Фолклор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 185.252.189.48 и Gjokokostoski) и ја поврати преработката 3851505 на Ehrlich91
с Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Македонски фолклор во ќилим.JPG|мини|Македонска фолклорна ракотворба (ќилим)]]
Во '''фолклор''' спаѓаат [[Бајка|приказните]], [[Музика|музикатамузика]]та, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат. Академските и етнографските студии на фолклорот се нарекуваат и [[фолклористика]].
 
==За потеклото на поимот==
Ред 11:
* ''култура'' и
* ''однесување'' (ритуали).
Овие области не опстојуваат сами, напротив, многу често некој елемент или предмет може да се вброи во некоја од тие области.
 
=== Фолклорна уметност (Ракотворби) ===
Ред 18:
 
==== Религија и митологија ====
Фолклорот може да содржи [[Митологија|митолошки]] или [[Религија|религиски]] елементи и се занимава со понекогаш недуховни традиции од секојдневниот живот. Фолклорот често ги поврзува практичното и мистериозното во една описна целина. Многу често е помешуван со [[Митологија|митологијатамитологија]]та и обратно, затоа што се сметало дека било која сликовита приказна што не припаѓа на народните верувања од тој период го нема истиот статус како народните верувања. Поради тоа [[Римска митологија|Римската религија]] христијаните ја нарекуваат митологија. Затоа митот и фолклорот претставуваат сеопшти поими за сите сликовити раскажувања кои не одговараат на структурата на домашните верувања. Понекогаш фолклорот е религиозен по природа како на пример во приказните на ''Велш'', ''Mabinogion'' или како во исландската [[Скалд|скалдичкаскалд]]ичка поезија. Повеќето од приказните во ''[[Златна легенда|Златната легенда]]'' ([[Латински јазик|латински]]: ''Legenda aurea'' или ''Legenda sanctorum'') од ''Јаков Варогински'' исто така ги изразуваат фолклорните елементи во христијанскиот концепт. Од друга страна, приказните за Один имаат религиска вредност за [[Нордиска митологија|нордиската култура]] која ги создава овие приказни но тие не припаѓаат во христијанскиот склоп па затоа христијаните наместо религиски ги нарекуваат фолклористички.
 
==== Народни легенди, преданија и приказни ====
[[Податотека:Hansel-and-gretel-rackham.jpg|десно|мини|284x284пкс|Јованче и Марика (илустрација Артур Ракам), 1909]]
 
Фолклорни приказни е општ термин за различните видови на традиционалните раскажувања. Раскажувањето на овие приказни е слично на една универзална култура и е блиско до традиционалните и сложените општества. Дури и облиците на фолклорните приказни секако се повеќе или помалку слични во секоја култура а за тоа сведочат и компаративните студии што се занимаваат со овие тематики и раскажувачки методи. За овие приказни исто така се смета дека се и усно раскажани приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Од друга страна, фолклорот точно го определува описното раскажување во кое не постои света или религиска содржина. Според [[Карл Густав Јунг|Јунговите]] сфаќања, според неговиот метод на анализа, фолклорот може да се однесува на несвесни психолошки шеми, инстинкти или архетипи на умот<ref>{{Наведено списание|last=Drake|first=Carlos C.|date=1969|title=Jungian Psychology and Its Uses in Folklore|url=http://www.jstor.org/stable/539073|journal=The Journal of American Folklore|volume=82|issue=324|pages=122–131|doi=10.2307/539073}}</ref>. Ова мислење може но не мора да содржи фантастични елементи (како [[магија]], нереални суштества или [[персонификација]] на неживи предмети). Овие фолклорни приказни можат но не мора да потекнуваат од религиска традиција, но и покрај тоа обработуваат одредени психолошки теми. Познатата фолклорна приказна „[[Јованче и Марика]]“ е пример за оваа поврзаност. Изразната цел на оваа приказна од една страна може да се толкува како недуховна ако се зборува за заштитата на шумите а од друга страна како поучна приказна ако се зборува за стравот од [[глад]] во големите фамилии. Може да постои [[Морал|мораленморал]]ен и психолошки поглед на работите,а тие може да имаат и забавна страна, во зависност од тоа кој раскажува, во кој стил раскажува, возраста на публиката, и од целокупната изведба.Фолклористите во основа одбиваат универзална интерпретација на раскажувањата и повеќе сакаат да ги анализираат усно раскажаните верзии во одреден контекст, отколку пишаните бидејќи во нив се одразува пристрасноста на писателите.
 
==== Урбаните легенди како дел од фолклорот ====
Современите раскажувања, најмногу на [[Западна Европа|Западот]], содржат и урбани легенди. Постојат повеќе облици на фолклорот, кои се толку секојдневни, што луѓето не знаат дека припаѓаат на фолклорот а тие се загатки, детска рима и приказни за духови, гласини (како и [[Теорија на заговор|теории за заговор]]), озборувања, етнички стереотипи, празнични обичаи и животни ритуали. Раскажувањата за грабнувања од [[НЛО]], фигурираат во приказните од претхристијанска Европа а такви приказни се среќаваат дури и во [[Библија|Библијата]]та при искачувањето на пророкот [[Свети Илија|Илија]] во рајот<ref>{{Наведени вести|url=http://krista.mk/dali-svetiot-prorok-ilija-se-voznese-na-neboto/|title=Дали Светиот Пророк Илија се вознесе на Небото !?|last=|first=|date=2017-08-03|work=Криста {{!}} Анти - Медиум|access-date=2017-10-31|archive-url=|archive-date=|dead-url=|language=македонски}}</ref>.
[[Податотека:The Soviet Union 1969 CPA 3815 stamp (Vasilisa the Beautiful (Folk Tale)).jpg|мини|Поштенска марка од СССР со илустрација од народната руска приказна Василиса Прекрасна]]
 
Ред 65:
 
=== Магија и религија ===
Има три гледишта околу тоа како магијата и религијата се поврзани. Едно, дека магијата е деградирана форма на религија, друго дека религијата се изродила од магијата и третото е дека тие две нешта се посебни системи кои никако не се поврзани еден со друг.<ref>{{Наведено списание|last=Toy|first=Crawford H.|date=1899|title=Relation between Magic and Religion|url=http://www.jstor.org/stable/592340|journal=Journal of the American Oriental Society|volume=20|pages=327–331|doi=10.2307/592340}}</ref> Верувањето во [[магија]] како средство со кое се влијае врз универзумот е општоприфатено во сите култури. Некои од овие верувања преминале во нови религии, во влијателни обреди и религиски прослави. Со текот на времето, религиски-базираните надприродни настани (познати како чуда) се здобиле со сопствен тип и така се одвоиле од стандардната магија. Некои модерни религии како [[Неопаганство|неопаганизмот]] имаат поврзаност со магијата, додека останатите содржат само бледи остатоци. За разлика од другата магија (овде мора да се спомне и волшебништвото кое е издвоено од божествените и од природните извори; ова е поврзано со [[Таоизам|таоизмот]]), магијата на религиска основа секогаш се повикува на божество или повеќе божества за да се постигне посакуваниот ефект. Дали тоа божество ќе се појави, зависи само од него. Неговиот молител во оваа ситуација е немоќен (освен ако тој нема духовна моќ да зборува на боженствениот јазик).
 
== Антиквитет ==
Ред 73:
== Народна медицина ==
[[Податотека:Acupuncture_chart_300px.jpg|десно|мини|267x267пкс|Шема за акупунктура од династијата [[Минг (династија)|Минг]] (1368–1644)]]
Народната медицина се однесува на исцелителни техникки и верување во телесна психологија и заштита на здравјето,која е општо позната во една култура, која е неформално пренесена преку општи познавања,и која ја користи секој што припаѓа на таа култура. Сите култури и заедници имаат познавање од т.н. народна медицина. Народната медицина опстојува заедно со формалните, образовните, и институционалните здравствени системи како на пример западната медицина или системите на традиционалната медицина како што е ''[[ајурведа]]'' или кинеската медицина (на пример, [[Акупунктура|акупунктуратаакупунктура]]та) но сепак се разликува од формалните или институционалните здравствени системи. Употребата на познавањата од фолклорната медицина не е забранета за оние кои веќе имаат извршувано пракса, кои имаат претходна обука или тестирање или кои имаат достигнато одреден општествен статус. Теоријата и практиката на фолклорната медицина влијаат и примаат влијание од формалните медицински системи на таа култура. Од фолклорно гледиште, фолклорната медицина се потпира на наративните шеми и на фолклорните статистики (успесите се бројат, неуспесите се игнорираат) наместо да се потпира на ригорозниот емпиризам.
 
== Етнопоетика ==
Етнопоетиката е поетичко движење и претставува еден подвид на [[Лингвистика|лингвистикаталингвистика]]та и [[Антропологија|антропологијатаантропологија]]та. Како термин беше воведена од страна на американскиот поет и антрополог [[Џером Ротенберг]] (1931) во соработка со [[Џорџ Каша]] во 1968 година кога Каша го замолил Ротенберг да создаде термин што ќе ги вклучива етното и поетиката според моделот на „етномузикологија“ за потребите на ''Стони Брук Магазин'', списанието на Каша каде што Ротенберг станал уредник. Овие две основни идеи ,и подоцна двете основни употреби на терминот се поврзани преку работата на поетите Џером Ротенберг и [[Денис Тедлок]] (1939-2016).Тедлок ја дефинитра етнопоетиката како:„ексцентрична поетика, обид да се слушне и прочита поезијата на други луѓе надвор од рамките на западната традиција за која до сега знаевме “.<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/9111100|title=The spoken word and the work of interpretation|last=1939-2016.|first=Tedlock, Dennis,|date=1983|publisher=University of Pennsylvania Press|isbn=0812278801|location=Philadelphia|oclc=9111100}}</ref>
 
Тедок неговата етнопоетика ја објаснува на следниов начин:<blockquote>Етнопоетиката не е само зборови туку и тишина, промени во јачината на гласот и тонот, во звучните ефекти, во користењето на гестовите. . . . Етнопоетите се отворени за креативната страна на изведбата, проценувајќи ги особеностите кои се ретки па дури и единствени кај некој посебен уметник или прилика.<ref name="Tedlock">Tedlock, Dennis. Syllabus. “English 699: Ethnopoetics.” Colleges of Arts and Sciences. University at Buffalo. Accessed 22 November 2011.</ref></blockquote>
Ред 86:
 
=== Дефиниции ===
Термините народна музика, народен танц и народна песна се употребуваат од неодамна.<ref name="NERevival">''The Never-Ending Revival'' by Michael F. Scully University of Illinois Press Urbana and Chicago 2008 {{ISBN|978-0-252-03333-9}}</ref> Тие се како надополнување на зборот ''фолклор'', кој е создаден во 1846 од англискиот антиквар [[Вилијам Томс]] со цел да ги појасни традициите, обичаите и суеверијата на некултивираните класи.<ref name="Percy Scholes 1977">Percy Scholes, ''The Oxford Companion to Music'', OUP 1977, article "Folk Song".</ref> Поимот исто така потекнува од германскиот збор ''Volk'' во смисла „народот, како целина“ кое најдобро е отсликано во песните на [[Јохан Готфрид Хердер]] и од германските романтичари од минатиот век.<ref>A.L.Lloyd, ''Folk Song in England'', Panther Arts, 1969, p. 13.</ref> Литературниот аспект за баладите не е ништо ново, тој потекнува од времето на [[Томас Перси]] и Вилијам Вотсворд. Англиските Елизабетски и Стјуартови копозитори ( се мисли на англискиот композитор Лесли Стјуарт и периодот на владеењето на [[Елизабета I]]) многу често ги црпеле своите идеи за музика од народните теми, а класичната свита е основана на стилските народни танци каде што е забележана и употребата на народните звуци на [[Јозеф Хајдн|Франц Јозеф Хејдн]]. Но појавата на поимот „народен/фолк“ се поклопува со „изливот на националното чувство низ цела Европа“ што е особено силно на краевите на Европа , каде што најмногу доаѓа до израз националниот идентитет.
 
=== Композитори ===
Ред 102:
Многу е мала разликата помеѓу вистинскиот фолк и народните и популарни песни,особено во Америка и Германија – на пример,славни писатели како [[Стивен Фостер]] во Америка се поврзани со поимот фолк..Дефиницијата на Меѓународниот совет за фолк-музика дозволува терминот фолк да се однесува на музика која потрекнува од конкретен изведувач но со текот на времето се претворила во непишана традиција која живее во рамките на едно општество. Но,овој поим не се однесува на песна, танц или мелодија која била преземена како готова и не е воопшто променета.
 
Заживувањето на фолкот во Америка и [[Обединето Кралство|Британија]] во периодот по Втората Светска Војна му даде ново значење на овој збор. Фолкот почна да се гледа како музички стил, како етничка антитеза на модерната и поп музиката, додека викторијанскиот поглед на „фолкот“ секогаш бил полн со сомнежи.
 
=== Популарност ===
Ред 110:
Поимот митологија може да се базира на истражување за митовите или на самиот состав на миотвите. Компаративната митологија е изучување на поврзаноста помеѓу митови од различни култури,како што на пример [[Старогрчка митологија|грчката митологија]] ги изучува митовите од [[Стара Грција]]. Поимот мит многу често, кога е во раскажана форма, укажува на невистинита приказна; меѓутоа, стручното значење на поимот не укажува ни на вистинитост ниту на невистинитост на митовите.Според фолклорот, митот е свето и прераскажано објаснување за настанокот на светот и човештвото. Многу истражувачи во различни области различно го користат поимот мит. Во поширока смисла,митот означува традиционална приказна.<ref>{{Наведени вести|url=https://www.britannica.com/topic/myth|title=myth|work=Encyclopedia Britannica|access-date=2017-11-01|language=en}}</ref>
=== Основни карактеристики ===
Главните ликови во митовите обично се [[Бог|боговибог]]ови или херои со натприродна моќ. Како свети приказни,митовите се поткрепени од владетели или свештеници и обично имаат религиска тематика. Во општеството во кое се раскажуваат митовите тие се претставени како вистински приказни или како приказни од далечното минато.<ref>{{Наведена книга|title=Myth and Reality|last=Eliade|first=Mircea|publisher=Waveland Press|year=1998|isbn=9781478608615|location=|pages=}}</ref> Всушност,многу општества имаат две варијанти на традиционални раскажувања- '''(1)''' вистинита приказна или мит и '''(2)''' невистинита приказна или предание. Митовите најчесто се одвиваат во праисториски период, кога светот сѐ уште ја немал денешната форма.Тие објаснуваат како настанале светот, обичаите, институциите и табуата.
=== Сродни поими ===
Со митот<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/9944508|title=Sacred narrative, readings in the theory of myth|last=Alan.|first=Dundes,|date=1984|publisher=University of California Press|isbn=9780520051928|location=Berkeley|oclc=9944508}}</ref> тесно поврзани се и легендите и фолклорните/народните приказни. Митовите, легендите и фолклорните/народните приказни се различни видови на традиционални приказни. За разлика од митовите, фолклорните/народните приказни се одвиваат во било кое време на било кое место и општеството во кое се раскажуванио не ги смета за вистинити или свети материјали. Легендите пак,исто како и митовите се приказни за кои по традиција се веруав дека се вистинити; меѓутоа,тие се одвиваат во поново време кога светот наликувал на ова денес. Исто така, легендите за главни ликови најчесто имаат луѓе додека митовите за главни ликови имаат натприродни суштества. Разликата помеѓу митовите, [[Легенда|легендите]] и фолклорните/народните приказни е начинот на групирање на традиционалните приказни. Во многу култури тешко е да се направи разлика помеѓу митови и легенди.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=l5Om2ALAFbEC&pg=PA53&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Sacred Narrative: Readings in the Theory of Myth|last=Dundes|first=Alan|date=1984-11-15|publisher=University of California Press|isbn=9780520051928|language=en}}</ref> Наместо да ги делат на митови, легенди или фолклорни/народни приказни, некои култури ги делат во две основни категории: една кој одговара на суштината на фолклорните/народните приказни и втората, која е комбинација од митови и легенди. Митовите и фолклорните/народните приказни не се разликуваат премногу: нивните приказни можат да се сметаат за вистинити или во некои општества за измислени. Всушност, кога митот ќе го изгуби својот статус поради религиски причини, добива одлики слични на оние од фолклорните/народните приказни кои пред се божествени одлики кои ги имаат хероите, џиновите или самовилите. Митовите, легендите и фолклорните/народните приказни се само дел од категориите на традицоналните приказни. Другите категории се [[Анегдота|анегдотите]] и некои видови на шеги.Традиционалните приказни, впрочем, се едниствената категорија на фолклорот која има гестикулации, музика и костуми.
Ред 124:
 
==== Етимологија и потекло ====
Поимот легенда се појавил во англискиот јазик околу 1340-та година, а бил пренесен од средновековниот латински преку францускиот јазик.<ref name="etymonline">{{OEtymD|legendary|accessdate=10 June 2013}}</ref> Целата нејасност дали поимот има неисториска или митска смисла, била забележана првпат во 1613 година. Преку ова, легендата добила модерен назив како „недокументирана“и „неавтентична“. Пред постоењето на напишаните материјали, легендите се пренесувале со усна традиција. Раскажувачите на легенди ги слушнале легендите од постари раскажувачи, и тие тврделе дека постојат сведоци за тие легенди (што не секогаш било вистина) и тоа е тоа што на легендата ѝ го дава историското обележје. Легендата е одделена од жанрот хроника<ref>Patrick Collinson. ''Elizabethans'', "Truth and Legend: The Veracity of John Foxe's Book of Martyrs" 2003:151–77, balances the authentic records and rhetorical presentation of Foxe's ''Acts and Monuments'', itself a mighty force of Protestant legend-making. Sherry L. Reames, ''The Legenda Aurea: a reexamination of its paradoxical history'', 1985, examines the "Renaissance verdict" on the Legenda, and its wider influence in skeptical approaches to Catholic [[hagiography]] in general.</ref> поради тоа што легендите имаат структура која укажува на морална дефиниција на настаните, која е над ограничените и досадните просечни човечки животи и која на легендите им дава универзалност заради која и опстанале и се пренесуваат низ генерациите. Во германското говорно подрачје и во северните европски земји, легендата има христијанско потекло и по свооето потекло се разликува од сагите - (приказни за скандинавската германската историја) .
 
Модерната карактеризација на легендите и тоа што тие го претставуваат,може да се рече дека започнала во 1865 година со [[Браќа Грим|Џејкоб Грим]] и неговото набљудување на бајките од поетски, историски и од аспект на легендите.<ref>''Das Märchen ist poetischer, die Sage, historischer'', quoted at the commencement of Tangherlini's survey of legend scholarship (Tangherlini 1990:371)</ref> Првите истражувачи како Карл Верхан,Фридрих Ранке и Вил-Ерик Појкерт го следеле примерот на Грим во однос на легендите. [[Фридрих Ранке]]<ref>Ranke, "Grundfragen der Volkssagen Forshung", in Leander Petzoldt (ed.), ''Vergleichende Sagenforschung'' 1971:1–20, noted by Tangherlini 1990.</ref> во 1925 година ја опиша легендата како „популарна раскажана приказна со објективно невистинита и фантастична содржина“<ref>Ranke, "Grundfragen der Volkssagenforschung", ''Niederdeutsche Zeitschrift für Volkskunde'' '''3''' (1925, reprinted 1969)</ref>, гледиште кое се сметало за негативно и кое постепено се изгубило. Легендите многу често се велело дека имаат поврзаност со гласини.Тоа особено го тврдел Ернст Бернхајм кој велел дека легендата опстанува единствено со помош на гласини. Тангерлини заклучил дека кога Вилијан Џенсен утврдил дека легендите кои исчезнуваат бргу се „краткорочни“ а легендите кои остануваат се „долгорочни“, тогаш отпаднале сите сомнежи дека легендата настанува од гласини.
Ред 158:
'''Суеверијата''' се лековерни верувања, кои не се основаат на разумни причини,на сознанија или на искуства. Овој поим се употребува за да се преувеличат некои аспекти на фолклорните приказни кои се сметаат за неразумни.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.dictionary.com/browse/superstition|title=the definition of superstition|work=Dictionary.com|accessdate=2017-11-01}}</ref> Ова сето потекнува од изреката која нам ни е позната како „старите рекле дека...“.Исто така тие се тесно поврзани со среќата, пророштвата и духовните работи кои не можеме да си ги објасниме.<ref>{{Наведени вести|url=https://www.britannica.com/topic/superstition|title=superstition {{!}} Description & Examples|work=Encyclopedia Britannica|access-date=2017-11-01|language=en}}</ref> Потеклото на зборот доаѓа од латинскиот збор ''superstitio'' кој во буквален превод значи одржување а во преносна смисла значи : верување во нешто божествено или натприродно.
=== Суеверија и фолклор ===
За средновековните научници овој термин укажува на верување кои е надвор од границите на [[Христијанство|христијанствотохристијанство]]то.Се смета дека сите суеверија посебно во западните земји настанеле по чумите кои ја покосиле Европа.
=== Суеверија и религија ===
Познато е дека постојат религии кои се базираат на суеверија. Иако христијанството можеби не е една од нив, но агностиците на пример своите религиски верувања ги базираат на суеверија. Религиските насоки од страна на неверниците можат да се дефинираат како суеверија или несекојдневни настани како чуда, задгробен живот, амајлии, предзнаци и друго. Римокатоличката црква ги сметала суеверијата за гревови бидејќи го негирале божественото и биле неосновани. Суеверијата се неосновани верувања кои настануваат поради незнаење или поради страв. Постојат различни видови на суеверија за речиси сите работи кои не засегнуваат во животот но нивните потекла не се познати. Затоа кон нив се обраќаме како “адети од време”. Некои од најпознатите суеверија се :
Ред 190:
 
