Викиликс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто (6) using AWB
с →‎Критицизам на владите: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
Ред 219:
===Критицизам на владите===
 
Повеќето од владите и организациите чии шточиишто документи беа разоткриени од страна на Викликс беа критични кон организацијата.
[[Австралија]]:На 2 Декември 2010 година премиерката [[Џулиа Гилард]] даде изјава дека апсолутно ги осудува работењата на Викиликс и дека објавувањето на информациите на страната е „во голема мера неодговорно и нелегално”. Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е [[Австралиец]] и тој одговори два дена подоцна обвинувајќи ја неговата премиерка дека го предала како граѓанин на Австралија. Сепак на 8 Декември 2010 година-откако Викилкс ги објавија американските диломатски врски во кои дипломатите на САД му ставија етикета „контроломанијак”, поранешниот австралиски премиер и сегашен министер за надворешни работи [[Кевин Руд]] рече дека разоткривањата на американските тајни врски покренаа прашање околу американската безбедност. Руд рече:„суштината на одговорноста, како и на законската одговорност лежи кај оние коишто се одговорни за ваквото неавторизирано објавување”. Во статија во [[Аустралијан]], Асанж тврдеше, Австралискиот државен обвинител прави се што може за да помогне во истрагата на Америка јасно насочена кон собирањето на Австралиски граѓани и нивно испорачување за Америка”.
Меѓутоа, Австралиските власти подоцна изјавија дека Асанж не направил ништо нелегално.