Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
с Додадена категорија using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Beaux-Arts de Carcassonne - Portrait d'André Chénier - Suvée - Joconde04400001220.jpg|десно|мини|250п| Андре Шенје, според портретот на Сиве во затворот Сен Лазар]]
'''Андре Мари Шенје''' ([[француски]]: André Marie Chénier) ({{роден во|Истанбул}}, {{роден на|30|октомври|1762}} - {{починат во|Париз}},{{починал на|25|јули|1794}}) - еден од најголемите француски поети на сите времиња, жртва на [[Француска револуција|Француската револуција]], [[Гилотина|гилотиниран]] само неколку дена пред крајот на власта на [[Терор (Франција)|Теророт]]. Поет со исклучителна сензибилност, оживувач на [[Антика|античките]] [[естетика|естетски]] вредности, предвесник на [[Романтизам|романтизмот]]; во неговиот бурен живот и трагичен крај, романтичарите го гледаат својот идол и идеал.
 
 
== Биографија ==
Роден е во населбата [[Галата]], денешен Каракој во [[Истанбул]] на [[30 октомври]] [[1762]] година, како трет син на Луј де Шенје, [[офицер]] во француската [[амбасада]] во Истанбул. Неговата мајка била [[Грци|Гркинка]], Елизабета Санти л’Омака (чија сестра била баба на [[Адолф Тјер]]), позната по својата убавина и духовитост. Проведувајќи го своето детство на југот на [[Франција]] со тетка си, Андре се придружува на мајка си во [[Париз]], каде таа се преселува во [[1773]] година. Сè уште во своето момчештво, тој станува огнен почитувач на сè што е поврзано со јазикот и цивилизацијата на [[Стара Грција]]. Неговата вродена треска кон знаењето е стимулирана уште повеќе на средбите со големите уметници и интелектуалци кои тој ги запознава на приемите во нивниот салон организирани од неговата мајка.
 
Сосема предвидливо, Шенје го мрази гарнизонскиот живот во [[Стразбур]], каде е стациониран полкот кон кој се приклучува во [[1782]] година како благородник-кадет. Војнички живот издржува само шест месеци, потоа се вратил во [[Париз]]. Наредните три години ги поминува во налудничаво и огнено пишување, комплетно подржан од неговото [[семејство]]; тогаш настануваат познатите [[идили]] и [[пасторали]], вдахновени од античките вредности, под влијанието на [[Теокрит]], [[Бион]], и патувањата во [[Неапол]] и [[Помпеја]]. Во овој период се напишани, или во најмала рака скицирани ''Слепецот'', ''Болната млада'', ''Бахус'', ''Ефрозина'' и ''Младата Тарантинка''. И покрај тоа што многу твори, сепак, ништо не објавува. Во [[ноември]] [[1787]] година му се укажува прилика да замине како конзул во [[Лондон]], која тој ја прифаќа, но воопшто не е среќен во главниот град на [[Англија]]. Можеби многу повеќе е заинтересиран за творештвото на [[Џон Милтон]] или [[Џемс Томсон]], а најмногу за она на [[Шекспир]], кое остава печат и врз неговиот израз. Привлечен од револуционерните настани кои веќе се одвивале во [[Франција]], тој повеќе не може да издржи во Лондон и се враќа во Париз, во [[1790]] година, затекувајќи ја својата земја на работ на анархија. Станува член на „Општеството ’89“, умереното крило на револуционерната партија, држи говори во клубот „[[Фејани]]“, објавува статии во ''Журнал де Пари'', почнувајќи ја својата кратка кариера како политички новинар; се бори со елоквенција против [[анархија]]та, неправдата и тиранијата. Иако ја поздравил Револуцијата, сепак не ги одобрувал постапките на [[Јакобинци]]те. По затворањето на [[Луј XVI]], тој чувствува дека одбраната на принципите на [[Револуцијата]] во рамките на умереноста, законот и редот се утописка драма, и со горчливо разочарување, решава да се повлече од јавниот живот. Го напушта Париз извесно време, но, премногу фасциниран од политичките случувања, не може да се воздржи, а да не се врати повторно назад – што било фатална одлука. Бидејќи се залагал за ослободување на кралот Луј XVI, тој бил осомничен дека соработува со [[Монархија|монархистите]] и дека подготвува завера против Револуцијата.<ref name="Alphonse Daudet 1986">Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 18.</ref>
 
== Крајот ==
Ред 15 ⟶ 14:
 
