'''Бигла''' е македонска— средновисока планина што претставува природно продолжение на [[Илинска Планина|Илинска]] и [[Плакенска Планина]]. Има динарски правец на протегање сз–ји во должина од 16 km.<ref>{{цитирана книга|last=Географско друштво на СР Македонија|title=Geografski razgledi|publisher=Društvo|location=Skopje|date=1989|edition=27-30}}</ref> На запад е ограничена со [[Ресенско Поле]] и долината на [[Голема Река]], на исток со долините на [[Шемница]] и [[Боишка Река]], а на југ со превалот Ѓавато (1.167 m) е одвоена од планината [[Пелистер]]. Во овие граници зафаќа површина од 179 km². Има седум врвови повисоки од 1.500 m, а највисок е Црн Врв (1.935 m), кој се наоѓа во крајниот северозападен дел. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, гранитоиди и тријаски конгломерати. Геолошкиот состав, климатските одлики и големата пошуменост условиле појава на кратки водотеци.<ref>{{наведена книга|last=Земјоделско-шумарски факултет|title=Годишен зборник: Annuaire. Sylviculture. Шумарство|publisher=Универзитет во Скопје|date=1970}}</ref>