Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
с Јазична исправка, replaced: Отоманска империја → Отоманско Царство using AWB
Ред 27:
 
==Потекло и претходен живот==
Михал Палеолог припаѓал на многу угледно благородничко семејство, меѓу своите предци имал членови на старите царски династии и бил оженет со роднината на [[Јован III Дука Ватац|Јован Ватац]], Теодора. Како истакнат војсководец, тој бил омилен во војската и особено ги уживал симпатиите на наемничките латински трупи. Михаил умеел да ги придобие луѓето за себе и имал приврзаници во сите кругови, па и кај влијателниот [[клер (свештеници)|клер]]. На тој начин тој бил поставен за голем дукс со титула на деспот.<ref name="ReferenceA">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539.</ref>
 
==Преземање на регентството и царската власт==
Кога [[Теодор II Ласкарис|Теодор]], во [[август]] [[1258]] година, во триесет и седмата година од животот, ѝ се предал на својата тешка болест, царската круна му припаднала на неговиот седумгодишен син [[Јован IV Ласкарис|Јован IV]]. За регент Теодор го одредил својот пријател Георгиј Музалон, не обрнувајќи внимание на омразата која што кон него ја имало [[Ромеи|византиското]] благородништво. Оваа омраза не можела да ја заузда заклетвата која византиските болјари, со Михаил Палеолог на чело, му ја положиле на царот, а потоа и на самиот Музалон. При поменот, деветтиот ден по смртта на царот, Георгиј Музалон и неговиот брат во самата [[црква]] биле нападнати и убиени. Регентството му било доверено на Михаил Палеолог, најистакнатиот претставник на византиската аристократија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539.<name="ReferenceA"/ref> Потоа во [[декември]] 1258г. или во [[јануари]] [[1259]]г. бил прогласен за совладетел со младиот Јован IV Ласкарис и крунисан со царска круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539-540.</ref>
 
==Владеење==
===Сојузот против Никеја===
Молскавичното издигнување на Михаил VIII Палеолог се објаснува не само со неговата ретка умешност туку и со новите надворешно-политички заплети кои барале брзо средување на приликите и создавање моќна власт во [[Никејско царство|Никеја]]. За разлика од [[Фридрих II Барбароса|Фридрих II]], неговиот син, [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]], бил непријател на Никејското царство. Наглиот пораст на моќта на ромејската држава, која од средината на векот со големи чекори се приближувала кон реставрација, го вратил Манфред на линијата на антивизантиската политика на [[Хенрик VI (Свето римско царство)|Хенрик VI]] и на [[Нормани|норманските]] кралеви на [[Сицилија]]. Веќе во [[1258]]г. тој го зазел [[Крф]] и најважните градови на [[Епир|епирскиотепир]]скиот брег. На никејскиот цар му го одзел неодамна освоениот [[Драч]], а на [[Епирско деспотство|епирскиот]] деспот - [[Валона]] и [[Бутринт]]о. Бидејќи Манфред се оженил со ќерката на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]], тој формално му ги отстапил окупираните градови како мираз и со него склучил сојуз против Никејското царство. На овој сојуз му се приклучил и [[Ахајско кнежество|ахајскиот]] кнез [[Вилием II Вилардуен]], којшто, исто така, станал зет на епирскиот деспот. Ахајскиот кнез бил најмоќниот владетел во франкска [[Грција (регион)|Грција]]. Соседното [[Атинско војводство]] и [[Евбејско господство|Евбеја]] го признавале неговиот суверенитет. На тој начин се создала силна коалиција којашто се заканувала во последниот момент да ја спречи реставрацијата на [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Сепаратистичките сили на соперничките ромејски држави во Епир и латинските сили во Грција се обединиле со сицилијанскиот крал против Никеја. На страната на тројниот сојуз застанал и [[Кралство Србија (Среден век)|српскиот]] крал [[Стефан Урош I|Урош I]]. Неговата војска во 1258г. ги зазела [[Скопје]], [[Прилеп]] и [[Кичево]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 540-541.</ref>
 
