Социолингвистика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 92.55.102.32 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
{{Шаблон:Лингвистика}}
'''Социолингвистиката''' е гранка од [[лингвистика]]та која ги проучува пред сѐ разликите и промените на [[јазик]]от кои се манифестираат во однос на разликите ([[култура|културни]], [[општество|општествени]], [[економија|економски]]) на поединците и во однос на ситуациите во кои се одвива [[комуникација]]та. Накусо, може да се каже дека социолингвистиката го проучува начинот на кој одредени апстрактни јазични структури (кои од своја страна ги проучува [[општа лингвистика|општата лингвистика]]) се однесуваат кога се составен дел од некоја општествена стварност.
 
== Улога на социолингвистиката ==
Денес е општо познато дека секој [[јазик]] е производ на [[општество]]то во кое се зборува и дека истиот е во состојба да влијае врз општеството кое го раѓа. Ова тврдење, видно банално, во себе крие низа [[импликација|импликации]] кои се однесуваат на голем број научни дисциплини како што се [[антропологија]]та, [[етнологија]]та и [[етнографија]]та, [[социјална психологија|социјалната психологија]], [[социологија]]та итн. Но секоја од овие дисциплини го смета јазичниот феномен како секундарен во однос на сопствените дескриптивни цели и задачи т.е. како функционален во објаснувањето на другите феномени кои се составен дел на сложеното човеково општество како што е односот меѓу различните генерации, врските меѓу [[поло]]вите, [[обичаи|обичаите]]те и [[традиција|традициите]]. Дури и [[литература]]та која во одредени аспекти е многу блиска до [[лингвистика]]та, го набљудува [[јазик]]от во однос на содржините кои тој ги искажува и во оваа перспектива, само како средство на вреднување на општествениот контекст кој е „мајката“ на јазикот. Огледало на овие односи кон врската меѓу [[јазик]]от и [[општество]]то е токму социолингвистиката: таа всушност ги проучува врските кои постојат меѓу јазикот и ситуацискиот контекст, односно меѓу општеството, во поширока смисла во кој јазикот се зборува, нагласувајќи го самиот феномен јазик.
 
Целта на социолингвистиката е значи да развие модели, теории, [[методологија|методологии]] кои ќе бидат строги, но сепак нема да се фосилни средства за истражување, кои ќе му овозможат на истражувачот да ја опише стварноста со која се занимава на начин што е можно поверодостоен, на начин на кој ќе се води грижа за динамиката на јазикот и давајќи меѓу другото, и објаснување за опишаните феномени, преку една причинско-последична врска, или пак давајќи претпоставки доколку не е можно утврдувањето на таквата врска. Проучувањето на јазичните феномени, во најширока смила на зборот, ќе може да претставува клуч за пристап и толкување на општеството и обратно, анализата на општеството ќе доведе до поголемо разбирање на самите јазични феномени.
Ред 11:
== Од теориска лингвистика до социолингвистика ==
 
Развивајќи се како научна дисциплина од педесеттите години на [[20 век]] и пред сѐ темелејќи се на проучувањата на [[Вилијам Лабов]] за варијациите на [[англиски јазик|англискиот јазик]] во [[Њујорк]], социолингвистиката (терминот за прв патпрвпат бил употребен во [[1952]] год. од страна на Х.К.Кари) имала голема заслуга во истакнувањето на фактот дека [[јазик]]от не е исклучиво апстрактен феномен (како што понекојпат се сметало од страна на [[генеративна лингвистика|генеративната лингвистика]]), туку дека тој претставува еден вид огледало на [[општество]]то кое го произведува и истиот го употребува.
 
Преминот од [[теориска лингвистика]] кон лингвистика која води сметка за [[контекст]]от во кој јазикот наоѓа практична примена, може приближно да се изедначи со преминот од фокализирањето на ''структурата'' кон фокалицирањето на ''функцијата'', од јазичната форма како апстрактност кон јазичната форма како практичност во човековиот контекст. Со други зборови, јазикот се набљудува и проучува поради она што тој е, општествен феномен, а не повеќе само како чиста концептуална апстракција.
 
Можеме да заклучиме дека секоја говорна [[интеракција]] е општествен процес во кој [[реченица|речениците]] се избираат согласно [[норма|нормите]] и општествено прифатените очекувања, јазичните феномени можат да бидат анализирани како во рамките на јазичниот контекст ([[теориска лингвистика]]), така и во рамките на еден многу поширок контекст на општествено однесување ( [[функционална лингвистика]], социолингвистика).
 
 
== Литература ==
Ред 41 ⟶ 40:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Социолингвистика|*]]