Мјуча Прада
Мјуча Прада (ита. Miuccia Prada; 10 мај 1949) — италијанска моден творец и претприемачка. Исто така е доктор по политички науки.
“Модата е мојата страст, но не дозволувам да го контролира мојот живот”
Животопис
уредиРодена на 10 мај 1949 година во Милано, Мјуча Прада влегла во семејниот бизнис во 1978 година. Модната куќа за правење материјали од кожа, е основана од страна на Марио, дедото на Мјуча Прада во Милано во 1913 година. Иако неподготвена, Прада ги зема уздите на компанијата во 1978 година. До тогаш Мјуча Прада го завршува своето образование и се здобива со диплома д-р по политички науки.
Таа била во можност да го поправи изгледот на производите, кои биле произведени во компанијата. Таа имала голем интерес за необични и различни материјали што довело до еденa специфиченa марка на производи. Комбинацијата на материјали, била многу поинаква од секојдневната. Производите на Прада биле уникатно различни поради две причини. Првата е во тоа што материјалите се користеле во многу невообичаен стил различен од нормалните и второ како тие се вклопувале за таа цел.
Прада била уметник и всушност не мислела за преземање на компанијата. Таа вежбала мимика околу пет години во Teatro Piccolo во Милано. Била член на комунистичката партија и на правата на жените во текот на седумдесеттите во Милано. Наскоро била во состојба да ја докаже својата вредност во 1985 година. Дизајнирала нова линија на чанти во црно, кои биле без етикета, тешки за носење и добро направени со најлон. Тоа веднаш станало голем успех. Чантите наскоро добиле покровителство од Marie Helvin и Jerry Hall. Чантите чинеле околу 250 долари. Но веднаш по успехот, една друга компанија која направила слична линија чанти, се издигнала и се обидела да направи поинтересни чанти. Сепак, чантите на Прада беа наменети само за моделите, супер моделите и модните творци од целиот свет, чиј избор бил ништо друго освен Прада.
Во 1989 година, Прада била во можност да ја лансира колекцијата “ready-to-wear” за жени. Популарноста што ја добила била неверојатна. Фустаните биле во целосен контраст со дизајнот и модата во тоа време. Таа била многу инспирирана за сопствената гардероба. Тоа довело до создавање на нејзината поевтина линија “Miu Miu”, која го користи нејзиниот прекар, која била направена од природни бои и материјали. Во 1993 година, Прада победила на американскиот меѓународен натпревар за модни творци и ја добила наградата за нејзиниот стил со чист дизајн на еколошки материјали и одлична изработка. По една година таа била во Њујорк за првпат. Исто така, отворила бутик во Лондон. Во 1995 година, ја презентирала својата “ready-to-wear” колекција за мажи и тоа исто така, бил огромен успех.
Ги презела уздите на компанија и се запознала со својот иден сопруг Patrizio Bertelli, кој и бил деловен партнер. Го славела секој успех на својот бизнис со својот сопруг. Прада изјавила: “Доколку не го сретнев, јас веројатно ќе се откажев и не би била во состојба да го сторам тоа што го сторив. Исто така не би пораснала толку и не би се оспособила да се натпреварувам со другите гиганти од истата област...”
Под влијание на Bertelli, модната куќа почнала да се движи кон освојување поголем пазар и соперништво кон LVMH компаниите до 2000 година. Во овој период етикетите како Хелмут Ланг, Fendi, Azzedine Alaia и Jil Sander биле додадени на нејзиното портфолио.
Претпријатието Прада
уредиВкупната продажба на препријатието Прада се зголемила од 270 милиони лири во 1994 година на 456 билиони лири во 1996 година и се очекувало да се зголеми со големи скокови и во следните години. Околу 55% од продажбата е во Европа, а најголемиот извозен пазар е Јапонија.
Прада има над 250 продавници низ светот. Да ја задржат контролата над малите пазари, таа не влезе со договори и други форми на слободниот пазар. Освен постојната линија на производи, нова линија на долна облека и облека за скијање, била додадена во 1997 година. Домашната линија била воведена во 1998 година. Прада парфемите се уште еден неверојатен производ, кои мора да се имаат.
Без Прада, луѓето би биле измешани со нејасни бои, материјали и едноставно без мода!
Надворешни врски
уреди- Prada official website - на англиски јазик
- Miuccia Prada - Biography Архивирано на 3 мај 2017 г. - на англиски јазик
- Miu Miu - на англиски јазик
- Women in Fashion biography Архивирано на 4 февруари 2011 г. - на англиски јазик