Војната против тројниот сојуз била првата голема задача во политичката кариера на Михаил Палеолог. Оваа задача тој блескаво ја извршил совладувајќи го бројно надмоќниот непријател. Неговиот брат, севастократорот Јован Палеолог, против коалицијата повел засилена војска со моќни [[Кумански|кумански]] и [[Селџуци|селџучки]] контингенти. Во [[есен]]та [[1259]]г. во [[Пелагонија|пелагониската рамница]] дошло до одлучувачката [[Битка на Пелагонија|битка]] во која Византијците катастрофално ја поразиле шарената војска на сојузниците. Четиристотините коњаници што ги испратил кралот Манфред, останале на бојното поле, а и самиот Вилием Вилардуен паднал во заробеништво. Најтешко страдал Епирскиот деспотат. Царската војска навлегла во Епир и го зазела градот [[Арта]]. Само благодарение на новата помош од Сицилија, Епир можел овој удар уште еднаш да се закрепне. И Србите ги напуштиле градовите што ги зазеле пред една година.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 541-542.</ref>
 
===Односот со италијанските градови-држави===
Сега веќе немало ниту една сила на копно што би можела да ја спречи реставрацијата на [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Сериозни пречки единствено можеле да се очекуваат од [[Венецијанска република|Венецијанската република]], вистинскиот творец на [[Латинско царство|Латинското царство]] во [[Цариград]] и главниот корисник на ситуацијата што настанала по [[1204]]г. За да се обезбеди и од таа страна, Михаил VIII стапил во допир со [[Република Џенова|Џеновјаните]], соперниците на Венецијанците. На [[13 март]] [[1261]]г. во [[Нимфеја]] бил склучен познатиот договор, којшто ја засновал моќта на Џенова на Исток, како што договорот од [[1282]]г. ги поставил темелите на венецијанската моќ. Џенова се обврзала да му даде воена помош на царот против Венецијанците и за тоа добила многу широки привилегии, била ослободена од сите царини и давачки на територијата на Царството и требало да добие пристап во сите поважни византиски пристаништа, а по реставрацијата и во самиот Цариград. Со еден збор, Џенова си ја обезбедила трговската надмоќ на Исток што од крајот на [[XI век]] ја уживала Венецијанската република. Всушност, Византија станала заробеник на двете [[Италија|италијанскииталија]]нски републики кои сè повеќе ја потиснувале нејзината поморска моќ и трговија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 542.</ref>
 
===Освојувањето на Цариград===
Големиот настан којшто најопфатно бил подготвуван и војнички и дипломатски, дошол речиси случајно. Во [[лето]]то [[1261]]г. царскиот војсководец Алексиј Стратигопул бил испратен со мала војска на [[Второ бугарско царство|бугарската]] граница. При преминот на [[Тракија]] тој дознал дека [[Цариград]] бил оставен речиси без заштита. Уште траело примирјето, склучено во [[август]] [[1260]]г., а [[Венецијанска република|венецијанската]] флота со поголем дел од [[Латинско царство|латинската]] тргнала во една експедиција на [[Црно Море]]. Без долго премислување, Стратигопул го нападнал незаштитениот град и во зората на [[25 јули]] 1261г. продрел во него речиси без борба. Царот [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] за да се спаси, се вдал во бегство. Латинското царство во Цариград престанало да постои.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 542-543.</ref>
 
На [[15 август]] царот Михаил VIII свечено влегол во градот на [[Константин Велики]]. Во времето на латинското владеење Цариград загубил многу од својот некогашен блесок и богатство. По варварскиот грабеж од [[1204]]г. почнало систематското одвлекување на [[Источно римско царство|византиското]] богатство. Наоѓајќи се во голема сиромаштија, постојано загрозувана од надвор, латинската влада извезувала скапоцени предмети во западните земји за да ја обезбеди благонаклонетоста на западните сили. [[Црква|Црквите]] го загубиле својот украс, своите реликвии и икони. [[Влахерна (палата)|Влахернскиот дворец]] бил запуштен. Но, сега големо било одушевувањето на Цариграѓаните. Дочекот на царот во ослободениот град се претворил во голем народен и верски празник. Народот и свештенството му излегле во пресрет, носејќи ја иконата на [[Богородица Марија|Богородица]] Ходигитрија, која се сметала за дело на евангелистот [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]]. Пеш, „повеќе како [[Христијани|христијанинхристијани]]н отколку како цар“, Михаил VIII тргнал во свечената поворка во [[Студитски манастир|Студитскиот манастир]], а потоа следен со одушевено скандирање на народот влегол во [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]]. Тука, во најголемиот и најславен византиски храм, во кого биле крунисани старите византиски цареви, [[Вселенски патријарх|патријархот]] во [[септември]] истата година го крунисал Михаил VIII и неговата сопруга Теодора со старата царска круна. [[Андроник II Палеолог|Андроник]], тригодишниот син на царот, како престолонаследник, бил прогласен за [[василевс]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 543-544.</ref>
 
Легитимниот цар [[Јован IV Ласкарис]] во сите тие свечености немал никаков удел, а нешто подоцна на несреќното момче му ги ископале очите. Како што [[Андроник I Комнин|Андроник Комнин]] го отстранил од патот [[Алексиј II Комнин|синот]] на [[Мануил I Комнин|Мануил]], така сега Михаил Палеолог го отстранил последниот потомок на [[Династија Ласкарис|Ласкарис]], кршејќи ги сите свечени заклетви и сите ветувања. Но, додека Андроник и самиот доживеал ужасен крај, вештиот Палеолог успеал да заснова моќно владеење и да го постави темелот на династијата којашто со Византија ќе владее сè до нејзиниот последен час.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 544.</ref>
Ред 51:
Превласта на југоисток [[Никејско царство|Византијците]] ја здобиле уште во времето на [[Јован III Дука Ватац|Јован Ватац]], но по заземањето на [[Цариград]], [[Источно римско царство|Византија]] одново станала голема сила во вистинска смисла, иако, се разбира, враќањето на Цариград било само последица на политичките и воени успеси во претходните децении. Пленот на [[Ромеи|Византијците]] им паднал како зрела круша. Сепак, со повторното освојување на престолнината на [[Босфор]]от положбата на Царството во светот се изменила од темел. Византија, пак, силно влијаела врз светската политика и претставувала еден од фокусите на политичките збиднувања на [[Медитеран]]от.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 544-545.</ref>
 
Меѓутоа, воспоставувањето на позиција на голема сила со себе донело и многу тешкотии и опасности. Одржувањето на оваа позиција барало и повеќе средства и сили отколку што Византија тогаш имала. Расходите се зголемувале, била потребна поголема војска и поголема флота. Обновувањето на разурнатата и запуштена престолнина барало огромни трошоци и како голем товар паѓало врз провинциите на Царството. Меѓутоа, веќе кон крајот на [[XII век]] се покажало дека Византија не била во состојба да се одржи како голема сила. Потиснати во [[Мала Азија]], Византијците создале нова држава, поцврста и постабилна отколку старото Византиско царство. Но, оваа провинциска држава во нивните очи имала само минлива вредност и им служела само како средство за реставрација на старото Царство. Така, во јуначките борби, со најголеми напори и жртви, била воспоставена позицијата којашто еднаш веќе се покажала како неодржлива.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545.</ref>
 
Периодот на латинското владеење оставил длабоки траги. Во организмот на државата останале рани коишто обновата на нејзиниот центар не можела да ги излечи. Реокупираниот Цариград доликувал на голема глава на изнемоштено и од секаде начнато тело. Во византиските води господареле [[Италија|италијанскитеиталија]]нските републики, нивните колонии биле расфрлени по целото Царство, нив им припаѓале и повеќето острови во источниот дел на Средоземното Море. [[Грција (регион)|Грција]], исто така останала под власта на Латините, а и [[Епирско деспотство|Епирскиот деспотат]], иако бил под ромејска власт, заедно со [[Тесалија]] го избегнал обединувањето и упорно го задржувал непријателскиот став спрема Византиското царство. Значителен дел [[Балкан|Полуостровот]] држеле [[Второ бугарско царство|Бугарите]] и [[Кралство Србија (Среден век)|Србите]] проширувајќи се на сметка на Византија. Навистина, ниедна од овие сили не била во состојба да преземе поголема акција против Византија, но сите тие биле подготвени да му се придружат на секој антивизантиски потфат којшто би дошол од Запад. Обновеното Византиско царство на Запад имало многу непријатели и секој час можело да се очекува напад. Сојузот на антивизантиските сили на Запад и на Балканот би го довел во прашање и самиот опстанок на Византиското царство. Оваа опасност можела да се изебегне само со вешто дипломатско маневрирање. За среќа, вештината на маневрирање на Михаил била ненадминлива.<ref name="ReferenceB">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545-546.</ref>
 
