Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Измена на име на поднаслов
с Јазична исправка, replaced: -та година → година (2) using AWB
Ред 11:
[[Податотека:Marat Boudry 200315.jpg|мини|Родната куќа на Мара во Будри, Швајцарија.]]
 
Жан-Пол Мара е роден на 24-ти мај 1743-та година, во градот Будри, близу Нешател, во северозападниот дел на Швајцарија, како дете на незабележлива Сардиниска фамилија. За неговите родители се сочувани оскудни податоци. Неговиот татко, кој имал презиме Маra (без „t“ кое подоцна Жан-Пол го додава), роден е во градот Каљариј, во Сардинија, а во Швајцарија се доселил малку пред раѓањето на својот син. По занимање бил цртач и сликар, а подоцна предавал странски јазици. Има податоци дека се занимавал и со медицина. Со својата работа скромно го издржувал своето големо семејство (освен најстариот син Жан-Пол, имало уште пет деца, две сестри, Марија и Албертин, и три браќа, Анри, Давид и Жан Пјер). Жан-Пол Мара Постариот живеел осумдесет години. Неговиот првенец Жан-Пол се родил кога тој имал четириесет години. До 1754 година Жан-Пол Мара Постариот живеел во Будри, а потоа се преселил во Нешател. Подоцна, во 1768 година, преминал во Женева. Во тоа време малиот Жан-Пол Мара веќе се отселил од домот на своите родители. За својот татко Жан-Пол Мара малку пишувал, но со длабока почит. Тој пишувал со посебна благодарност за тоа што добил „во родителскиот дом многу примерно воспитување“. Од својот татко го наследил интересот и способноста за учење странски јазици па научил француски, англиски, германски, италијански, подоцна шпански и холандски, а потоа латински и грчки. Татко му сакал од него да стане научник. Тоа било од големо влијание на умното формирање на идниот познат трибун. Многу често и со повеќе топлина Жан-Пол ја споменувал својата мајка. Лујз Каброл по раѓање била Французинка. До стапувањето во брак таа живеела со своите родители во Женева, каде се доселиле во 1723 година. Жан-Пол Мара признавал дека токму неговата мајка имала одлучувачко влијание врз развитокот на неговиот карактер и неговите етички идеали.<blockquote>Таа почитувана достојна жена, чија загуба ја оплакувам до денешен ден – пишувал тој во својата автобиографија, која ја објавил пред својата смрт – ме воспитуваше во првите мои години и таа придонесе за буење на човекољубието во моето срце, љубов кон правда и слава… Со моите раце таа укажуваше помош на сиромашните, и начинот на кој таа со нив зборуваше пробудуваше во мене чувство со кое таа беше обземена.</blockquote>Длабоката љубов и почитување кон својата мајка Мара ги сочувал низ целиот негов живот. Подоцна, во своите публицистички и социолошки дела, тој често прибегнувал кон метафорично споредување на татковината со мајка му. Наспроти директното значење на смислата на самиот збор „татковина“ (и на француски јазик овој збор ја има истата смисла „la patrie“), кај Жан-Пол зборот татковина не предизвикувал асоцијација на татковски лик, туку лик на мајка.
 
Кога бил во Бордо, Франција, како шеснаесетгодишник во текот на тие две години таму Мара служел како воспитувач на деца во куќа на богати бродосопственици и трговци на робови. Во 1762 година деветнаесетгодишниот Мара преминал во Париз. Без име, без пари, без врски, млад човек од Нешател, кој никој не го познава… Немало во тоа ништо необично. И пред и после Мара илјада непознати млади луѓе кои со себе не носеле ништо друго освен своите осумнаесет години и соништа, исто така го отпочнувале својот пат. Мара знаел дека патот кон подвизите и славата водел преку Париз. Тој пристигнал во Париз во 1762 година кога е завршена и за француската армија неславната и нешто повеќе за Франција понижувачката седумгодишна војна со Англија. Во Париз Мара поминал околу три години, до 1765 година. Каде тој живеел? Кој го прифатил младиот човек кој никој не го познавал – поранешниот воспитувач од Бордо – во огромната престолнина? Од што тој живеел за време на својот тригодишен престој во Париз? Во какво друштво се движел? Со кој се гледал? Кои биле неговите пријатели? Сите тие прашања, кои би можеле да се прошират, остануваат и сега без одговор. Мараовите биографичари, дури и оние најдобрите, како што се Бужар и Шевремон, кои после сто години вложувале труд да ја состават биографијата на големиот француски револуционер, кои до крајност совесно го собирале сиот материјал што се однесувал на неговиот живот, не биле во состојба да пронајдат било какви документи кои би можеле да ја осветлат таа страна на првиот Мараов престој во Париз. Не подоцна од 1765 година, Жан-Пол Мара го напуштил Париз и отпатувал во Англија.
Ред 23:
Младиот Жан-Пол Мара уште не знаел во што се состои неговиот вистински книжевни дар. Уште во детството мечтаел за книжевна слава. Одлучил да ја испроба својата способност во уметничката литература. Во 1770 година, не прекинувајќи ја својата редовна работа, почнал да пишува роман. При крајот на 1770 година тој го завршил својот голем роман под насловот „Доживувањата на младиот гроф Потовски“. Овој роман во поголемиот негов дел бил напишан во облик на писма. Мара никогаш не се обидел да го издаде својот прв голем книжевен труд. Тој негов единствен роман никогаш не би ја видел светлината ако тоа не била постарата негова сестра Албертин која внимателно го чувала целото книжевничко наследство на својот славен брат. Во 1841 година ракописот е предаден на младиот републиканец Ем Мартен, а тој пак подоцна го предал ракописот на библиографичарот и издавач Жокоб. Во 1847 година Жокоб го објавил овој роман во списанието „Век“, а следната година, романот бил објавен како посебно издание во два тома под насловот „Роман од срце“ и со поднаслов „Полски писма на Мара, Пријателот на Народот“. Познато е дека Катарина II во текот на многу години била во пријателска преписка со корифеите на француското просветителство укажувајќи им ја, а особено на Волтер и Дидро, својата царска милост на сосема опиплив (паричен) начин. Мара во својот роман го прикажал во вистинската боја наводното добродетелство на руската царица:<blockquote>Навистина, благодарение на суетата и инстинктот за прифаќање, својствени на нејзиниот пол, спровела одредени мерки кои, меѓутоа, не донеле никаква среќа за општеството. Таа ги лиши земјоделците од земја со помош на принудни тешки даноци, а на останатите им ги одзеде мршавите плодови на нивниот труд заради задоволување на својата суета и од љубов кон раскошот. …На неа ‘и ласкаат правејќи се дека ја обожаваат, треперејќи од секој нејзин поглед – ете ги нејзините особени привилегии, а нејзиното право на почит од општеството, тоа е безгранична жед за прославување. Доста ! Таа сама си се оддолжи: не чекајќи јавноста да ‘и ја издигне славата, таа изнајми поткупливи пера кои ‘и пеат славопојки.</blockquote>Волтер овде не е спомнат по име, но нема никакво сомневање дека младиот писател Мара го имал во вид прославениот „фернејски патријарх“. Несомнителни се и критичките заклучоци за „големиот Фридрих“ насочени исто така против Волтер, кој бил во пријателски однос со прускиот крал. Во друго свое дело, напишано неколку години подоцна, во книгата „Оковите на ропството“, Мара отворено напишал: „Зарем Волтер не го поткупија Луј XIV, Фридрих II и Катарина II?“ Мара не се ограничил само на разобличување на злото во својот роман:<blockquote>Неопходно е да се укаже на народот на неговите права и да се повика на акција за нивно освојување, неопходно е да му се даде оружје во раце за да би ги отфрлил од власт сите ситни тирани кои го угнетуваат, неопходно е да се сруши владата и да се постави нова, чии права ќе бидат во разумна рамнотежа. Ете едно средство за обезбедување на мир, солидарност, слобода и изобилие наместо безредие, ропство и глад.</blockquote>Овие зборови се упатени на Пољаците и формално се однесуваат на Полска. Политичката содржина на „Роман од срце“ стои несомнено над неговите уметнички квалитети, сведочејќи за тоа дека во најважните идејно-политички прашања на своето време Мара во своите дваесет и осум години веќе во голема мера ја одредил својата позиција – веќе не како политички радикал, веќе како револуционер. Во редовите на противниците на стариот режим Мара по своите убедувања припаѓал на левото крило и како таков веќе намерно се оградувал од признатите водачи и корифеи на француското просветителство, како што е Волтер. Нивната готовност на политички компромиси и нивното кокетирање со „просветлените монарси“, нему му биле одвратни.
 
