Туин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Несоодветна употреба на портал, removed: {{Портал|Република Македонија}} using AWB
Ред 16:
 
== Географиja и местоположба ==
Село Туин Кичевско се наоѓа под падините на планината [[Добра Вода]], и е оддалечено од Кичево 15 километри. Туин е големо село во североисточниот дел на [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]]. Околни населби се: Папрадиште, Јагол, Доленци, Поповјани, Арангел. Во поедини делови на пространиот атар, подалеку од селото избиваат изворите: Добрилоец, Чернеец, Киска, Бачилиште, Добра Bода, Петреа чешма, Чардак, Ливада, Мирчес, Јачмиште, Блажова Чешма, Дервишова Чешма и други. Границата на атарот води преку местата: Добра Вода, Белези, Туинско кале, Челојца, Јачменишта, Бели Камен, Попов Камен, Црквеница, Боглев камен, Боглева нива, Длага нива, Јабел, Алитова племна, Јани дол, Поток, Мицковци, Ќафа, Папрадиште, Туински забел, