Разлика помеѓу преработките на „Ориент“

Одземени 33 бајти ,  пред 2 месеци
с
→‎top: Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век (3), 9-тиот век → 9 век, 0-тиот век → 0 век using AWB
с (→‎top: Стилска исправка, replaced: Централна Азија → Средна Азија using AWB)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век (3), 9-тиот век → 9 век, 0-тиот век → 0 век using AWB)
 
Во подоцнежната Римското Царство, преториските начелства од Истокот, Praefectura Praetorio Orientis, го сочинувале најголемиот дел од Источното Римско царство, од источниот Балкан, па натаму кон исток; нејзиниот најисточен дел бил Diocese, Dioecesis Orientis, што грубо кажано, кореспондира на Голема Сирија . Со тек на време, општиот поим за Истокот се движи се подлабоко кон истокот, при што Западната цивилизација го нарекува ‘Далечниот Исток’, кога ќе го достигне и Тихиот Океан. Ваквите промени во времето и идентитет понекогаш создаваат забуна во доменот (историски и географски) на ориенталните изучувања.
Постојат и контексти во кои "Ориент" и "Ориентално" ги зачувале нивните постари значења, на пример, 'ориентални зачини' потекнува од областа која се протега од Блискиот Исток до Индија и до Индо-Кина. Патниците се уште можат повторно да се качат на возот Ориент експрес, од Париз до последната станица во европскиот дел на Истанбул, линија основана во почетокот на 20-тиот век.
Во европската историографија значењето на "Ориентот" се променило неколку пати. Најпрво, поимот се однесувал на Египет, Левант, и соседните области. Подоцна, станало синоним на Исламот и Јудаизмот и неговиот домен се проширил и кон исток и кон запад, како би ги вклучил сите неевропски области од Евроазиската цивилизација, вклучувајќи ја и Северна Африка. Во текот на 1800-тите Индија, и во помала мера Кина, почнале да го заземаат местото на Левант како главен предмет на ориенталистичкото истражување. До средината на 20 век, според западните научници, под ‘Истокот’ спаѓале само Источна Азија, Југоисточна Азија, и Источна Средна Азија. Подоцна, под истиот поим се вклучувале Северна Африка, па дури и делови од југоисточна Европа. Денес, првенствено, терминот евоцира слики на Кина, Кореја, Јапонија, Виетнам и полуостровот Југоисточна Азија. Низ историјата на менувањето на смислата на овој термин, "Ориент" никогаш не бил еквивалентен на Азија како целина. Големи делови на Азија се исклучени од планот на "Ориентот", кој е значително важен, културен поим -особено Сибир.
Придавскиот поим ‘ориентален’ се користи најчесто од страна на Западот, како би ги означиле културите, народите, земјите, и производите од Ориентот. "Ориентален" обично значи "источен". Тоа е традиционална ознака за нешто што припаѓа на Ориентот или "Истокот" (за Азија), а особено на источната култура. Го означува источното подучување во историската астрономија, често скратено "Ори." Во современиот Англиски, ‘ориентално’ обично се однесува на нешта кои потекнуваат од деловите на Источна Азија, која била окупирана од Источно Азијците. Голем број Централно Азијци и Југоисточните Азијци се расно категоризирани како ''"монголоидни"''. Ова не ги вклучува Евреите, Индијците, Арапите и повеќето други народи од Јужна или Западна Азија. Поради историската дискриминација на Кинезите и Јапонците, во некои делови на САД, терминот се смета за навредлив, на пример, државата Вашингтон ја забранува употребата на зборот "ориентален" во законодавството и владините документации, претпочитајќи го повеќе терминот "Азијски".
Во локалната употреба, "ориентален" исто така се користи за источните делови од Средоземното Море, како на пример ориенталната област на Мароко. Се користи и како придавка, сродна на "источната", особено во шпанските говорни подрачја низ светот . На пример, и двата острова на Филипините, Миндоро и Негрос се поделени во две провинции чии имиња се зборовите "ориенталните" и "западен". Официјалното име на Уругвај е República Oriental del Uruguay или Ориентална Република Уругвај, бидејќи се наоѓа источно од реката Уругвај.
Од 19-ти век ", ориенталист" е традиционалниот термин за научник на ориентални студии, но сепак, употребата на "ориентализмот", во англискиот јазик, за да се опише академски "Ориентални студии" е ретко: Оксфордскиот англиски речник цитира само една таква употреба, од страна на Лорд Бајрон во 1812 година. Ориентализмот се пораспростането се однесува на делата на многуте уметници од 19-ти век, кои биле специјализирани во "ориентални" предмети, често творејќи на своите патувања во Северна Африка и Западна Азија. Уметниците, како и научниците беа веќе опишани како "Ориенталисти" во 19-тиот век. Во 1978 година, палестинско-американскиот научник Едвард Саид, ја објави својата влијателна и контроверзна книга, Ориентализам. Тој го користел овој термин за да ја опише продорната западна традиција, и академски и уметнички, на пристрасни и нестручни толкувања на арапскиот и муслиманскиот свет, оформени од страна на ставовите на европскиот империјализам во 18-ти и 19-ти век.
 
'''Денешна употреба'''