Тенис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Правила во тенисот: сукници - здолниште
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 16:
Но тоа се сменало во XIX век кога викторијанскиот просперитет во [[Англија]] го заживел тенисот. Терени биле градени во многу познати дворови, и првите тениски клубови кои пружале установи за новите играчи. Во тој период растела популарноста на тревниот тенис. Ентузијастите долго време се обидувале да го адапритаат спортот за игра на отворено, и колку и да изгледа чудно тоа било постигнато благодарејќи на пронајдокот на вулканизираната гума. Тоа го овозможило производството на топки кои биле доволно меки да не ја оштетат тревата, а сепак имале ја цврстината и живоста на гумата.
 
Друг важен фактор била леснотијата на тревниот тенис. Имено се што било потребно било рамна тревна површина и така терените за тревниот тенис станале секојдневие во имотот на богатите. Вистинскиот тенис бил единствено во рамките на благороднците и кралското семејство, меѓутоа во викторијанска Англија спортот бил прифатен и од другите погорни класи. Терминот тревен тенис бил скован од [[Артур Балфур]], британски [[државник]]. Иако не требало долго време за тревните површини да бидат заменети од различни вештачки површини, името сепак останало долго време. За кратко време тенисот започнал да го зазема местото на [[Крокет|крокетоткрокет]]от како летен спорт. Најголемата поддршка за тенисот дошла во [[1875]] година кога “англискиот крокет клуб” не успеал да привлече доволно посетители, па во 1875 го додале тенисот како странична атракција. Новата игра била толку прифатена што во 1877 името на клубот било сменато во “англиски крокет и тенис клуб”. Но растечките трошоци за кирија на нивното место од четири акриво предградието на [[Лондон]]-Вимблдон, ги натерало да соберат додатни парични средства. Така првиот турнир за тревен тенис бил организиран. Бил организиран комитет за да зацрта сет на правила, и првиот турнир започнал со 22 играчи и околу 200 гледачи. Така се родил шампионатот на Вимблдон.
 
== [[Вимблдон]] ==
Ред 22:
Шампионатот на Вимблдон е еден од најзначајните настани во историјата на тенисот. Играта ја будеше фантазијата на јавноста и не беше потребно долго време за да се родат првите шампиони. Првиот од овие беше [[Вилијам Реншо]], кој го добил приматот шампион на Вимблдон осум пати со ред, помеѓу [[1881]] и [[1889]] (освоил второ место во 1887) – рекорд кој останува непобеден сè до ден денес.
 
Преку следните неколку години, спортот се здобил со огромна популарност, и тоа не само во Англија туку и низ целиот свет и во [[1905]] година [[Меј Сатон]] од [[САД]] станал првиот меѓународен играч. Таа година турнирот привлекол 71 играч. Неколку години подоцна, во 1909 година биле присвоени виолетовата и зелената боја, кои се уште се користат и ден денес. Растот на тенисот продолжил и турнирот од 1927 бил првиот тениски настан кој бил пренесуван преку радио. Ова му ја зголемило популарноста на тенисот повеќе, и во 1930тите тој станал спорт од високата мода, предводен од британските ѕвезди како [[Фред Пери]] и [[Дон Баxм]] и меѓународните шампиони како [[Хенри Лакост]]. Во тоа време највообичаени униформи беа долги пантолони за мажите, а за жените долги здолништа и високи чорапи. Модните трендови се развивале побрзо од спортот, и така Бани Остин од САД ја шокира публиката кога на турнирот во [[1933]] излезе на теренот по кратки пантолони. 1930тите беа времето на кога Вимблдон доживуваше бум и за прв патпрвпат целиот шампионат бил пренесуван на радио. Сето тоа дошло до ненадеен крај во [[1939]] кога војната го прекина турнирот сè до [[1946]] година (која случајно е последната година кога некој играч носел долги пантолони на теренот). Поствоената генерација го трансформира спортот преку додавање на технички подобрувања кои го претворија спортот во софистицирано поминување на времето за средната класа. 1960тите години беа доминирани од Австралијците Род Лејвер и [[Рој Емерсон]] и со ширењето на [[телевизија]]та тенисот беше претставен на многу поширока публика, па така тој стана меѓународен спорт во кој се вртат многу пари. Првиот телевизиски пренос во боја на Вимблдон бил во 1967 година. Во 1990те шампионатот стана пославен од било кога, особено поради надежите на [[Велика Британија]] за освојување на титула преку [[Грег Руседски]] и [[Тим Хенман]]. Иако е вистински меѓународен настан, Вимблдон стана британски спортски настан на годината.
 
Сервис
Ред 38:
* Опремата односно облеката и обувките се традицијонално бела боја, иако единствениот професионален турнир кој денес се држи до тоа е Вимболдон. Како и во останатите спортови се носат шорцеви и маици женските блузи и шорцеви или здолниште;
* Тенис може да се игра во сала и на отворено. Подлога може да биде трева земјена подлога синтетичка или паркет;
* Рамката на ракетот се изработува од дрво метал и синтетички материјал. Тениските топки се жолти или бели. Тешки се од 56.7 до 58.5 грама.
 
:Денес тенисот e компетитивен спорт од светска класа, кој каптивира милиони играчи и фанови од целиот свет. Константна програма на турнири и настани се одржува со текот на годините и најдобрите играчи стануваат икони на новата генерација. Некогашниот спорт на кралевите стана спорт за сите.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Тенис|*]]
[[Категорија:Олимписки спортови]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тенис