Исцелител (филм): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Removed inacurrate information. |
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (7) using AWB |
||
Ред 23:
}}
'''''Исцелител''''' — македонски [[филм]] во [[режија]] на [[Ѓорче Ставрески]], кој е истовремено и [[сценарист]] и [[продуцент]] на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. За меѓународната дистрибуција на филмот била задолжена француската агенција ''Wide''.<ref name="економија">{{наведено списание||last= Јаневски |first=Ѓорѓи |authorlink= |coauthors= |year= 2017/2018|month= декември/јануари |title= „Исцелител - Одблиску со Ѓорче Ставрески“ |journal= Економија и бизнис |volume= |issue=234/235 |pages=104-105 |id= |url= |accessdate=2018-01-29}}</ref> Главните улоги ги играат: [[Благој Веселинов]] и [[Анастас Тановски]].<ref name="imdb">{{
''Исцелител'' е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.<ref name="економија"/>
Ред 29:
Престижното списание „Вараети“ (''Variety'') објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија...“<ref name="економија"/>
== Содржина ==
Веле ([[Благој Веселинов]]), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо ([[Анастас Тановски]]) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.<ref name="милениум">{{
== Улоги ==
*[[Благој Веселинов]] - Веле
Ред 41:
Некои од останатите улоги ги толкуваат: [[Игор Ангелов]], Атанас Атанасовски, Симеон Дамевски - Мони, Катарина Илиевска, Бобан Кулески, Лазе Манасков, Јордан Симонов, Горан Стојановски, Наталија Теодосиева, Горан Трифуновски, [[Сенко Велинов]], Лиле Велјанова и други.<ref name="imdb"/>
==Продукција==
Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период: од првите напишани зборови во сценариото (2010) па до премиерата на филмот поминале дури седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма, но откако Ставрески го изработил краткиот комичен филм ''Скопски љубовџии'' во рамки на омнибусот ''[[Скопје ремикс]]'' (2012), се предомислил, и го напишал како црна комедија.<ref name="економија"/><ref name="рсе 1">{{
Идејата за филмот дошла од „пропаѓањето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество“, која според Ставрески, е во корелација со осиромашувањето на [[Република Македонија]] за време на транзицијата.<ref name="рсе 1"/>
Првиот долгометражен игран филм на Ѓорче Ставрески е и првата македонско-грчка копродукција во која финансиски помогнал Грчкиот филмски центар. Соработката всушност почнала кога на работилница за продуценти на EAVE ја Ставрески запознал Константина Ставрианоу од копродукцијата GRAAL S.A. од [[Атина]]. Претходно филмот имал неуспешни обиди за кофинансирање од [[Словенија]] и [[Бугарија]].<ref name="рсе 1"/>
==Прикажување==
Премиерата на филмот била одржана на [[9 ноември]] [[2017]] на [[Солунски филмски фестивал|Солунскиот филмски фестивал]] во рамките на програмата „Балкан Срвеј“ (''Balkan Survey''),<ref name="мкд 1">{{
Македонската премиера се случила на [[19 ноември]] [[2017]], на затворањето на 16-то издание на Фестивалот на европски филм [[Синедејс]], каде бил дочекан со овации и воодушевување.<ref name="рсе 1"/>
„Исцелител“ поминал исклучително добро кај македонската кино публика. На јавното прикажување во [[Градски парк (Скопје)|Градски парк Скопје]], на [[6 јуни]] [[2018]] филмот го погледнале околу 6.000 луѓе.<ref name="румена">{{
==Награди и признанија==
''Исцелител'' е добитник на повеќе награди и признанија. На својата премиера на [[Солун
Бил номиниран на повеќе престижни меѓународни филмски фестивали: филмскиот фестивал Црни Ноќи во [[Талин]] (2017, во категориите дебитантски филмови и специјална награда од жирито), Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел (2017, категорија најдобар филм), меѓународниот филмски фестивал во [[Тромсе]] (2018, категорија - најдобар филм според публиката), меѓународниот филмски фестивал [[Санта Барбара]] (2018, категорија - најдобар меѓународен филм) и меѓународниот филмски фестивал во [[Обањ]] (2018, категорија најдобар филм).<ref name="imdb"/><ref name="фонд"/>
|