Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Војна со отоманците: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
с Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари (2) using AWB
Ред 72:
Во меѓувреме султанот добил информации со кои се разоткрила доминацијата на Влад над Дунав. Тој го испратил бегот од Никополис, Хамза Паша за да склучи мир и/или да го елиминира Влад Трети.
Влад Цепеш планирал да направи заседа. Хамза Паша бегот од Никополис донел со себе 1 000 коњаници и кога го преминувал теснецот северно од Гиургиу, Влад го нападнал изненадно. Валахијците ги опколиле и ги поразиле турците. Турците биле речиси сите заробени и наиени на колци, но Хамза Паша избегал.
Во зимата 1462, Влад го преминал Дунав и ја опустошил областа меѓу Србија и Црното Море. Маскиран како турски спахија се инфилтрирал во отоманските кампови. Во писмо до Корвинус означено како 2 фебруарифевруари тој напишал:
Убив селани мажи и жени, стари и млади, кои живеат кај Обучица и Ново Село, каде Дунав се влева во морето, се до Рахова, која е сместена близу Хилија, од долниот дел на Дунав се до местата како Самовит и Гиген. Убивме 23 884 турци без да ги броиме тие чии домови ги запаливме или турците чии глави беа отсечени од нашите војници... Така вашето височество треба да знае дека јас го прекршив мирот со него (султанот Мехмет II ).
Како одговор на тоа, султанот Мехмет II собрал војска од 60 000 војници и 30 000 резервисти и во 1462 се упатил кон Валахија. Мехмет бил пречекан од шума од колци на кои Влад набил 20 000 луѓе. Командувајќи само со 40 000 луѓе, Влад не бил во можност да ги запре отоманците од влегувањето во Валахија и окупирањето на главниот град Тарговиште. Постојано организирал мали напади и заседи за турците, како што е ноќниот напад кога биле убиени 15 000 турци.
Ред 133:
== Руски приказни за Влад ==
 
Руската или словенската верзија на приказните за Влад наречени „Skazanie o Drakule voevode“ („Приказната за војводата Дракула“) се верува дека е напишана некаде меѓу 1481 и 1486. Копиите се правени од 15тиот до 18тиот век од кои 22 постоечки манускрипта се наоѓаат во руските архиви. Најстариот од 1490 завршува вака: „Напишано прво во годината 6994 според Византискиот календар (1486), на 13 фебруарифевруари; потоа транскрибирано од мене, грешникот Ефросин, во годината 6998 (1490), на 28 јануари“. Приказните за принцот Дракула не се ниту хронолошки, ни конзистентни, туку главно колекција од анегдоти од литературна и историска важност за Влад Цепеш.
Постојат 19 анегдоти во Приказните за принцот Дракула кои се подолги и имаат поголема конструкција за разлика од германските приказни. Може да се подлеат на два дела: првите 13 епизоди се нехронолошки настани кои се најблиски со оригиналната фолклорна усмена традиција за Влад. Последните шест епизоди се смета дека се напишани од просветител кој ги собирал, бидејќи се хронолошки и се чини дека се поструктурирани. Приказните почнуваат со краток вовед и анегдотата за заковување со шајки на капите со главите на амбасадорите. Завршуваат со смртта на Влад и информација за неговата фамилија.
Од 19 анегдоти, 10 имаат сличност со германските приказни. Иако постојат сличности меѓу руските и германските приказни за Влад, постои јасна разлика во ставот спрема него. Руските приказни го отсликуваат во попозитивно светло: опишан е како голем владетел, храбар и независен војник. Приказните за свирепоста се оправдуваат како дејствија на цврст владетел. Од 19 анегдоти само четири го преувеличуваат насилството. Некои елементи од анегдотите се подоцна додавани во руските приказни за Иван Грозни од Русија.