Јаболка (потсемејство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирано списание → наведено списание using AWB
Ред 55:
}}
 
'''Јаболка''' ({{науч|Maloideae}}) — големо [[потсемејство]] од семејството на [[рози]]те со близу 1100 видови распространети низ целиот свет, но најголем дел од видовите се среќаваат во умерената северна хемисфера. Некои автори, оваа група ја рангираат и како посебно семејство — ''Malaceae''<ref> [http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/family.pl?683 GRIN Таксономија на растенија] </ref>.
 
Ова потсемејство се состои од [[Грмушка|грмушки]] и мали [[Дрво|дрвја]] кои се карактеризираат по присуството на [[плод]] наречен [[пом]] (типично јаболко), вид на [[придружен плод]], како и по основниот [[хромозом]]ски број кој изнесува 17 (наместо 7, 8 или 9 како во другите потфамилии). [[Цвет]]овите кај членовите на оваа група се најчесто [[Синкарпија|синкарпни]] (со сраснати [[Плоден лист|плодни листови]]) и имаат два до пет плодни листа. Освен што се сраснати меѓусебно, тие се сраснати и со [[хипанциум]]от (цветната чашка). [[Плодник]]от е речиси потцветен и созрева во јаболков плод (пом).
 
Овие одлики делумно ја одделуваат ова потсемејство од останатите потфамилии на Розите, каде плодните листови се слободни (несраснати) или солитарни, а плодникот е натцветен. Но, и во оваа група се среќаваат видови со [[Апокарпија|апокарпни]] цветови (со несраснати плодни листови), како оние од родовите ''[[Cotoneaster]]'', ''[[Heteromeles]]'' и ''[[Pyracantha]]'' (каде тие се целосно одделни), додека родот ''[[Dichotomanthes]]'' е [[перигин]]ски (венечните и чашкините ливчиња и [[Прашник|прашниците]] се наоѓаат околу работ на плодникот) и има натцветен плодник.
[[Податотека:Sorbus domestica flowerdiagram.png|thumb|left|[[Цветен дијаграм]] на [[оскоруша]].]]
Пом е плод единствен за ова потсемејство. Тој расте по пат на отекување на аднатниот хипанциум. [[Лист]]овите на растенијата во ова потсемејство се зимзелени или едногодишни. Доаѓаат во различни форми, од прости листови со целосен, назабен или перест раб, до пересто насечен раб. Тие може да бидат тенки и мембранозни или со кожеста текстура.
 
Скорешните таксономски проучувања предлагаат проширување на ова потсемејство со четири родови на тревести растенија кои се поблиску поврзани со традиционалната група ''Maloideae'' отколку со другите видови на ''Rosaceae''. Овие родови се ''[[Kageneckia]]'', ''[[Lindleya]]'' и ''[[Vauquelinia]]'', кои имаат [[хаплоид]]ен хромозомски број од 15 или 17, но носат плодови кои се капсули (кутијки), и родот ''[[Gillenia]]'', со хаплоиден хромозомски број од 9.
 
Родот ''Sorbus s.l.'' е [[Полифилеза|полифилетски]] и е разделен на пет нови родови: ''Sorbus sens. str.'', ''Cormus'', ''Chamaemespilus'', ''Aria'' и ''Torminalis''. ''Eriolobus'' и ''Docyniopsis'' се одделни од ''Malus''. Од друга страна, ''Micromeles'' е вклучен во ''Aria'', а ''Stranvaesia'' и ''Aronia'' се вклучени во ''Photinia''.<ref >{{цитиранонаведено списание | author=Kenneth R. Robinson, James B. Phipps, Josdeph R. Rohrer| title=Summary of the leaves in the genera of Maloideae (Rosaceae)| journal=Annals if the Missouri Botanical Garden| year=1992| volume=79| issue=1| pages=81–94| doi=10.2307/2399811}}</ref>
 
Оваа група се состои од одреден број на растенија кои се комерцијално важни [[Овошје|овошја]], како јаболките и крушите, додека останатите се одгледуваат како украсни растенија.