Држава: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
Ред 5:
Иако изразот „држава“ се користи во најширока смисла на зборот, за да го опише државниот апарат, модерната држава има битни разлики со античката, и тоа карактеристики кои најпрво се консолидирани во [[западна Европа]] во [[15 век]].
 
Во доцниот [[20 век]], [[глобализација]]та на светската [[економија]], мобилноста на луѓето и [[капитал]]от, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во [[16 век]]. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште преставува контраверзија во научните кругови.
 
Политичките [[социологија]], во традицијата и духот на [[Карл Маркс]] и Макс Вебер, вообичаено ја преферираат државата преку нејзината улога на примена на државниот апарат.
Ред 11:
Од доцниот [[19 век]], концептот на држава и [[нација]] се засилува и доаѓа до групирање на веќе постоечки именувани територии, окрупнувања, и групирања на номадски територии кои претходно не биле организирани во држава. Во моментов има повеќе од 200 држави кои ја сочинуваат меѓународната сцена, и голем дел од нив се претставени во [[Обединетите Нации]].
 
Во рамките на федерален систем, терминот држава исто така се однесува на политички единици кои не се суверени сами по себе, но подлежат на авторитетот на поголема држава, како што е случајот на пример со [[САД]].
 
==Дефинирање на државата==
Ред 56:
 
==== Државата и извршниот систем ====
[[Администрацијата|Администрацијата]] е еден од најтешките аспекти на владата. Во усвојувањето и спроведувањето на законите, победата на државата е комплетна, но не и во поглед на администрацијата. Причина за ова е леснотијата да се забележи предноста на усвојувањето и спроведувањето на законите, но не и на управувањето со домашните, религиските и деловните работи, кои треба да бидат одржани на минимум од страна на владата. Државата, првично била воена организација. Тогаш тоа било само територија со која владеел крал, со помош на мала елитна група на војувачи и судски службеници. Во суштина тоа било насилно владеење со поголема маса на луѓе. Сепак, полека, луѓето стекнале политичко претставување. За никој не може да се каже дека е член на држава ако нема право да учествува во создавањето на насоката на политиката. Една од основните функции на државата во однос на управувањето е одржувањето на внатрешниот ред и мир, не постои друга причина за мешање во животот на населението. За одржување на законите и редот, Државата развива средства за комуникација. Историски, „кралскиот пат“ е поставен за служба на кралските војски, а не како поттик за трговија. Во скоро сите земји, државата љубоморно ги контролира средствата за комуникација и посебните слободи како оние во „првиот амандман од [[уставот на САД|устав на САД]]“ и најчесто истите се ограничени. Првичната функција на Државата - одржувањето на јавниот ред и мир во границите, го провоцира појавувањето на полициската администрација, која е задолжена за делење на правда, но полициската надлежност има посебен карактер, кој се разликува од обичното судско работење. Со „[[полицискиот час|полициски час]]“, државата ја покажува важноста на спречувањето на нередот. На почетокот, покрај грижата за редот и мирот, државата водела сметка и за зголемувањето на приходите. На крајот ова довело до модерен социјализам. Следело усвојување на стандарден систем на мерки, за на крај државата да добие монопол врз ковањето на пари. Регулирањето на работоспособното население од страна на државата, како една од нејзините функции потекнува од 15 век, кога скоро половина од населението во Европа било покосено од чума.
 
Тогашната политика на државата била да ги прескокне сите посредни власти и директно да се справува со поединецот. Така било се до книгата на Адам Смит - „Богатството на народите“, во која била промовирана силна реакција на јавноста против мешањето на државата во приватноста. Со своето дејствување, државата го истакна проблемот со сиромаштијата или им пружи помош на сиромашните. Секако, државата не ја создала сиромаштијата, но со уништувањето на постоечките средства кои се справувале со неа, како: селото, црквата и еснафот, таа ја преземала целосната одговорност кон сиромашните без никаква власт над истите. „Големиот извештај за законот за сиромаштијата“ од 1834 година покажал дека комунизмот бил неконтролирано присутен во руралните области на Англија. Во новоразвиените земји како британските колонии, Државата одбила да ја преземе одговорноста за сиромашните и помагањето на истите, и покрај тоа што сиромашната класа е тешко зависна од државниот [[социјализам]].
 
Политичкото претставување помогнало во обликувањето на државната администрација. Кога може да се слушне гласот на поединецот, тогаш се намалува опасноста од произволното мешање на државата. До тој степен е популарен порастот на државното дејствување. Не постојат цврсти и строги правила за ограничување на државното управување, но ќе бидеме во заблуда ако сметаме дека државата е нација и дека сè што прави државата не мора да е корисно за нацијата. На прво место, дури ни во модерните времиња, државата и нацијата не се идентични. Дури и таму каде што постои универзално право на глас, останува фактот дека ширењето на државната администрација означува зголемено влијание на едни врз други, со што се ограничува слободата на дејствување. И’ да се призне дека државата и нацијата се едно исто, понекогаш е тешко да се каже дека државното управување е добро. За крај, модерното недискриминаторно претставување на државната администрација ја крие заблудата дека државните службеници мораат да бидат поефикасни во нивното дејствување за разлика од приватните претпријатија. Тука лежи основната разлика помеѓу јавната и деловната администрација, првата се занимава јавната благосостојба, додека другата со профитот. Сепак и кај двете се бара големо степен на образование и етичко однесување со цел да се избегнат постоечките проблеми во врската помеѓу не само, бизнисите и работниците, туку и државата и администрацијата.
Ред 68:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Политичка географија]]
[[Категорија:Политичка теорија]]
[[Категорија:Политичка филозофија]]
[[Категорија:Социологија]]
[[Категорија:Политиколошки поими]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Држава