[[Податотека:1ChenierGraveSm.jpg|десно|мини|250п|Гробот на Андре Шенје во париските гробишта Пер Лашез]]
Поет до последната минута од својот живот, чекори по ''dernière charrette'', или ''последниот пат'' заедно со Руше, својот пријател од затворот. Двајцата рецитирајќи стихови од [[Жан Расин|Расин]]овата [[Андромаха]], се движат кон гиlотината. Шенjе, политичкиот маченик, е обезглавен на [[25 јули]] на плоштадот Бариер Ранверсе (сега Плоштад Венсен). Во миговите пред да биде ставен на страшната направа, го допира своето чело и извикува: ''„Сепак, тука имаше нешто!“'' Запаметен е како една од последните еминентни жртви во времето на власта на [[Теророт]], која завршува само три дена подоцна – со смртта на [[Робеспјер]] за кого се верува дека не ги заборавил памфлетите на Шенjе и лично се ангажирал околу обвинението (најчесто егзекуциите се извршувале на Плоштадот на Револуцијата, претходно Плоштад [[Луј XV]], а денеска Плоштад [[Конкорд]] – но за време на последните денови на Теророт, имало толку многу смртни казни, што морало да се постават уште неколку губилишта на повеќе места). Шенjе, поетот-маченик бил откриен дури во [[1819]] година, кога [[Анри де Латуш]] ги објавува неговите комплетни поетски дела, дотогаш чувани од неговото семејство како бесценета реликвија; тоа е период кога монархијата повторно е воспоставена, а револуционерните турбуленции се одамна минато.
 
Тој веднаш станува идол на младите [[романтичари]], кои во него гледаат претходник на нивното движење. Неговиот живот, особено неговите последни творби, инспирирале бројни дела, меѓу кои се издвојуваат операта на [[Умберто Џордано]], и [[Дикенс]]овата ''Приказна за двата града''.
 
== Поезијата на Шенје ==
Левантската позадина (татко му пред службата во амбасадата во Истанбул бил трговски претставник во [[Венеција]]) и луксузот и совршенството во кое тој е воспитан, Шенје го прават привлечен бонвиван кој потполно ужива во лесната ноншалантност од париските салони, но и будоари. Во исто време во него постои и чувствителен уметник, надарен со богат внатрешен живот, она што му овозможува да се изолира од напорниот свет наоколу и да се вивне во сферите на [[медитација]]та и поетската инспирација. Единствен вистински поет на своето време, ја возобновува и реоткрива грчката класична литература и ѝ ја дава возобновената убавина во своите моќни [[стих]]ови, помирувајќи ја [[антика]]та со модерната мисла и ревитализирајќи ја одамна загубената [[лирика]] во француската [[поезија]].
 
Бесмртни се стиховите напишани во [[затвор]]от ноќта пред [[смрт]]та; треперат со воздишката на загубениот рај, но и со надежта дека неговиот живот е жртва кон подоброто утре за што тој постојано копнеел. Исклучително импозантно дело се неговите [[јамби]] (стихови во наизменично повторување на 12 и 8 слогови), исто така напишани во затворот. Позната е приказната за затвореничката Еме де Коањи, за која луѓето веќе измислиле легенда. Многу нормално, Шенје веднаш бил пленет од убавината на 23-годишната девојка. По веќе овековечените Ликори и Фани, станува неговата последна [[муза]], онаа која му ги инспирира неговите последни, најубави стихови, оние на ''Младата Тарентинка'' (''Jeune Tarentine''). Оваа поема – заедно со сите други негови песни напишани во Сен Лазар, била кришум изнесена надвор од ѕидините на затворот во корпа со облека за перење – огромно придонела за легендата за несреќната љубов помеѓу поетот и Еме де Коањи, која, секако, никојпат не се ни случила во вистинскиот живот. Всушност, оваа муза е малку веројатно дека би можела да биде „ангелското суштество“ што се појавува во поемата; повеќе би било за верување дека тоа било само естетско сонување на големиот поет. Омажена на 16 години, Еме имала многу познати љубовници, како што бил неодоливиот Лозен, потоа лордот Малмесбери и де Монтрон. Де Монтрон бил затворен во Сен Лазар заедно со неа; тие и стапиле набргу во брак (сопругот на де Коањи бил во егзил поради револуцијата и набргу починал) откако успеале да избегаат, подмитувајќи ги стражарите со 100 златника. Во нејзините мемоари, таа ниту еднаш не го споменува Шенје, и многу веројатно е оти не била свесна дека станала бесмртна поради песната на големиот поет.
 
Шенје останал запаметен по суптилниот и грациозен стил, по примерот на старогрчките и латинските поети. Поради тоа, тој бил наречен „последен поет на [[Класицизам|класицизмот]] и прв [[Романтизам|романтик]]“.<ref> name="Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 18.<"/ref>
 
== Надворешни врски ==
Ред 33 ⟶ 32:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Шенје, Андре}}
[[Категорија:Француски писатели]]
[[Категорија:Француски поети]]
[[Категорија:Романтизам во книжевноста]]
[[Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет]]