Париска комуна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Го проширив делот за Задушување на Комуната
с Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 27:
На 24-ти мај Версајци извоиле успех во заземањето на општинскиот дом. Бидејќи имале на располагање многу понадмоќна сила, тие постепено почнувале да ги опколуваат работничките квартови и најпосле во неделата на 28 мај, се утврдуваат тешко вооружените последни бранители на Париската комуна во регионот на улица Ромпоно.
 
Уште пред завршетокот на постоењето на Париската комуна, отпочнале ужасите на владиниот терор, пред кои бледнеат дури и масовните убивања за време јунските денови на 1848-та година.
 
Заробените комунари биле стрелани во групи од стотини души, при што војниците и офицерите на версајската војска не само што ги убивале заточениците, туку и се потсмевале со нивните мртви тела. На мажите и жените, работниците и работничките, па дури и на децата, на сите ним класниот непријател им доделил една иста крвава судбина. „Треба да приредиме лов на комунари“, – пишувало во еден од версајските весници. „Ние мораме да ги опколиме како диви ѕверови оние кои се скриле“, – пишувало во друг весник. „Ниту еден од злочинците, во чии раце се наоѓаше Париз два месеца, нема да се смета како политички виновник: со нив ќе се постапи како со разбојници, што и се.“ – повикувал на казнување на комунарите третиот контрареволуционерен весник.
Ред 33:
На суров начин се пресметувал со комунарите и версајскиот џелат Галифе. Ги стрелал сите оние чии раце биле извалкани со барут, сите оние што му заликувале на работници.
[[Податотека:Maximilien Luce - A Street in Paris in May 1871 - Google Art Project.jpg|мини|444x444пкс|„Улица во Париз во мај 1871 година“ од неоимпресионистичкиот сликар Максимилијан Лис]]
 
 
Во последните часови на борба, воениот раководител на Комуната, Варлен го препознал некој фратар кој веднаш го поткажал на офицерот. „Цел час го водеа Варлен по стрмните монмартриски улици, со раце врзени на плеќи, го опсипуваа со навреди и подбивања. Неговата кадрава глава со замислено чело, полно братски мисли, беше сета испосечена од сабји и беше претворена во крваво парче месо... Успевајќи некако да дооди до улицата Розје, понатаму тој не можеше да продолжи така што мораа да го носат. Го поставија да седи за да може да го стрелат‘‘. Така е запишано по раскажувањата на очевидците.
Ред 67 ⟶ 66:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Париска комуна| ]]
[[Категорија:Револуции во 19 век]]