Рампо Левков - Левката: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 13:
'''Рампо Левков - Левката''' ({{роден во|Прилеп}}, {{роден на|9|јануари|1909}} - [[Дабница]], {{починал во|Прилепско}}, {{починал на|19|септември|1942}}) бил македонски комунист, учесник во [[НОВ]], [[народен херој]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Рампо Левков бил роден во 1909 година во Прилеп. Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 199</ref> Основно образование и гимназијата завршил во Прилеп, а во [[1929]] година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил за пет години. Во [[1935]] година заминал на отслужување на воениот рок во Валлјево, а откак осе вратил во Прилеп, се вработил како волонтер во Прилепскиот суд.<ref>[http://www.oldprilep.com/prilepcani/rampo-levkata-2.html „Рампо Левката“, Old Prilep]</ref> Планирал да се кандидира за претседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал под 30 години.<ref name="ReferenceA">„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200</ref> Сепак, зел активно учество во составување на списокот на кандидати од граѓанската независна листа, и активно им помагал на сограѓаните при составување на жалби, молби и тужби. Пред денот на гласање, полицијата го уапсила него како и Трајко Бошковски - Тарцанот.
 
По изборите полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200<name="ReferenceA"/ref> Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во неофицијален лого за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Југославија, по што се вратил дома.
 
==Учество во НОБ==
Поради својот револуционерен дух, често бил затворан. Од есента [[1941]] година, живее и дејствува полуилегално и со голем успех работи на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Во меѓувреме полагал адвокатски испит, а месниот комитет на комунистичката партија сметал дека ќе е од полза доколку отвори самостојна адвокатска канцеларија, која би се користела за курирски врски со селата и со партизанскиот одред. Така и се случило.<ref name="ReferenceB">„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 201</ref>
 
Во декември 1941 година, Пенко Здравковски, кој бил раководител на партиската ќелија во која членувал Левката, побарал од Рампо Левков да напише нешто во стих. Тогаш Рампо Леквов ја составил баладата од 170 стиха „Бабуна“, која наредниот ден била размножена и делена меѓу народот,<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 201<name="ReferenceB"/ref> а во мајскиот број во 1942 година на „Народен глас“, песната била ставена на насловната страница.
 
На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила Рампо Левката, заедно со уште дваесетмина. По долгото мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај селото [[Дабница]], прилепско, на 19 септември 1942 година.<ref>{{цитирана книга|last=Vera Aceva, Borko Temelkoski|title=Prilep i Prilepsko vo NOV 1942 godina: materijali od naučniot sobir održan na 13, 14 i 15 dekemvri 1976 godina|publisher=Kultura|date=1978}}</ref> Овој масакр е познат под името [[Масакр кај Дабница, 1942|Дабнички маскар]].
 
За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 203</ref>