===Кралство Сицилија===
Средиштето на агресивните планови против [[Источно римско царство|Византија]] била [[Сицилија]] и поради тоа односите со [[Кралство Сицилија|Сицилијанското кралство]] го чинеле јазолот на политиката на Михаил во текот на целото негово владеење. Меѓутоа, освојувачките планови на Сицилија можеле да станат ефикасни само со поддршка на [[папа]]та и затоа Михаил VIII пред сè настојувал да ја спречи спогодбата на Сицилијанското кралство со [[Папска држава|Рим]]. Додека со Сицилија владеел [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]] тоа не било тешко. Навистина, во почетокот Рим завзел остар непријателски став спрема обновувањето на Византиското царство. Папството не се мирело лесно со тоа што [[Цариград]] бил загубен за римската црква и што [[Латинско царство|Латинското царство]] го заменило шизматичкото „Грчко царство“. Папата [[Папа Урбан IV|Урбан IV]] ([[1261]]г.-[[1264]]г.) ги подржувал Латините во [[Грција (регион)|Грција]] во борбата против Византија и дури ставил анатема на [[Република Џенова|Џеновјаните]] коишто не сакале да се откажат од сојузот со византискиот цар. Но на патот на соработката на папството со Манфред стоело старото римско нерасположение спрема [[Штауфовци|Штауфовците]]те. Урбан IV не само што не ги поддржувал освојувачките планови на Манфред, туку и дејствувал кон тоа да се докрајчи владеењето на Штауфовците во јужна [[Италија]], нудејќи му ја сицилијанската круна на [[Карло Анжујски]], братот на [[Кралство Франција|францускиот]] крал. Со вешто искористување на антагонизмот меѓу римската црква и Штауфовците, Михаил VIII успеал да ѝ се приближи на римската курија, а со ветувањата за унија и да предизвика пресврт кај папата.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545-546.<name="ReferenceB"/ref>
 
===Ахајското кнежевство===
Ред 65:
 
===Договорите со Венеција и Џенова===
Борбите во јужна [[Грција (регион)|Грција]], по убавите успеси во почетокот, завлегле во неповолен пресврт. Војната се растегнала, пари снемало, па [[Селџуци|турските]] помошни трупи, не добивајќи редовно плата, преминале на страната на [[Кнежевство Ахаја|Латините]]. [[Источно римско царство|Византијците]] коишто продреле во внатрешноста на [[Пелопонез]], во [[1264]]г. кај [[Битка кај Макри-Плаги|Макри-Плаги]] претрпеле тежок пораз и почнале да се повлекуваат. Поразени биле и византиските [[Република Џенова|сојузници]] на море. Во [[пролет]]та [[1263]]г. [[Венецијанска република|Венецијанците]] ја разбиле џеновјанската флота кај [[Битка кај Сетепоција|Сетепоција]] во [[Неаполски Залив|Неаполскиот Залив]]. Тоа го поттикнало Михаил VIII да го промени својот став спрема [[Италија|италијанскитеиталија]]нските поморски републики. Тој им го откажал сојузот на Џеновјаните, кој иако сврзан со големи материјални жртви, не ги довел очекуваните полезности, ги вратил џеновјанските бродови и стапил во преговори со надмоќната Венецијанска република. Во [[јуни]] [[1265]]г. бил изработен текстот на договорот, според кого Венецијанците ги добиле сите свои поранешни, а и некои нови привилегии во Византиското царство. Прекинот со Џенова, меѓутоа, бил само привремен. Бидејќи опасноста од Запад се зголемувала и бидејќи Венецијанците оддолжувале со ратификацијата на договорот, Михаил VIII одново ѝ подал рака на Џенова. Џеновјаните, кои во меѓувреме во борбата со Венецијанците претрпеле нов пораз ([[1266]]г.), со задоволство ја прифатиле понудата. Тие одново добиле право на слободна трговија во Византија, а освен тоа им било дадено и право да се населуваат во [[Галата]], цариградско предградие на [[Златен Рог|Златниот Рог]] ([[1267]]г.). Тука тие останале сè до [[ОтоманскаОтоманско империјаЦарство|турското]] доба и наскоро Галата се претворила во богато џеновско трговско пристаниште. Враќањето на Џеновјаните во Византија го означила и крајот на колебањата на Венеција. На [[4 април]] [[1268]]г. византиско-венецијанскиот договор бил ратификуван, иако клаузулата за протерување на Џеновјаните сега отпаднала. Меѓутоа, карактеристично било тоа што договорот бил потпишан само на пет години. Венецијанците вовеле нов систем на краткорочни договори. Сепак, во споредба со дотогашната политика, која едноставно ја врзувала Византија или за Венецијанците или за Џеновјаните и неминовно ја доведувала во судир или со едната или со другата италијанска република, истовремената спогодба со двата града имала значајни предности, бидејќи ја намалила опасноста од сојуз на венецијанската или џеновската флота со западните антивизантиски сили, а на царот му овозможила да го искористува соперништвото на италијанските поморски републики.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 548-549.</ref>
 
