Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Расизмот во антиката: Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
с →‎средниот век и Ренесансата: Јазична исправка, replaced: Средниот век → средниот век using AWB
Ред 158:
Расизмот се потпира на две основни претпоставки: дека постио взаемна врска меѓу физичките карактеристики и духовните квалитети, дека човештвото може да се подели на супериорни и инфериорни рода. Расизмот, дефиниран на тој начин, претставува современа концепција, бидејќи пред 16-от век во суштина не постоело ништо во животот и размислувањето на Западот што може да се опише како расистичко. Со цел да се спречи недоразбирање треба да се направи јасна разлика меѓу расизам и етноцентризам […] Древните Евреи, повикувајќи се на сите оние кои не биле Евреи како „Друговерците“, се оддавале на етноцентризам, не на расизам. […] Така било и со Хелените кои ги именувале сите кои не биле Хелени, дали дивите Скити или Египќани кои ги признавале како нивни ментори во уметностите на цивилизацијата, како Варвари, поим што го означувал она што било непознато или далечно.
 
== Средниотсредниот век и Ренесансата ==
Во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, расистичките мислења биле искажани во рамки на делата на некои историчари и географи вклучувајќи ги и Ал-Мукадаси, Ал-Џахиз, Ал-Масуди, Ал-Бируни, Насир ал-Дин ал-Туси и Ибн Кутајба. Во 14-от век од н.е. тунизискиот научник Ибн Халдун напишал:
„на таа страна зад [ познатите народи на црна Западна Африка] се до југот не постои цивилизација во вистинската смисла на зборот. Постојат само луѓе кои се поблиску до глупави животни отколку до рационални битија. Тие живеат во густи шуми и пештери, и јадат трева и неприготвено жито. Тие често се јадат еден со друг. Не можат да се сметат за човечки битија. “ „Поради тоа, црнечките народи се, воопшто, покорни на ропство, бидејќи (црнците) имаат малку од она што е (во суштина) човечко и поседуваат особини кои се доста слични со оние на глупи животни, како што кажавме.“
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам