Академска диплома: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
→‎Означување на заработените дипломи: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 46:
Постојат различни конвенции за означување на дипломите според нивното име. Во некои култури вообичаено е да се издаде само највисоката диплома. Во други, вообичаено е да се издаде целосната низа, во некои случаи исто така се додаваат и кратенки за дисциплината, институцијата и (каде што тоа е соодветно) за нивото на почести. Во друга варијација, "правилото за опфатност” често го скратува списокот и може да ја прикрие евидентираната хронологија од целата листа. Тоа значи дека магистерската и универзитетска диплома - доделени во хронолошки редослед - се универзитетска, па магистерска. Правилото за опфатност го одразува принципот дека лицето со даден висок статус не припаѓа одделно на понизок статус.
 
За институциите членки на Здружението на Комонвелт Универзитети, постои стандардна листасписок на кратенки, но во пракса се користат многу варијации. Најзначајна е употребата на латинските кратенки 'Oxon." и "Cantab." за универзитетите во Оксфорд и Кембриџ, но и покрај тоа овие биле заменети со англиските (помалку користените) "Oxf" и "Camb". Други латински кратенки се St And. за универзитетот Сент Ендрус, Exon. за Универзитетот во Ексетер, Dunelm. за Универзитетот Дурам, Ebor. за Универзитетот во Њујорк, Cantuar. за Универзитетот во Кент (поранешниот "Универзитетот на Кент во Кентербери") и N'cle за Универзитетот во Њукасл. Конфузијата резултира од широката примена на "SA" за Универзитетот во Јужна Австралија (наместо S.Aust.), бидејќи 'SA’ официјално била доделена кратенка на Универзитетот во Јужна Африка. За универзитетите членки на Комонвелтот од различни земји кои делат исто име, како Јорк Универзитетот во Канада и Универзитетот на Јорк во Велика Британија, конвенцијата е присвоена така што на името на универзитетот се додава кратенката на земјата. Во овој пример, "York (Can.)" и "York (UK)" најчесто се користат за означување на дипломите доделени од страна на овие универзитети.
 
Удвојувањето на буквите во LL.B., LL.M., LL.D. се должи на тоа што овие дипломи се во права, не во право. Двојните букви укажуваат на Латинска множина (генитив случај) легум за разлика од еднина (генитив случај) легис. Кратенките за дипломите во хирургијата Ch. B. и Ch. M. се од латинскиот термин chiruguriae и често укажуваат на универзитетскиот систем создаден по шкотски модел. Комбинација на M.B. со Ch. B. произлегла од потребата студентите да се здобијат со диплома во периодот од годината кога се одржуваат ритуалите за дипломирање, заради правната неможност да се додели M.B. пред тие да бидат соодветно одобрени од страна на професионалните регулаторни тела. Така, Ch. B. се доделувала прва, а M.B. се доделувала подоцна, по регистрацијата и без церемонија. Во последно време двете се издаваат заедно и широко е разбрано дека сочинуваат една диплома.