Византијци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Римска империја → Римско Царство using AWB
Ред 6:
| flag_caption =
| image = File:Byzantine agriculture.jpg
| image_caption =
 
| total = <!-- total population worldwide -->
Ред 24:
Mакар и релативно ретко во источноримските хроники пред [[1453]] година ([[Пад на Цариград (1453)|падот на Цариград]]), под стилизираниот термин „''Византијци''“ (''Βυζάντιοι'') се подразбирале само и единствено жителите на Цариград. Жителите на тој град, сепак, се сметале себе си како ''Римјани'', а не како „Византијци“, термин кој не бил актуелен во тогашната реалност. Терминот „Византијци“ може со полно право да се смета за [[неологизам]], кој потекнува дури од [[1557]] година, односно се користи за прв пат од западната историографија еден век по [[Пад на Цариград (1453)|падот на Цариград]] и негово освојување од [[Османлии]]те.
 
Терминот „''Ромеи''“ (во ред со „''Романи''“ на [[латински јазик]], „''Рум''“ на [[персиски]], [[арапски]] и [[турски јазик]]) всушност сам по себе се јавува како [[политоним]], а не како [[етноним]]. По [[212]] година, етничкото потекло повеќе не било од суштинско значење за поданиците на [[Римско Царство|Римското Царство]]<ref>Charanis, Peter (1959). "Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century". Dumbarton Oaks Papers (Dumbarton Oaks, Trustees for Harvard University) 13: 23–44. JSTOR 1291127.</ref> Во секој случај постепени промени имало и до [[330]], кога [[Константин I]] го изградил [[Цариград]] или [[Константинопол]] како свој престолен град, а процесот на [[хеленизација]], и [[христијанизација]] веќе бил во голем замав.
 
Во [[395]] година, римската држава била поделена на два дела: [[Западно Римско Царство]], со седиште во [[Рим]] и [[Источно Римско Царство]], со престолнина во [[Цариград]]. Тогаш била создадена и посебна црква на чело со епископ, а од [[451]] година со патријарх. Во [[596]] година патријархот на [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]] бил прогласен за вселенски. Грчкиот јазик бил прогласен за официјален јазик на исто ниво со латинскиот на почетокот на [[7 век]]. На почетокот на [[8 век]], латинскиот јазик конечно бил изместен од грчкиот, како официјален. Сѐ до [[1453]], жителите на [[Византија]] себеси се сметале и се нарекувале како Ромеи, а [[Средновековен грчки јазик|јазикот]] што го зборувале - ''Ромејски'' (''<nowiki>'Ῥωμαιϊκή'</nowiki>) или „''римјански јазик''“.
 
Иако и поданици на царот, на пример [[Евреи]]те и [[Муслимани]]те не влегувале во социјалната и правна структура на општеството, и не се нарекувале себеси како Ромеи, бидејќи тие не биле христијани. Исповедањето на Jудаизмот и Исламот не било забрането, но тие не можеле да ги уживаат сите права во една христијанска држава. Интересен бил правниот статус на [[Ерменци]]те, [[Асирци]]те и [[Копти]]те со нивните посебни Христијански цркви. Верските противречности акумулирани меѓу власта во [[Цариград]] и овие три народи, довеле до средновековен национализам и верска дискриминација.
 
Ромеите се идентификувале како ''нашенци'', во смисла на ''опозиција на странци'', како политички следбеници на [[РимскаРимско империјаЦарство|Рим]], на [[Апостоли]]те и на културата од [[Хеленистички период|Хеленистичкиот период]].
 
== Наводи ==