Величествениот султан (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (3) using AWB
с →‎Сезона 3: Правописна исправка, replaced: трет пат → третпат using AWB
Ред 139:
Нигар се враќа во Истанбул. Таа се среќава со Шах и вели дека сака да се одмазди. Хатиџе и Шах прифаќаат. Тие и помагаат на Нигар да влезе во палатата на Михримах и Рустем со цел таа да го убие Рустем. Но кога ја гледа ќерката на Михримах се потсетува на нејзината ќерка и одлучува да го киднапира детето. Рустем и војската насекаде ја бараат Нигар и кога ја наоѓаат во шумата таа се заканува дека ќе се фрли во провалија заедно со бебето. Меѓутоа, Рустем успева да ја земе својата ќерка а Нигар се самоубива.
 
Љутфи ја продолжува својата акција против проституцијата. Кога една жена го исмева и навредува, тој толку многу е бесен што наредува да и го изгорат половиот орган без дозвола на кадијата. Шах е шокирана кога дознава за тоа и одлучува да се разведе од него. Меѓутоа пред да изговори по трет паттретпат дека се разведува од него, тој и удира шамар и кога Сулејман дознава за тоа го разрешува од неговата должност и го протерува.
 
Мустафа се среќава со австрискиот амбасадор. Тоа доведува до конфликт помеѓу Сулејман и Мустафа. Сулејман го казнува Мустафа така што не му дозволува да оди на поход заедно со него. Потоа Сулејман го разрешува Мустафа од управител на Маниса и го назначува за управител на Амасија.