Чествување на ликот и делото на Јане Сандански: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
Ред 6:
: ''Во илјада деветсто и третата година,''
: ''се создаде република во славно Крушево,''
: ''македонска република прва на Балканот.''
 
: ''Претседател први беше''
Ред 25:
По завршувањето на воената обврска, Јане станал свој човек, заработувајќи сам за својата егзистенција. Тогаш, Јане заедно со други младиници и учители, бил еден од основачите на друштвото ''Младост'', а подоцна станал негов претседател. Можно е токму тогаш да го носел ќостекот кој се чува во [[Музеј на Македонија|Историскиот музеј на Македонија]] како вреден историско-музејски материјал <ref name="GorgeM" />. Ќостекот (синџир на појасот) е откупен во 1955 година и е заведен во ИММ под инвентарен број 359 <ref name="GorgeM" />. Тој е изработен од разнобојни монистри во спирали, во облик на врвца. Двата краја завршуваат со пискул. Близу до средината на ќостекот се вткаени два пискула, едниот од зелена, а другиот од бела монистра. Должината на ќостекот без пискулите изнесува 141 см., а со пискулите 152 см. Во своите спомени Јане истакнува дека агитирал сред населението за купување на пушки, а притоа тој требало да собира пари од населението за оваа намена. Под неговото раководство било извршено познатото [[Афера мис Стон|грабнувањето на мис Стон]] за да се дојде до повеќе пари за македонското ослободително движење. Парите биле употребеувани за купување на оружје. Во врска со акциите на Јане за набавка на оружје за потребите на македонското револуционерно движење, непосредно е поврзан глобусот што Јане го добил како подарок од една италијанска фирма за продажба на оружје. Глобусот е заведен во [[Музеј на Македонија|Музејот на Македонија]] под инвентарен број 427 <ref name="GorgeM" />. Според историјатот на глобусот, Јане во 1902 година го однел во Солун и му го предал на училиштето во кое [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет на Македонската револуционерна организација]] одржувал состаноци. Во јули 1903 година, Јане го однел глобусот во Мелник и го предал на тамошното училиште. Во мелничкото училиште, глобусот останал се до 1911 година, кога училиштето било расформирано <ref name="GorgeM" />. Глобусот потоа бил земено од сестрата на Јане, која по завршувањето на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] го предала на училиштето во [[Петрич]] <ref name="GorgeM" />.
 
Од времето на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] од 1908 година, како и настаните по неа, е сочувано знамето носено од семејството Кратовалиеви од Скопје при пречекот на Јане Сандански. Знамето е одкупено во 1954 година, тоа е заведено во [[Музеј на Македонија|ИМИ]] под инвертарен број 381 <ref name="GorgeM" />. Со победата на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство]] бил воспоставен уставен парламаентарен систем, кои бил подржан од левицата на македонското револуционерно движење и Јане. Во 1909 година била организирана контрареволуцијата за враќање на апсолутистичката власт на [[Абдул Хамид II]]. Против оваа реакција истапиле, меѓу другите, и македонските револуционери. Научниците претпоставуваат дека е можно под ова знаме да се движеле стотици македонски револуционери-доброволци под водство на Јане, [[Христо Чернопеев]] и [[Тодор Паница]] во походот на Цариград <ref name="GorgeM" />. Знамето има форма на правоаголник и е извезено со жолти, розови и светлозелени конци, со реси од сите четири страни. Двете страни, без реси, се широки по 53 см., а другите две по 52, 5 см. Со ресите двете страни изнесуваат по 55 см., а другите две по 55, 5 см. Знамето е направено од црвен атлас, а на едната страна му е доддаден дел од кремов атлас. Трите страни на знамето се обложени со срмени реси, а четвртата страна со раб, за да може да се навлече на рачка. Во средината на знамето е извезена осмокрака ѕвезда, до неа месечина, а околу нив текст: ''Да живее свободата, Да живее народа''. На продолжениот дел пишува: ''Да живее отечевото'' <ref name="GorgeM" />.
== Извори ==
<references/>
 
[[Категорија:Јане Сандански]]