Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 72:
Овие книги ги поставиле темелите на најпознатото дело на Маркс и Енгелс, политички памфлет што оттогаш стана познато како „Комунистичкиот манифест“. Додека престојувал во Брисел во 1846 година, Маркс ја продолжил својата врска со тајната радикална организација Сојузот на Праведните. Како што е наведено погоре, Маркс мислел дека Сојузот е само еден вид радикална организација што е потребна за да се поттикне работничката класа на Европа кон масовно движење што ќе донесе револуција на работничката класа. Како и да е, за организирање на работничката класа во масовно движење, Сојузот морал да престане со својата „тајна“ или „подземна“ ориентација и да работи на отворен терен како политичка партија. Членовите на Сојузот на крајот се убедиле во овој поглед. Според тоа, во јуни 1847 година Сојузот бил реорганизиран од нејзиното членство во ново отворено „надземно“ политичко здружение кое се обраќало директно до работничката класа. Ова ново отворено политичко здружение било наречено Сојуз на комунисти. И Маркс и Енгелс учествувале во изготвување на програмата и организациските принципи на новиот Сојуз на комунисти.
 
Кон крајот на 1847 година, Маркс и Енгелс започнале да го пишуваат она што ќе стане нивно најпознато дело - програма за акција на Сојузот на комунисти. Напишано заедно од Маркс и Енгелс од декември 1847 до јануари 1848 година, „Комунистичкиот манифест“ за прв патпрвпат бил објавен на 21 февруари 1848 година. „Комунистичкиот манифест“ ги изложил идеите на новиот Сојуз на комунисти. Бидејќи повеќе не било тајно здружение, Сојузот на комунисти сакал да ги разјасни целите и намерите пред јавноста отколку да ги крие своите верувања како што правел Сојузот на праведните. Воведните редови на памфлетот ја поставија основата на марксизмот: „Историјата на сите досегашни општества е историја на класни борби.“ Продолжува да ги испитува антагонизмите за кои Маркс тврди дека настанале во судирите на интереси помеѓу буржоазијата (богатата капиталистичка класа) и пролетаријатот (индустриската работничка класа). Поаѓајќи од ова, Манифестот го претставува аргументот зошто Сојузот на комунисти, наспроти другите социјалистички и либерални политички партии и групи во тоа време, навистина делувал во интерес на пролетаријатот да го собори капиталистичкото општество и да го замени со социјализам.
 
Подоцна истата година, Европа доживеала серија протести, бунтови и честопати насилни востанија што станаа познати како Револуциите од 1848 година. Во Франција, револуцијата доведе до соборување на монархијата и формирање на Француската Втора Република. Маркс поддржувал ваква активност и добивајќи значително наследство од неговиот татко (задржано од неговиот вујко Лионел Филипс по смртта на таткото на Маркс во 1838 година) или од 6000 или 5000 франци тој, наводно, искористел третина од таа сума за да ги вооружи белгиските работници кои планирале револуционерна акција. Иако вистинитоста на овие обвинувања е спорна, белгиското Министерство за правда го обвинило Маркс за тоа, го уапсило, па тој бил принуден да избега назад во Франција, каде под новата републиканска влада на власт верувал дека тој би бил безбеден.
Ред 200:
== Учење ==
 
Иако делото на Маркс се поврзува со повеќе различни области и теми, тоа е најпознато според сфаќањето на човечката [[историја]] како [[класна борба|борба меѓу класите]], сумирана во познатиот цитат од воведот на [[Комунистички манифест|Комунистичкиот манифест]]: „Историјата на сите досегашни општества е историја на класната борба“.
 
Маркс своето учење за општеството не го нарекол социологија, туку историски материјализам, сакајќи на тој начин да ги надмине тогашните статички гледања на општеството и идеалистичките објаснувања на општествените настани. Марксовите анализи главно се насочени кон објаснување на општествените промени до кои дошло за време на [[индустриска револуција|индустриската револуција]]. Во таа смисла тој конституира една теорија дека општеството се движи напред врз основа на одредени противречности што постојат во негови рамки. Меѓу тие противречности посебно место заземаат спротивностите меѓу [[општествени класи|општествените класи]]. Во секое општество има една доминантна класа: во [[антика]]та тоа е робовладетелската класа, во [[феудализам|феудализмот]] сопствениците на земјата - феудалците, а во [[капитализам|капитализмот]] сопствениците на средства за производство, капиталистите.
 
Маркс посебно ја анализира современата фаза од развитокот на општеството. Според него, најважните промени се поврзани со развитокот на капитализмот кој како систем на производство радикално се разликува од другите претходни системи. Во другите систем доминантно е натуралното производство, а во капитализмот стоковно-паричното, односно се произведуваат стоки и се даваат услуги на широк круг потрошувачи. Тие што се сопственици на капиталот, односно фабрики, земја, финансиски институции и слично, се владејачка класа.
 
Маркс смета дека борбата меѓу капиталистите и [[пролетaријат]]от ќе биде последна фаза од класната борба (која ќе заврши со револуционен пресврт), и тоа општество ќе биде заменето со бескласно општество - [[комунизам]], во кое ќе нема разлики меѓу богатите и сиромашните и ќе дојде до воспоставување на поправедно општество.
Ред 233:
{{ризница|Karl Marx}}
* [http://www.marxists.org/makedonski/m-e/index.htm Македонска архива на Карл Маркс и Фридрих Енгелс]
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Маркс, Карл}}
 
[[Категорија:Карл Маркс| ]]
[[Категорија:Марксизам]]
Ред 253 ⟶ 251:
[[Категорија:Еврејски филозофи]]
[[Категорија:Еврејски социјалисти]]
[[Категорија:Атеистички филозофи]]
[[Категорија:Германски комунисти]]
[[Категорија:Германски историчари]]