Мара патува низ Европа подолго време, работејќи како доктор и научник во неколку европски градови. Тој најпосле утврдува постојана практика во Лондон, во 1770-та, каде работи за аристократијата и повисоката средна класа и се заинтересирува во научни експерименти на светлина, електрицитет и оган. Станува прилично познат уште пред Револуцијата како физичар, кому англиската влада доделува награда за еден негов пронајдок во областа на енергетиката. Несебичен и до крајности чесен, Мара повеќе ја ценел плодната работа на научникот отколку богатството и славата. Во 1773-та година го штампа во Англија својот труд ,,Оковите на ропството‘‘, во кое укажувал на недостатоците на англискиот устав, на кралската власт која го упропастувала народот и на поткупливиот парламент. Тој исто така пишува неколку филозофски есеи, меѓу кои „Есеј за човечката душа“ и „Филозофски есеј за човекот“.
 
== Политички, филозофски и медицински трудови ==
Ред 154:
 
=== Симон Еврар (април 1792) ===
Врз одлуката на Мара да се врати на револуционерното новинарство во април 1792 година влијаела една извонредна жена што ја сретнал. Некаде во 1790 година тој ги запознал сестрите Еврар, Катрин, Eтиенет и Симон - работнички девојки од Бургоњ кои се преселиле во Париз да најдат работа. Сопругот на Катрин, Жан-Антоан Корн, бил печатар кој работел за ''L'Ami du Peuple'' и го познавал Мара лично. Преку оваа врска Мара ги запознал сестрите Еврар, сите три огнени партизанки на Револуцијата. Во октомври 1791, тој ја побарал нивната помош за да ја избегне полицијата на Лафајет и бил поканет да остане во нивната куќа на улица Сен Онор, бр. 243.
 
Една од сестрите, Симон, станала девојка на Мара и, макар што без црквена или граѓанска церемонија, негова сопруга. Нивната врска траела до смртта на Мара, после неговото убиство таа станала позната како „вдовицата Мара“. После 31 година упорно бранење на споменот за Пријателот на Народот низ тешките времиња на Термидорската реакција, Империјата на Наполеон и Реставрацијата на Бурбоните, таа умрела во сиромаштија во 1824 година.
Ред 161:
 
== Улогата на Мара во Септемвриските егзекуции ==
Одговорноста за масакрите во септември му се припишува, но колективниот менталитет што ги предизвика е резултат на околности, а не од волјата на која било посебна индивидуа, аргументира историчарот Жорж Лефебр во својата книга ''Француската револуција: Од нејзините почетоци до 1793''.
 
