Стогово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Правец на протегање: Правописна исправка, replaced: југо-исток → југоисток using AWB
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (3) using AWB
Ред 41:
| easiest_route = }}
 
'''Стогово''' — висока [[планина]] во [[Западна Македонија|западниот дел на Македонија]] која се протега делумно во меридијански правец север - југ, односно северозапад - југоисток. Заедно со планината [[Караорман]], зафаќаат површина од 522 км<sup>2</sup>.<ref name=aleksandarstojmilov>{{цитирананаведена книга|last=Стојмилов|first=Александар|title=Географија на Република Македонија|language=македонски |publisher=Универзитет за туризам и менаџмент|year=2011|pages=56}}</ref>
 
== Правец на протегање ==
 
Планината Стогово се наоѓа меѓу долината на [[Црн Дрим]] на запад и [[Сатеска]] од исток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината [[Бистра]], а на југ преку врвот [[Бабин Срт]] (2240 метри надморска височина) се надоврзува на планината [[Караорман]]. На север е ограничена со [[Мала Река]], [[Гарска Река]], Јамска Река и превојот Јама, а на југ преку [[Караорман]] допира до Охридско-струшката котлина.<ref name="aleksandarstojmilov" /> На запад и југозапад падините на Стогово ги оградуваат Дебарското поле и долината на реката [[Црн Дрим]] односно областите [[Дримкол]] и [[Малесија]], додека пак на исток и југоисток ги оградува [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]] и северниот дел на областа [[Дебарца]]. Се протега во правец северозапад-југоисток.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Планината е млада верижна со остри сртови и припаѓа на Шарскиот планински систем. Сртот е јасно изразен по целата должина, на места е заоблен, а наместа остар и слабо расчленет.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Планинската страна свртена кон север од почетокот благо се спушта, а потоа стрмно паѓа кон долината на Мала Река и нејзините притоки Гарска и Јамска Река.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Највисоки врвови се Голем Рид - 2273 метри надморска височина, Бабин Срт - 2241 м.н.в., Стогово - 2218 метри, Канеш - 2216 м.н.в. и а има уште 7 други врвови повисоки од 2000 метри.<ref name="aleksandarstojmilov" /> [[Ѓорче Петров]] го дава следниот опис на правецот на протегање на Стгово: недалеку од [[Дебар]] преку [[Радика]], започнува планината Стогово, која врви кон југоисток под тап агол со [[Кораб]] и се покажува во Кичевско 3 часа на југозапад од градот [[Кичево]], со врвот Стогово.<ref name=gjorcepetrov>{{цитирананаведена книга|last=Петров|first=Гьорче|title=Материали по изучванието на Македония|language=бугарски |publisher=Печатница Вълковъ|year=1896|pages=10}}</ref> Тука таа завртува на југ и под името [[Караорман]] завршува во [[Охридско]].<ref name="gjorcepetrov" />
 
== Градба и природни одлики ==
 
Стогово е млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза.<ref name=aleksandarstojmilov1>{{цитирананаведена книга|last= Стојмилов|first=Александар|title=Географија на Република Македонија|language=македонски|publisher=Универзитет за туризам и менаџмент |year=2011|pages=64}}</ref> Во геолошкиот состав се сретнуваат филитоиди, зелени шкрилци, карбонати, глинци, рожнаци и сл.<ref name="aleksandarstojmilov" /> За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со глацијација и денеска на неа се јавува леднички (леднички) релјеф како циркови, валови и морени.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Во цирковите се јавуваат три леднички езера: Горно и Долно Езеро и езерото Маруша.<ref name="aleksandarstojmilov" /> Застапеноста на флората е „по катови“ односно во подножјето се застапени листопадните букови и дабови шуми, кон врвот тие се заменети со боровите зимзелени шуми, а самите каменести врвови се опкружени со високотревнати [[пасишта]] познати под името „алпски пасишта“. Бројни пасишта и бачила има на зарамнетото било на планината наречено Голема и Мала Мегданица која е опркужена со врвовите Голем Рид на запад, Бабин Срт на југ и Стогово на исток. Во [[2012]] година, на источните падини на Стогово во [[Кичевско]] во два наврати биле пронајдени единки на [[рис]], во рамки на истражувањето на рисовите во [[Македонија]].<ref name="Нова Македонија">{{наведена мрежна страница|url= http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=10246|title=Фатен третиот рис на планината Стогово|date=2 ноември 2012 |publisher=[[Нова Македонија]]|accessdate=9 септември 2015|location=Скопје}}</ref>
 
== Галерија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стогово