Коте Христов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 14:
'''Константин Христов Саров''' или ''Саровски'', наречен ''Коте'', познат како ''Константинос Котас'' или ''Котас Христу'' (на [[грчки јазик|грчки]]: ''Κωνσταντίνος Κώτας'' или ''Κώττας''; ''Κώτας'' или ''Κώττας Χρήστου'') бил деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], а по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза и учествувал во [[Борба за Македонија|Борбата за Македонија]] како [[андарт]]ски капетан.
 
==Животопис==
==Биографија==
===Ајдутство===
Коте е роден [[1863]] година во костурското село [[Руља]] во областа [[Корешта]]. Останал без образование.
 
Во пролетта [[1898]] година заедно со [[Павел Киров]] (Павлос Киру) од село [[Желево]], со мала чета се одметнале и ја обиколувале [[Корешта]]. Оваа ајдутска чета се занимавала со ситни напади, кражби и убиства на бегови од кои населението трпело насилства. Коте и неговата чета ги ликвидирала: Касим бег, Хабедин бег од [[Костур]], Нури беј од [[Хрупишта]], Џемаил бег од [[Корча]], Нури од [[Лерин]] и други.
Ред 34:
По овој неуспешен обид за ликвидација Коте стапил во контакт со костурскиот патријаршиски митрополит [[Германос Каравангелис]]. На оваа средба митрополитот Каравангелис истакнал:
 
{{Цитатник|''Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки. Впрочем, нашата црква и патријаршијата секогаш беа во првите редови на слободата. Додека Бугарија не се покажа способна дури ни самата да се ослободи, туку беше ослободена од Русија. Па чекаш сега таа да ја ослободи Македонија? И си правиш илузии дека е можно некогаш европската дипломатија да ја потврди Македонија за Бугарија, а особено Лерин и Костур, кои се одвај два дена од грчката граница, додека од бугарската се на далечина од седум дена? „Потоа му зборував и за убиствата и му реков дека ако навистина Бугарскиот комитет <ref group="белешка" name="vg_o"/> работи за слободата за една толку света цел, не би можел да прави такви злосторства, да одзема насилно пари од сиромашните селани и да убива невини луѓе. „Од денес” му реков „ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш прв човек. Ќе те исправам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција”'' <ref name="GKMB"> [http://www.promacedonia.org/gk/gk_3a.htm Каравангелис, Германос. „Македонската борба (мемоари)“, Култура, Скопје, 2000]</ref>. }}
 
Коте ги прифатил барањата на митрополитот, а за возврат од него добивал плата од 10 лири и неговите двајца сина ги испратил на школување во [[Атина]] каде што ги примил [[Павлос Мелас]]. Меѓутоа Коте и покрај договорот се' уште не застанал отворено на страната на [[Грчка пропаганда во Македонија|грчката пропаганда]], продолжувајќи ја својата дејност во [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
Ред 42:
И покрај помилувањето Коте продолжил со својата ретроградна дејност и во август 1902 година повторно е направен обид за ликвидација на Коте во селото [[Ошчима]]. Oбидот бил неуспешен, но во текот на нападот бил заробен неговиот содружник [[Геле Трсијански]].
 
Кон крајот на август 1902 година во Костурско пристигнал полковникот [[Атанас Јанков]] со својата свита настојувајќи да предизвика востание во [[Македонија]]. Јанков откако не успеал да се договори со раководителите на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], се поврзал со Коте и заедно почнале да коваат планови за напад врз [[Лерин]].<ref name="macedoniaontheweb.com">[http://www.macedoniaontheweb.com/forum/modern-macedonian-history/288-most-important-greek-slavophone-macedonians-chieftains-their-activities.html Most important Greek Slavophone Macedonians chieftains and their activities ]</ref>
[[Податотека:Lazo papatraijkov.jpg|лево|мини|150п|Отсечената глава на Лазар Поп Трајков]]
Меѓутоа таквите планови на Јанков и Коте биле без реална основа, бидејќи немале доволни сили за да ги спроведат. Коте и Јанков под притисок на турските сили се повлекле во селото [[Смрдеш]]. Јанков заминал за [[Грција]], а дел од неговите четници влегле во четата на Коте.
Ред 60:
По овие убиства Коте се засолнил во [[Атина]] кај своите синови, кои таму учеле со стипендии обезбедени од митрополит Каравангелис. Во март [[1904]] година се вратил во Македонија заедно со [[Павел Киров]] од [[Желево]]. Тие двајца и со неколку души од влашкото село [[Песодер]] формирале база на грчката пропаганда по течението на Рупелска река.
 
Коте ја пресретнал првата андарска грчка чета на чело со [[Павлос Мелас]]. По доаѓањето на оваа чета, Коте започнал со гонење дејците од македонското револуционерно движење. На 4 мај, Коте го ликвидарал егзархискиот учител Георги Трајков од селото [[Трново (Леринско) |Трново]]. Истиот ден, Коте ја ликвидирал жената на свештеникот на [[Трпо Поповски]] и тетката на [[Васил Чекаларов]].
 
Набргу по овие настани Коте бил заробен од турските власти. За негово заробување постојат неколку верзии. Според [[Христо Силјанов]], на 22 мај во селото Буф, штотуку вратениот од [[Соединети Американски Држави|Америка]] Петко Јанев бил ограбен од Коте, кој му ги одзел печалбарските пари. Оштетените се пожалиле кај [[Хусеин Хилми Паша]] и странските конзули во [[Битола]]. Под притисок на англискиот козул, Хилми паша издал наредба за фаќање на Коте и тој бил опколен од страна на аскерот на 9 јуни 1904 година во селото [[Руља]]. Коте се предал без да дава отпор, по што бил однесен во [[Битола]] каде што бил осуден како разбојник и во септември 1905 година бил обесен на ''Ат пазар'' во [[Битола]].
 
Според друга верзија, тој бил предаден од митрополитот [[Германос Каравангелис]], затоа што Коте одбил да го зароби [[Митре Влаот]] и затоа што се колебал и постоела можност да се врати во редовите на македонското револуционерно движење <ref>[http://www. name="macedoniaontheweb.com"/forum/modern-macedonian-history/288-most-important-greek-slavophone-macedonians-chieftains-their-activities.html Most important Greek Slavophone Macedonians chieftains and their activities ]</ref>. Според оваа верзија, османлискиот одред кој го заробил Коте бил предводен од андартскиот капетан Павел Киров. Според грчката дипломатска документација, Хилми Паша пред грчкиот козул Димитриос Калергис истакнал дека Каравангелис е заслужен за заробувањето и ликвидацијата на Коте <ref>Димитрис Литоксоу. Грчка антимакедонска борба. І. Од Илинден до Загоричани (1903-1905). Скопје, 2004, 51-55; Крсте Битовски. Грчката „Македонска борба“. Скопје, 2001, 290-293.</ref>.
 
По [[Балканските војни]] новите грчки власти родното село на Коте го преименувале во ''Котас'', во [[1995]] година неговата куќа била претворена во музеј, а во селото има и негов споменик со натиписот ''Пионир на Македонската борба''.