Септемвриските масакри (2-7 септември 1792), што се случија заради страв дека странските и кралските војски ќе го нападнат Париз и дека затворениците во градските затвори ќе бидат ослободени и ќе им се придружат. На 2 септември пристигнале вести во Париз дека војската на војводата од Брауншвајг ја нападнал Франција и со инвазијата на тврдината Верден бргу паднала, и дека Прусите бргу напредувале кон главниот град. Оваа информација распламтила разјареност и страв кај населението. Парижани знаеле дека во затворот Абеји било приредена илуминација на денот на заземањето на Лонгви каде зад решетките уапсените ги навредувале поминувачите и ги уверувале дека Прусите ќе го заземат Париз и ќе го уништат. Дека омразата на Парижани кон ројалистите била основана, може да се заклучи и по еден напис кој е објавен во еден жирондински весник од 2 септември, во кој стои дека ројалистите одлучиле по влезот на пруската војска во Париз да го запалат градот од сите страни, да се изгладне градското население и да се казнат револуционерите. А пак Манифестот на војводата од Брауншвајг (25 јули 1792), кој во голем дел е напишан од ''братучедот'' на Луј XVI, Луј Жозеф де Бурбон, принц од Конде, инаку лидер на големи трупи на емигранти во сојузничката војска, се заканил на францускиот народ со инстантно казнување ако тој дава отпор на императорските и пруските војски и поновото воведување монархија. Септемвриските денови во Париз биле дело на самоодбрана на народот кој знаел колку ѕверски свирепи биле контрареволуционерите, народ кој стравувал од пресврт во Париз додека се борел на фронтот. После заземањето на Верден пруската војска се наоѓала на само сто милји од Париз. Цела Европа не се сомневала во победата на војводата од Брауншвајг. Пад на Париз не се очекувал подоцна од 10 септември. Било доволно само Законодавното собрание, ''на енергично барање на Комуната'', на 4 септември да објави соопштение до францускиот народ во кое ветило „дека со сите сили ќе се бори против кралот и кралската власт“, за да колежот престане истиот ден и Парижани тргнат на фронт. Битката кај Валми (20 септември 1792) била првата победа над непријателите од почетокот на војната. Таа победа го спасила Париз. Гете, големиот германски поет и почитувач на научното дело на д-р Мара, рекол, сфаќајќи го значењето на битката кај Валми: „На тоа место, на тој ден, отпочна нова доба во светската историја. Тоа е првата победа на народот над кралевите“.
Ред 167:
На 3 септември, Комисијата за претпазливост на Комуната, во која сега служел Мара, објавува циркулар во кој се повикуваат провинциските патриоти да го одбранат Париз и побарува од нив, пред да ги напуштат своите домови, да ги елиминираат контра-револуционерите. Жирондинците потоа направија голем број копии од овој циркулар, но нема докази дека имал некакво влијание. Mара е само директно одговорен за ''народната акција'' во еден од затворите, имено, таа во Абеји. Еве што тој вели на темава: <blockquote>Која е должноста на народот? Последното нешто што мора да го направи, и најсигурното и најмудрото, е да оди вооружен пред Абеји, да ги ''оддели'' предавниците, посебно швајцарските офицери и нивните соучесници, и да ги убие. Која будалаштина да се сака да им се овозможи судење! Сè е направено, ги вооруживте против нацијата, ги масакриравте војниците, зошто би ги поштедиле офицерите, кои се неспоредливо повиновни? Лудост е што се слушаат ласкавците, кои советуваа да ги направат само воени затвореници. Тие се предавници кои неопходно е да се жртвуваат веднаш, бидејќи тие не можат да бидат сметани во друго светло.