштво се фотомонтажите на [[Владо Малески]] кои го претставувале револуционерното минато на Македонија. Овие фотомонтажи создавани првата година од окупацијата, Малески ги работел во свој тефтер-албум. Други цртачи од овој период биле [[Бранко Шотра]] и [[Тоде Ивановски]] кој цртал теми од партизанското и борбено секојдневие, [[Борко Лазески]] кој со своите цртежи во туш претставувал мотиви од секојдневието на бегалците од [[Егејска Македонија]] а ликовните дејци [[Никола Мариноски]] и [[Томо Владимирски]] остварувале цртежи со драматични и лирски теми на тема НОБ и партизаните.
*'''Втората фаза''' на актуелноста на стрипот во нашата средина го означува периодот од средината на 40-тите години од 20-ти век, до почетокот на 70-тите. Иако, илустраторот и карикатуристот [[Панде Јаревски]] располагал со цртежи од неговиот стрип работен, според неговото тврдење, во 1941 година, при влегувањето на германските окупатори во Битола, тој веднаш по ослободувањето во весникот ''Единство'', во 1946 година, го објавил стрипот под наслов „Чорбаџи Вангел прислушкуе“. Станува збор за краток стрип во лента со тема од повоената стварност во која двајца селани надитруваат еден наконтен градски чорбаџија. Очигледно, се работи за стрип што ги спојува народските типолошки традиции за итрите селани, со повоениот пропагандизам, во склад со новата општествена ситуација што настанува со ослободувањето и изведувањето на социјалната револуција. Меѓутоа, малку порано, во 1945 година, уште еден талентиран цртач, подоцна и прв македонски романописец, реномиран писател, подоцна и академик, [[Славко Јаневски]], во детскиот весник „Пионер“ го објавува својот детски стрип „во продолжение“, под наслов „Еден бункер падна“. Станува збор за оригинално остварување, значајно барем поради два момента: прво, затоа што се работи за прв повоен стрип од македонски автор, и второ, зашто тој во себе го вклучува поетскиот израз во текстот којшто е изведен во четворостиха рима, вонредно допадлива за најмладите читатели. Нешто подоцна, уште еден подоцнежен литерат, ликовен критичар и академик, [[Влада Урошевиќ]] се појавил како автор (сценарист) на еден стрип работен со туш на хамер - „Доживувањата на инспекторот Ѓорѓевиќ“, нацртан во 1949 година на околу пет табли, од страна на стрип-цртачот [[Михо Лазаров]]. Еден од младите стрип-ентузијасти и автори бил и ликовниот уметник [[Боро Крстевски]], кој во 1945 го објавил својот прв стрип под наслов „''Да живее работата''“, според текст на Славко Јаневски. Крстевски бил најплоден автор меѓу раните македонски стрип-автори. Во 1952 година, подолг стрип со бајковита тема објавил и [[Томе Андреевски]]. Во оваа плејада на млади стрип-автори што создавале во 50-тите години на минатиот век, неопходно е да се спомене и [[Душан Перчинков]], кој првиот стрип, адаптација на анегдотата „Настредин-оџа и неговото магаре“ го објавил во 1952 година во „Титов пионер“. Подоцна Перчинков објавил серија стрипови за [[Настредин-оџа]], публикувани во 1953 година. Под псевдонимот Перица Панов, во мартовскиот и априлскиот број на „Титов пионер“, во 1953 година својот прв стрип „Палчо“ го објавил [[Петар Глигоровски]], подоцна афирмиран графичар и илустратор и автор на првиот македонски анимиран филм („[[Ембрионот Но. М]]“).
 
=== Генерација на виталните шеесети ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стрип