Интернет-банкарство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 3:
 
==Опфат==
Во [[Македонија]], банките нудат бројни услуги преку интернет, наменети за населението и за [[претпријатиe|претпријатијата]], како што се: увид во состојбата на сметките, увид во дневните промени на сметките, добивање извод од сметките, префрлање [[пари]] од една на друга сметка, [[платен промет|плаќање]] кон други лица итн. Притоа, овие услуги вообичаено се бесплатни за населението, додека претпријатијата плаќаат одреден месечен надомест. Во продолжение, некои банки овозможуваат преку интернет да се поднесуваат барања за [[потрошувачки кредит|потрошувачки кредити]]и, а речиси сите банки, на своите интернет-страници имаат калкулатори преку кои потрошувачите може да прават пресметки на [[трошоци]]те на [[кредит]]ите. Се разбира, преку интернет-страниците, банките нудат бројни [[информациja|информации]] за видовите и цените на своите услуги. Во развиените земји, покрај банките, интернет-банкарство нудат и други, [[небанкарски финансиски институции|небанкарски]] оператори. На пример, во [[САД]] постојат два големи даватели на вакви услуги: [[Intuit]] и [[CheckFree]].
 
Во поново време, повеќе македонски банки им понудија на потрошувачите можност за плаќање на сметките по [[електроника|електронски]] пат. Притоа, претпријатијата од областа на снабдувањето со [[вода]], [[електрична енергија]] или греење склучуваат договори со банките, со кој нивните клиенти добиваат можност да ги плаќаат сметките на брз и едноставен начин, од своите компјутери. Имено, на својата интернет-страница банката поставува електронски образец на сметките за струја, вода или греење, нејзините клиенти го пополнуваат соодветниот формулар и ја овластуваат банката да ја плати сметката, а таа го извршува плаќањето. Електронското плаќање на сметките им нуди големи погодности, како на потрошувачите на банката, така и на комуналните претпријатија. Kорисниците на оваа услуга можат да ги плаќаат сметките од својот дом, така што не трошат време и не прават други трошоци за одење во банка или во [[пошта]]. Од друга страна, оваа услуга ги намалува трошоците на комуналните претпријатија, зашто ја отстранува потребата од печатење и испорака на сметките. Најпосле, самите банки остваруваат придобивки од оваа услуга, бидејќи на овој начин тие ги зацврстуваат односите со своите клиенти, а освен тоа, наплатуваат и одредена провизија за услугата.
Ред 51:
 
===SET===
[[SET]] ([[Secure Electronics Transaction]]) е технички стандард со кој што се заштитува наплатата со [[кредитнa картичкa|кредитни картички]] на интернет. Овој стандард вклучува дигитални сертификати со кои штокоишто се утврдува кој е вистинскиот носител на кредитната картичка што ја врши нарачката. Од една страна, SET стандардот го идентификува купувачот, но од друга страна тој обезбедува идентификација и за продавачот кој нуди стока и услуги преку интернет. Ова се остварува со помош на дигиталните сертификати, пред да се издаде информацијата за кредитната картичка. Со тоа се спречува продавачите да не ги злоупотребуваат информациите на купувачите. Дополнително, сите SET трансакции се криптирани.
 
===Криптирање===
Ред 71:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија: Веб апликации]]
[[Категорија:Веб Банкарска технологијаапликации]]
[[Категорија:Банкарска технологија]]
[[Категорија:Банкарски работи]]
[[Категорија: Банкарски систем на Македонија]]