<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, No. 680|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref></blockquote>Во бр. 12 од ''Journal de la République'' Мара се брани од злобните напади на жирондинците во Конвентот против Комуната, Комитетот за надзор и против него самиот во врска со Септемвриските егзекуции: <blockquote>Несреќните настани од 2 и 3 септември, кои подмолни и поткупливи лица ги припишуваат на Општината, беа целосно поддржани од порекнувањето на правдата од страна на Трибуналот за злосторства кој го ослободи заговорникот Монтмарен, со заштитата на тој начин објавена до сите други заговорници, и со разлутеноста на народот, плашејќи се да стане роб на сите предавници кои толку долго време ги злоупотребувале неговите несреќи и катастрофи. Тие ги нарекуваат ајдуци оние кои ги масакрираа предавниците и подлеците затворени во затворите. Ако тие беа ајдуци, Песион би бил злосторник бидејќи мирно ги пушти ајдуците да ги извршуваат своите злосторства за време на двата последователни дена во сите затвори на Париз. Неговото виновничко неделување би било најсериозното злосторство, а тој би заслужил да ја загуби својата глава бидејќи не ги мобилизирал сите свои вооружени сили да им се спротивстават. Тој без сомнение ќе ви рече, за да се искупи, дека вооружената сила немала да му се потчини и дека сиот Париз учествувал, што всушност е факт. Тогаш, ајде да се согласиме дека се работи за измама да се направат ајдуци одговорни за една операција која за жал беше само премногу нужна. Тоа е поради што заговорниците го избегнаа мечот на правдата па потоа паднаа под секирата на народот. Дали е неопходно да се рече повеќе за да се побие нечесното потпикување, кое би го направило Комитетот за надзор на Комуната одговорен за овие егзекуции од страна на народот? Но, неговото оправдување не завршува овде. Ние ќе видиме што направиле водечките членови на овој Комитет за да спречи било кое невино лице, било кој должник, било кој виновник за обичен прекршок, да биде подложено на опасностите кои се озабија врз големите злосторници. Јас бев во Комитетот за надзор, кога се објави дека луѓето само што ја напуштиле националната гарда и егзекутирале неколку тврдоглави свештеници, обвинети за учество во заговори, осудени од Комитетот за Ла Форс, и дека луѓето се заканиле дека ќе влезат во затворите. При оваа вест, Пани и јас извикавме заедно, со идеја: „Поштедете ги малите деликвенти, сиромашните должници, оние обвинети за обични прекршоци!“ Комитетот веднаш нареди на различни чувари на затворите да ги одделат овие од сериозните злосторници и контрареволуционерните предавници, како не би требало луѓето да бидат изложени на ризикот да жртвуваат некои невини лица. Одделувањето веќе било направено кога во затворите било насилно влезено, но претпазливоста беше непотребна, благодарејќи на грижата преземена од страна на судиите поставени од народот, кои ги извршуваа функциите на трибуни за време на експедицијата, да истражуваат во секој случај и да ги ослободат сите оние кои Комитетот за надзор ги одделил. Ова е дискриминација којашто деспотот сигурно немаше да ја практикува ако победеше на 10-ти август. Такви се фактите кои се спротивставуваат на клеветите кои ја изопачија приказната за настаните од 2 и 3 септември.</blockquote>Колективниот менталитет е доволно објаснување за егзекуциите, како што аргументира историчарот Жорж Лефебр. Егзекуциите беа спроведувани од толпите на Националните гардисти и федерати и, до 6 септември, половина од затворското население во Париз било погубено: околу 1200 до 1400 затвореници.
 
Откако е уапсен, а потоа ослободен од обвиненијата на жирондиската партија во 1793-та, го помага нападот врз [[Жирондисти|жирондиститежирондисти]]те и нивното обезвластување на 1 јуни, истата година.
 
== Мара во Националниот Конвент ==
Ред 237:
 
Револуцијата ја сфаќал на едноставен начин: „Спротивставување на угнетувањето – тоа е револуција, тоа е востание“. Се смета за предвесник и на Февруарската револуција од 1848 година, залагајќи се за социјалните права на работниците и нивно излегување на политичка сцена како „четврти сталеж“. Од десетмината најпознати личности на Француската револуција најмалку се пишува за него како позитивна личност. Во трудовите на Елизабет и Роберт Бадентер продолжува и натаму неговото омаловажување како научник: „La fausse science de Marat“, омаловажување кое е побиено од страна на Клифорд Конер во неговата книга ''Jean Paul Marat: Scientist and Revolutionary'' (1997).{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мара, Жан Пол}}
[[Категорија:Француски револуционери]]