Мјуча Прада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
с →‎Биографија: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 12:
Прада била уметник и всушност не мислела за преземање на компанијата. Таа вежбала мимика околу пет години во Teatro Piccolo во [[Милано]]. Била член на комунистичката партија и на правата на жените во текот на седумдесеттите во Милано. Наскоро била во состојба да ја докаже својата вредност во 1985 година. Дизајнирала нова линија на чанти во црно, кои биле без етикета, тешки за носење и добро направени со најлон. Тоа веднаш станало голем успех. Чантите наскоро добиле покровителство од Marie Helvin и Jerry Hall. Чантите чинеле околу 250 долари. Но веднаш по успехот, една друга компанија која направила слична линија чанти, се издигнала и се обидела да направи поинтересни чанти. Сепак, чантите на Прада беа наменети само за моделите, супер моделите и модните дизајнери од целиот свет, чиј избор бил ништо друго освен Прада.
 
Во 1989 година, Прада била во можност да ја лансира колекцијата “ready-to-wear” за жени. Популарноста што ја добила била неверојатна. Фустаните биле во целосен контраст со дизајнот и модата во тоа време. Таа била многу инспирирана за сопствената гардероба. Тоа довело до создавање на нејзината поевтина линија “Miu Miu”, која го користи нејзиниот прекар, која била направена од природни бои и материјали. Во 1993 година, Прада победила на американскиот меѓународен натпревар за модни дизајнери и ја добила наградата за нејзиниот стил со чист дизајн на еколошки материјали и одлична изработка. По една година таа била во Њујорк за прв патпрвпат. Исто така, отворила бутик во Лондон. Во 1995 година, ја презентирала својата “ready-to-wear” колекција за мажи и тоа исто така, бил огромен успех.
 
Ги презела уздите на компанија и се запознала со својот иден сопруг Patrizio Bertelli, кој и бил деловен партнер. Го славела секој успех на својот бизнис со својот сопруг. Прада изјавила: “Доколку не го сретнев, јас веројатно ќе се откажев и не би била во состојба да го сторам тоа што го сторив. Исто така не би пораснала толку и не би се оспособила да се натпреварувам со другите гиганти од истата област...”