===Новиот противник на Запад===
Ред 105:
 
===Поништување на унијата===
Не само [[Источно римско царство|византискиот]] цар, туку и [[Папска држава|римската]] курија морала да се бори за одржување на римско-византиската спогодба. По смртта на [[папа]]та [[Папа Грегориј X|Григориј X]] ([[1276]]г.) во [[Рим]] зајакнало влијанието на [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал и во римско-византиските односи настапило заладување. Папата [[Папа Никола III|Никола III]] ([[1277]]г.-[[1280]]г.) уште еднаш им дал силен поттик на римските универзалистички стремежи, а со тоа и на унијатската политика. Се обидел на Запад да создаде извесна рамнотежа меѓу [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]] и [[Рудолф Хабзбуршки]], а на Исток меѓу Карло и византискиот цар, за над сите световни сили да се издигне универзалната власт на римската црква. Во времето на неговиот понтификат, Михаил VIII се чувствувал сигурен на Запад и токму во ова време биле најзначајните византиски успеси во [[Мореја]] и на [[Егејско Море|Егејското Море]]. Но при наредниот избор на папа победило влијанието на Карло Анжујски и ситуацијата од основа се изменила. На римскиот стол во [[1281]]г. се качил [[Французи|Французинот]]нот [[Папа Мартин IV|Мартин IV]], слепото орудие на моќниот сицилијански крал. Римската курија се одрекла од улогата на суверен арбитар и се ставила во служба на анжујската освојувачка политика. Со поддршка од папата, Карло Анжујски и титуларниот [[Латинско царство|латински]] цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]], синот на [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]], на [[3 јули]] 1281г. во [[Орвиет]] склучиле договор со [[Венецијанска република|Венецијанската република]] заради воспоставување на Римската империја, узурпирана од Палеолог. Дури, потчинувајќи се на барањата на Карло Анжујски, Мартин IV, кон византискиот цар, коишто прифаќајки ја унијата во својата земја морал да издржува тешки борби, го проколнал како шизматик и им забранил на [[Католицизам|католичките]] владетели со него да одржуваат врски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559-560.</ref>
 
На тој начин унијата доживеала целосен неуспех. Од неа се одрекол и самиот Рим. Западните сили се обединиле против Византија. Венецијанците на Карло Анжујски му дале флота, а папата му дал морална подршка. Владетелите на балканските земји се придружиле во антивизантискиот потфат. Во спогодба со Карло Анжујски, севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] упаднале во [[Македонија]] во [[1282]]г. [[Кралство Србија (Среден век)|Српскиот]] крал го зазел [[Скопје]], по што Византија засекогаш го загубила градот. Во [[Второ бугарско царство|Бугарија]], византискиот штитеник [[Иван Асен III]] го изгубил престолот, а неговиот наследник [[Георги I Тертер]], којшто му ја одзел круната како водач на бугарските болјари, се свртел против Византија и се спогодил со Карло Анжујски и Јован Тесалиски. Никогаш порано Карло Анжујски не бил поблиску до својата цел и никогаш како сега положбата на Михаил VIII не се чинела побезизлезна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560.</ref>
Ред 119:
{{Византиски владетели}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Православни монарси]]
[[Категорија:Палеолози]]