Политичка филозофија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Римското царство → Римското Царство using AWB
Ред 13:
Поради наведеното, првото прашање не се однесува само на општествениот поредок кој може да се оправда, туку: кога некој општествен поредок може да заслужи доброволна согласност од поединците, врз кои тој поредок е наметнат со принуда? Одговорот на вака поставеното прашање најчесто се бара преку начелата за праведност и добрина, кои пак се во основата на моралната филозофија. Политичката филозофија, наспроти [[морална филозофија|моралната филозофија]] (врз која е впрочем втемелена), не ги применува начелата за праведност и добрина врз личното однесување на поединците туку врз институциите, врз правилата, конвенциите и практиката што се наметнати со принуда. Политичката филозофија не се прашува како треба ние да живееме и постапуваме поединечно, туку кој вид институции треба да прифатиме за да би ги усогласиле нашите постапки и нашите животи.
 
На вака дефинираните проблеми се обидувале да најдат одговор [[Платон]] („[[Држава (Платон)|Држава]]“) и [[Аристотел]] („[[Политика (Аристотел)|Политика]]“) во оној момент кога впрочем настанува и кризата на елинистичкиот свет и за првпат се раѓа политичката филозофија. По вторпат, истата потреба, ќе се јави кога ќе дојде во криза Римското царствоЦарство и ќе треба да се одбрани тогаш роденото [[христијанство]]. Тоа ќе го стори [[Августин]] („[[За царството Божје]]“) создавајќи ја политичката филозофија на христијанството. Кризата на христијанската политичка филозофија ќе доведе до настанување на модерната држава: [[Николо Макијавели]] („[[Владетелот]]“); [[Томас Хобс]] ([„[Левијатан (книга)|Левијатан]]“); [[Томас Мор]] („[[Утопија (книга)|Утопија]]“); [[Шарл Монтескје]] („[[Духот на законите]]“); [[Жан Жак Русо]] („[[Општествениот договор]]“); [[Џон Лок]] („[[Две расправи за владеењето]]“). Кризата на модерната држава ќе ја создаде политичката филозофија на [[Хегел]] и [[Маркс]].
 
Едноставно кажано, секогаш кога настанувала состојба, при која се губела свеста за политичките принципи, се раѓала потребата за политичката филозофија како враќање на свеста за суштествените политички принципи.
 
Политичката филозофија опфаќа три вида истражувања:
Ред 35:
 
==Чиста политичка теорија==
Теоријата на политиката, набљудувана во потесна смисла на зборот, како „чиста“ теорија на политиката (''the strict theory of politics''), може да се подели на три области:<ref name="James M 1962">James M. Buchanan and Gordon Tullock, ''The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy''. The University of Michigan Press, 1962, стр. 327.</ref>
* теорија на комитетите и изборите (''theory of committees and elections'')
* теорија на партиите и кандидатите (''theory of parties and candidates'')
* теорија на конституциите (''theory of constitutions'')
 
Главниот придонес во теоријата на комитетите и изборите го дале [[Данкан Блек]] (''Duncan Black'') и [[Гордон Тулок]] (''Gordon Tullock''). Сепак, како далечни претходници на оваа гранка на политичката теорија се тројца француски [[математичар]]и и [[физичар]]и од [[XVIII век]]: Борда (Borda), Кондорсе (Condorcet) и Лаплас (Laplace). Подоцна, во 1907 година, Нансон (E. J. Nanson) објавил едно дело во врска со изборите, а мал придонес во оваа област дале и [[Џорџ Халет]] (George H. Hallet) и [[Френсис Галтон]] (Francis Galton). Значаен придонес во изградбата на оваа теорија дал [[Луис Керол]] (Lewis Carroll) кој напишал три оригинални памфлети за методите на гласање.<ref> name="James M. Buchanan and Gordon Tullock, ''The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy''. The University of Michigan Press, 1962, стр. 327.<"/ref>
 
Теоријата на [[Политичка партија|партиите]] и кандидатите ги третира политичарите како [[Претприемништво|претприемачи]], а партиите како партнерства, т.е. корпорации. Притоа се поаѓа од претпоставката дека политичарите сакаат да бидат избрани или повторно избрани, а партиите се доброволни коалиции на политичарите, организирани со цел да се победи на изборите. Првите зачетоци на оваа теорија потекнуваат од економистите [[Харолд Хотелинг]] и [[Јозеф Шумпетер]], но најголем придонес во нејзиниот развој имаат [[Ентони Даунс]] (Anthony Downs) и [[Гордон Тулок]] (Gordon Tullock). Во основа, оваа теорија покажува дека структурата на политичките партии зависи од методите на гласањето. На пример, ако во една изборна единица, политичките кандидати мора да освојат 50% од гласовите за да победат, тогаш сите политички партии ќе се обидат да ги освојат гласовите на што поголем број гласачи, со што партиите ќе нудат слични изборни програми. Како последица на тоа, ваквиот систем на гласање ќе доведе до доминација на две политички партии. Доколку од една изборна единица се избираат повеќе кандидати, тогаш не постои тенденција на слични политички програми, туку политичките партии ќе се диференцираат, обидувајќи се да ги освојат гласовите на одделни општествени групи. Во продолжение, оваа тероија покажува дека рационалниот гласач ќе потроши малку време и енергија за да биде добро информиран пред изборите.<ref>James M. Buchanan and Gordon Tullock, ''The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy''. The University of Michigan Press, 1962, стр. 334-336.</ref>
Ред 55:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Политички теории| ]]
[[Категорија:Политичка филозофија| ]]