Хари Потер и Каменот на мудроста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Damco7 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница using AWB
Ред 28:
'''''Хари Потер и Каменот на мудроста''''' ({{lang-en|Harry Potter and the Philosopher's Stone}}) е првиот роман од ''[[Хари Потер]]'' серијалот напишан од [[Џ. К. Роулинг]] и го прикажува [[Хари Потер (лик)|Хари Потер]], млад волшебник. Опишува како Хари открива дека е волшебник, се здобива со неколку пријатели и непријатели во [[Хогвортс училиштето за магии и волшебништво]] и со помош на своите пријатели го спречува повраќањето на лошиот волшебник [[Волдеморт]], кој ги убил родителите на Хари, а се обидел да го убие и Хари кога тој имал само една година.
 
Оваа книга е издадена на [[30 јуни]], [[1997]] од [[Bloomsbury Publishing Plc|Bloomsbury]] во [[Лондон]], а во САД под името '''''Harry Potter and the Sorcerer's Stone''''' од [[Scholastic Corporation]] во 1998. Ги има освоено поголем дел од наградите во Обединетото Кралство, кои се судени од деца, а и неколку други награди во САД. Книгата го има достигнато врвот на списокот за најпродавани фиктивни дела на ''[[New York Times]]'' во август, 1999 година и останува близу врвот на тој список во поголем дел од 1999 и 2000. Преведен е на неколку останати јазици и е направен во истоимен [[Хари Потер и Каменот на мудроста (филм)|долгометражен филм]].
 
Повеќето критични прегледи биле поволни, коментирајќи на Роулинговата имагинација, хумор, едноставност, директен стил и паметната конструкција на заплетот, иако неколку се пожалиле дека последните глави изгледале избрзани. Пишувањето е споредувано со тоа на [[Џејн Остин]], една од омилените писателки на Роулинг, со тоа на [[Роалд Дал]], чии дела доминираат во детските приказни пред појавувањето на Хари Потер, и со тоа на античкиот грчки раскажувач на приказни [[Хомер]]. Додека некои коментатори сметаат дека книгата гледа наназад на викторијанските и едвардијански приказни за [[интернат]]и, други пак сметаат дека жанрот е цврсто сместен во модерниот свет со обработување на етички и општествени прашања.
Ред 65:
=== Развој ===
 
Во 1990, писателката [[Џ. К. Раулинг]] заедно со своето момче сакала да се пресели во стан во [[Манчестер]]: „Откако поминав една цела недела барајќи стан, решив сама да се вратам во Лондон и се качив на воз, кога одеднаш идејата за Хари Потер се појави во мојата глава... Слабото, мало, црнокосо, момче стануваше повеќе од волшебник за мене... Започнав да ја пишувам „Каменот на мудроста“ истата таа вечер. Иако, првите неколку страни сега воопшто не се слични со готовата книга.“<ref name=hilary>[http://www.hilary.com/career/harrypotter.html Interview with JK Rowling, Author of Harry Potter], www.hilary.com</ref>
 
Потоа мајката на Раулинг умрела и за да ја совлада болката, Раулинг ја пренела целата своја болка на сирачето Хари.<ref name=hilary/> Откако го родила своето прво дете Џесика, таа испратила наоколу неколку од нејзините првобитни нацрти односно планови, нашла агент на својот втор обид и во 1996 книгата била прифатена од страна на [[Bloomsbury Publishing|Bloomsbury]], кои ја издале подоцна во 1997. Во мај 2008, Scholastic го најави издавањето на посебно издание по повод 10 годишнината на книгата. Ова издание ќе се издаде во септември 2008 за да се означи оригиналното американско издавање.<ref>{{цитиранаНаведена вебмрежна страница|url=http://www.mugglenet.com/app/news/full_story/1638|title=Scholastic Reveals Sorcerer's Stone Anniversary Edition|date=20 мај, 2008|publisher=MuggleNet.com|accessdate=2009-01-12}}</ref>
 
== Публикување и прифатеност во ОК ==
== Публикување и прифатеност во САД ==
 
 
== Наводи ==
Ред 79 ⟶ 78:
* [http://www.hp-lexicon.org/about/books/ps/book_ps.html Додатни информации и сиже] од Хари Потер лексикон
 
{{Шаблон:Хари Потер}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Книги за Хари Потер|К]]
[[Категорија:Категорија:1997 во книжевноста]]