Лионел Меси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Сезона 2013-2014: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат, втор пат → вторпат using AWB
Ред 58:
 
==== Сезона 2011-2012 ====
Во сезоната [[2011]]/[[2012]], Меси повторно се истакнал со добро прикажаните партии, иако со својот клуб не успеал да го освои ниту шпанското првенство, ниту пак Лигата на шампионите, каде што во полуфиналето [[Барселона]] била елиминирана од [[Челси]]. Сепак, во оваа сезона, на одиграни 11 натпревари, Меси постигнал 14 голови во Лигата на шампионите, со што го израмнил рекордот за најдобар стрелец во една сезона, поставен од страна на [[Жозе Алтафини]] во сезоната [[1962]]/[[1963]]. Две сезони подоцна, Кристијано Роналдо го соборил овој рекорд.<ref>"Роналдо се израмни со Меси и со Алтафини", ''Дневник'', година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 29.</ref><ref>"Роналдо го надмина Меси", ''Дневник'', година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 25.</ref> Исто така, Меси успеал да постигне неверојатен рекорд, постигнувајќи дури 50 голови во шпанската лига, оставајќи го зад себе лутиот ривал од [[Реал Мадрид]] - [[Кристијано Роналдо]], кој постигнал 46 голови. Притоа, ако се смета само календарската 2011 година, Меси постигнал вкупно 55 гола во дресот на „Барселона“.<ref name="dailymail.co.uk"/> За ова остварување, во октомври 2012 година, Меси по втор патвторпат ја добил „Златната копачка“, која се доделува за најдобриот стрелец во [[Европа]]. Инаку, претходно Меси ја освоил истата награда пред две сезони.<ref>„Меси ја доби и втората Златна копачка“, ''Дневник'', година XVI, број 5001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25.</ref> На крајот од сезоната, во сите официјални натпревари за „Барселона“, Меси постигнал неверојатни 73 гола, што било апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал.<ref>„Суарез во налет да соборува рекорди“, ''Дневник'', година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 22.</ref>
 
==== Сезона 2012-2013 ====
Ред 106:
Во јуни [[2004]] година, Меси дебитирал во дресот за [[Аргентина]], играјќи во младинскиот состав под 20 години во мечот против [[Парагвај]]. Во [[2005]] година, тој бил дел од тимот на нови талентирани играчи кои го освоиле Младинскиот светски шампионат 2005, одржан во [[Холандија]]. Таму, Меси ја освоил наградата за најдобар играч на турнирот, а бил и најдобар стрелец, со шест постигнати голови, од кои два во последниот натпревар. На [[4 август]] [[2005]] година, [[Жозе Пекерман]] го повикал Меси во сениорскиот национален тим на Аргентина. Своето деби тој го направил на 17 август во мечот против [[Унгарија]], на возраст од 18 години и 54 дена. Меси влегол во игра во 63-та минута, но поради ударот со лакт на противничкиот одбранбен играч, Вилмос Ванчак (кој го повлекол Меси за дресот), судијата [[Маркус Мерк]] го испратил надвор од теренот, по одиграни само 40 секунди.
 
Првиот официјален меѓународен настап на Меси бил на [[3 септември]] во квалификациите за Светското првенство, каде што Аргентина била поразена на гостински терен од [[Парагвај]], со резултат 0:1. Пред натпреварот, Меси изјавил: „Ова е правото деби. Првото траеше многу кратко.“ На [[28 март]] [[2009]] година, во натпреварот против [[Венецуела]], во рамките на квалификациите за Светското првенство 2010, Меси за прв патпрвпат го носел аргентинскиот сениорски национален дрес со број 10. Истовремено, тоа бил првиот официјален натпревар за [[Диего Марадона]] како селектор на Аргентина. Аргентина победила во натпреварот со резултат 4:0, а Лионел Меси ја отворил серијата на голови.
 
=== Светско првенство во фудбал 2006 ===