Јурмала: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
с Јазична исправка, replaced: бизнисмени → стопанственици using AWB
Ред 54:
Градот Јурмала се состои од низа на мали одморалишта. Од запад кон исток, тука се вклучени Кемери, Јаункемери, Слока, Каугури, Ваивари, Асари, Мелужи, Пумпури, Јаундубулти, Дубулти, Мајори, Џинтари, Булдури и Лиелупе.
 
Областа на која се простира градот Јурмала порано била дел од Рига, позната како '''Ригас Јурмала'''. Некои делови од областа, како Слока и Кемери, биле познати како бањски одморалишта многу векови. На германски јазик градот бил познат како '''Рига-Странд''', или "плажа на Рига".
 
Јурмала бил познат како бањска дестинација уште од крајот на 18. век и почетокот на 19. век. Богатите земјопоседници ја започнале традицијата да одмараат на приморјето, а руските војници доаѓале да одморат по [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]], враќајќи се подоцна со своите семејства. Врвот на развојот на областа било отварањето на железничката линија Рига - Тукумс во 1877 година, (која сѐ уште поминува низ Јурмала) со што дошло до пораст на бројот на посетители, како и до пораст на развојот на градот како летувалиште. Јурмала исто така се здобил со реноме како здравствено одморалиште. Морското ветре, боровиот мирис, минералните извори и песочните плажи биле причина за развој на многу санаториуми во рамките на градот.
 
Со оглед на тоа што [[Рига]] напреднала брзо и успеала да ги придобие туристите од западните земји, Јурмала заостанувал позади. Сепак, во последните години, градот започнал да се опоравува. Многу познати личности од Русија, успешни бизнисменистопанственици и други купиле куќи покрај плажата, и многу различни фестивали и други активности довеле се повеќе луѓе во градот секое лето. Моментално, Јурмала ја постигнал популарноста која ја доживеал од советската елита.
[[File:Wooden structure in Majori, Jūrmala, Latvia.JPG|мини|десно|230п|Дрвен објект на плажата во Мајори.]]
==Архитектура==
Ред 127:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Јурмала}}
[[Категорија:Градови во Латвија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јурмала