Радикал (хемија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 5:
Атомското јадро го обиколува електронски облак, полн со електрони. Овие електрони го обиколуваат атомското јадро во парови, но се случува атомот да загуби еден електрон, со што тој останува со еден неспарен електрон. Ваквиот атом се нарекува '''"слободен радикал"''', или понекогаш се среќава само како '''"радикал'''" и е многу реактивен. Најголемиот дел од биолошки-значајните слободни радикали се изразито реактивни. Кога во клетките од телото ќе се најде радикал, истиот е многу реактивен и може да предизвика уништување на клетката. Тоа може да се манифестира со појава на разни типови на малигни заболувања и хронични дегенеративни заболувања, како што се: артритис, [[атеросклероза]], [[Алцхајмерова болест]] и [[Шеќерна болест|дијабетес]].
 
Според ''теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките'', која за прв патпрвпат е објавена од '''Denham Harman''' во '''1956 год.'''<ref name="HARMAN" /> ; клетките постојано произведуваат слободни радикали, a постојаното оштетување од страна на радикалите, на крајот ја убива клетката. Тој претпоставил дека ендогените кислородни радикали (О<sub>2</sub><sup>-</sup> •), настанати како резултат на ензимските редукциони процеси во клетката, можат да доведат до оштетување и стареење на клетката, мутагени промени на клетката и канцерогени промени на клетката, на сличен начин како и при дејство на јонизирачко зрачење. Сите негови претпоставки се потврдуваат во последните 40 години. <ref name="BECKMAN" />
 
Карактеристиките на О<sub>2</sub> молекулата да прифаќа само еден електрон од други радикали во единица време, доведува до реална можност за формирање на '''кислородни радикали''' (О<sub>2</sub><sup>-</sup> • и H<sub>2</sub>O<sub>2</sub>), кои пак заедно можат да го генерираат екстрмно реактивниот '''хидроксилен радикал''' (• OH). Сите овие радикали се вклучени во т.н. оксидативна токсичност на клетката и заеднички се нарекуваат '''"оксиданси"'''. Во текот на клеточното дишење на ниво на аеробната клетка – во ланецот на транспорт на електрони, што се случува во митохондриите, понекогаш се случува електронот што доаѓа неправилно да се врзе за кислородот, при што се формира кислородниот радикал. Натрупаните кислородни радикали, најмногу ја оштетуваат ''[[Митохондриска ДНК|митохондриската ДНК (mtDNA)]]'', а ја оштетуваат и ''јадрената ДНК''. Тоа доведува до постепено стареење и умирање на клетката. <ref name="TAKAYUKI OZAWA" />
 
Со заштитување на ДНК од дејството на радикалите, се успорува стареењето на лабораториските животни. Некои лаборатории успеале да создадат овошни муви кои живеат за една третина подолго од нормалните овошни муви. <ref name="A KNIGHT" /> Овие лаборатории, генетски ги измениле овошните муви и направиле тие да создаваат повеќе природни '''антиоксиданси'''. Антиоксидансите се молекули кои ги елиминираат радикалите, па така зголеменото ниво на антиоксидансите врши превенција на штетното дејство кое радикалите и го нанесуваат на митохондриската ДНК. Други лаборатории пак, едноставно го намалиле доводот на храна на лабораториски стаорци, што резултирало со зголемување на максималниот животен век за 50% во споредба со животниот век на стаорците на кои им е дозволено да јадат слободно. <ref name="R.J. MEHLHORN" /> [[Митохондрија|Митохондриите]], внатре во прегладнетите стаорци, не се снабдуваат со доволно материјал за да функционираат со целосен капацитет. Поради тоа, во ланецот на транспорт на електрони во митохондриите на прегладнетите стаорци се пренесуваат помалку електрони. Со помалку пренесени електрони, се создаваат помалку кислородни радикали, па стареењето се забавува.
 
Главен проблем во ''теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките'' е неуспехот на антиоскидансите во форма на диетални додатоци, како што се [[витамин E]] и [[витамин Ц]], значително да го продолжат максималниот животен век. Поборниците на ''теоријата за слободните радикали'' сметаат дека диеталните антиоксиданси, за разлика од природните, кои ги произведуваат клетките, не успеваат да стигнат до ''митохондриската ДНК'', па затоа и не можат да ја заштитат. Интересно е што, иако антиоксидансите кои се користат како додатоци во храната не успеваат да го зголемат максималниот животен век, ги зголемуваат шансите за проживување на тој максимален животен век. Ова веројатно се должи на антиоксидантната заштита од оштетување на другите делови од клетката, како што се клеточните протеини и мембраните, од страна на слободните радикали. <ref name="R.J. MEHLHORN" />
 
== Антиоксиданси и нивното дејство на ниво на клетка ==
Антиоксиданси се супстанци кои можат да ги заштитат клетките од штетното дејство на слободните радикали. Тие се сврзуваат со слободните радикали, ги стабилизираат молекулите и на тој начин можат да го спречат оштетувањето што инаку би го предизвикале радикалите. Делуваат на три начини: можат ''да ја намалат енергијата на слободните радикали'', ''да го спречат нивното настанување'' или ''да ја прекинат верижната [[Редокс реакција|реакција на оскидација]]''.
 
Антиоксидансите често се опишуваат како '''"чистачи" на слободните радикали''', што значи дека ги неутрализираат и не им дозволуваат да земаат електрони од други молекули. Овие т.н. "чистачи" на радикали се хемикалии што природно се наоѓаат во храната, но и нашето тело произведува сопствени антиоксиданси. Повеќе различни истражувања ја докажуваат користа од конзумирање на храна богата со антиоксиданси, кои заедно со активниот, урамнотежен стил на живот, можат да помогнат во намалување на ризикот од некои видови [[Рак (болест)|рак]] и болести на срцето.
 
Лесно е да се внесат антиоксиданси во исхраната, затоа што во многу прехрамбени продукти што секојдневно ги јадеме има антиоксиданси:
 
 
* овошје (бобинки, цитрон, кајсиja, манго и црвено грозје)
Ред 28 ⟶ 27:
* темна чоколада
 
'''Табела 1.''' Разни видови антиоксиданси и прехрамбени продукти во кои се присутни
 
'''Табела 1.''' Разни видови антиоксиданси и прехрамбени продукти во кои се присутни
 
{| class="wikitable"
Ред 65 ⟶ 63:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Хемија]]