==== Потекло ====
Усната традиција на бајките постоела многу долго време пред да започне напишаната традиција. Бајките биле раскажувани и претставувани со драматичност и така биле пренесувани од генерација на генерација. Најстарите напишани бајки за кои имаме податоци потекнуваат од [[Древен Египет|стариот Египет]] односно од 1300 година п.н.е како на пр. „Приказната за двата брата“ .Иста таква античка бајка за која имаме податоци е и „Купидон и Психе“( Рим 100-200 година<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.surlalunefairytales.com/beautybeast/stories/cupid1.html|title=SurLaLune Fairy Tales: Tales Similar To Beauty and the Beast|work=www.surlalunefairytales.com|accessdate=2017-11-01}}</ref>) или [[Панчатантра]] (Индија 200-300 од нашата ера). Истражувањата покажуваат дека овие сказни и сказните слични на овие придонеле да се развие пишуваната форма на бајките. Исто така покажуваат дека бајките имаат длабоки историски корени постари дури и од собраните волшебни приказни во [[Илјада и една ноќ]] (напишана около 1500 година).Загатката за бајките е разрешена со појавувањето на книгата „Приказните за Кантербери“ од [[Едвард Спенсер|Едвард Спенсер.]]. Дури и од драмите на [[Вилијам Шекспир]].„Кралот Лир“ е еден вид на бајка заедно со „[[Сон на летната ноќ|Сон во летната ноќ]]“ и други.
[[Податотека:Hans christian andersen 1869.jpg|мини|Собирач на сказни, [[Ханс Кристијан Андерсен]], фотографија 1869]]
 
Ред 211:
 
=== Волшебништво ===
Волшебништвото чие име потекнува од латинксиот збор ''maleficium'', значи злонамера и злоупотреба. Иако не е конкретно докажано, во минатото било сфаќано како негативен поим а волшебниците биле убивани и палени на клада исто како и вештерките. Со овој поим се опишува пакосната, опасната, или штетната магија која влијаела врз животите на луѓето во едно општество.<ref>{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/45439953|title=Witchcraft in Europe and the New World, 1400-1800|last=G.|first=Maxwell-Stuart, P.|date=2001|publisher=Palgrave|isbn=9780333764657|location=Houndmills, Basingstoke, Hampshire|oclc=45439953}}</ref> Општо гледано,за волшебништво се смета секоја црна магија или клетва која нанесува штета на човек, животно или предмет. За злонамерни волшебници биле прогласени и [[Темплари|темпларитетемплари]]те кои го поттикнале [[Лов на вештерки|ловот на вештерки]] и волшебници во Англија. Тие најчесто се поврзуваат со фразата ''Malleus мaleficarum'' што на [[латински јазик]] значи „Вештерско Кладиво“. Всушност ова е книга за одликите на вештерките и волшебниците напишана во 1486 година од Хајнрих Крамер и Џејкоб Спренгер и со оваа книга сакале да покажат дека вештерството постои и дека вештерките биле побројни од вештерите како и да ги разбијат сите сомнежи околу вештерството и неговите цели.
 
==== Маѓесници ====
Ред 279:
== Наводи ==
{{наводи|3}}{{Europe topic|Фолклорот на}}
 
[[Категорија:Фолклор| ]]
[[Категорија:Фолклор по националност]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фолклор