Алфред Нобел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поврзано: Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
с →‎Живот и кариера: Правописна исправка, replaced: Санкт Петерсбург → Санкт Петербург using AWB
Ред 14:
==Живот и кариера==
Роден во Стокхолм, Алфред Нобел бил четвртиот син на Имануел Нобел (1801 - 1872 година), пронаоѓач и инженер, и Каролина Андриет Нобел (1805 - 1889 година). Парот стапил во брак во 1827 година и имал осум деца. Семејството било доведено до просјачки стап, и само Алфред и неговите тројца браќа го проживеале детството. По таткова линија, Алфред бил потомец на шведскиот научник Олаус Рудбек (1630 - 1702 година) па за возврат на тоа, момчето било заинтересирано во инженерство, особено експлозиви, учејќи ги основните начела од неговиот татко на рана возраст.
Пратен од неколку неуспеси во работата, во 1837 година таткото на Нобел се преселил во Санкт Петербург каде што станал успешен како производител на алатни машини и експлозиви. Тој ја измислил современата „иверица“ и започнал со истражување на „торпедото“. Во 1842 година, неговата фамилија му се придружила во Санкт ПетерсбургПетербург. Имајќи пари, неговите родители биле во можност да го пратат Нобел кај приватни учители а тој се покажал како доста добар во неговите студии, особено во полето на хемијата и јазиците, стекнувајќи се со високо познавање на англискиот, францускиот, германскиот и рускиот јазик. За време од осумнаесет месеци, од 1841 до 1842 година, Нобел го посетувал единственото училиште како дете, Јакопсоновото апологетско школо во Стокхолм. Како младо момче, Нобел учел со хемичарот Николај Зинин. Потоа во 1850 година, тој заминал во Париз за да ги продлабочи своите студиите. На осумнаесет годишна возраст тој заминал во Соединетите Држави на четиригодишни студии по хемија, каде што соработувал во краток временски период со пронаоѓачот Џон Ериксон, кој го дизајнирал оклопниот воен брод во Американската граѓанска војна, USS Monitor. Во 1857 година, Нобел го регистрирал неговиот прв патент, патент за гасомер.
Фамилијарната фабрика произведувала оружје за Кримската војна (1853 - 1856 година) но се сретнала со потешкотии да се врати на редовното производство за домашните потреби откако војувањето завршило, што довело до банкрот. Во 1859 година, таткото на Нобел ја оставил фабриката под раководство на неговиот втор син Лудвиг Новел (1831 - 1888 година), кој значително ја подобрил работата. Нобел и неговите родители се вратиле од Русија во Шведска, а Нобел целосно се посветил себеси на изучување на експлозивите, особено на безопасното производство и употреба на нитроглицеринот (откриен во 1847 година од страна на Асканио Собреро, негов колега на студии под менторство на Теофил-Јулиј Пелуз при Универзитетот во Торино). Во 1863 година, Нобел го измислил детонаторот, а во 1865 година го дизајнирал капсула-детонаторот.
На 3 септември 1864 година, експлодирала барака во фабриката во Хеленборг, Стокхолм, која се користела за подготвување на нитроглицерин, убивајќи петмина, помеѓу кои и помладиот брат на Нобел, Емил. Постојано проследен со повеќе мали несреќи но непопречен од тоа, Нобел продолжил и понатаму да гради фабрики концентрирајќи се на подобрување на стабилноста на експлозивите кои ги развивал. Нобел го пронашол динамитот во 1867 година, материја со која било полесно и побезбедно да се работи отколку со понестабилниот нитроглицерин. Динамитот бил патентиран во Соединетите Држави и во Обединетото Кралство и бил користен во минирање и градење на меѓународни транспортни мрежи. Во 1875 година Нобел го измислил експлозивниот желатин или гелигнит, кој бил постабилен и помоќен од динамитот, а во 1887 година го патентирал балиститот, претходникот на кордитот.