Меѓународен ден на жената: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с →‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (2) using AWB
Ред 3:
'''Меѓународен ден на жената''' — светски [[празник]] што се одбележува на секоја година на [[8 март]]. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
 
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше [[социјализам|социјалистичкото движење]]. Првиот Ден на жената е одбележан на [[28 февруари]] [[1909]] година во [[САД]] по иницијатива на [[Социјалистичка партија на Америка|Социјалистичката партија на Америка]]. Во 1910 г. под закрила на [[Втора интернационала|Втората интернационала]] во [[Копенхаген]] е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на [[19 март]] [[1911]], овој празник по прв патпрвпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во [[Австрија]], [[Данска]], [[Германија]] и [[Швајцарија]]. На 8 март [[1913]] година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
 
По победата на [[болшевизам|болшевиците]] во [[Русија]], а по иницијатива на [[Александра Колонтај]], 8 март по прв патпрвпат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на [[феминизам|феминизмот]]. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://365calend.ru/holidays/8-marta-mezhdunarodnyj-zhenskij-den.html|title=Меѓународен ден на жената.|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како [[Русија]], [[Белорусија]], [[Молдавија]], [[Украина]], [[Ерменија]], [[Монголија]], [[Узбекистан]], [[Виетнам]], [[Кина]]. A [[Република Македонија]] е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.
 
<br />
 
== Наводи ==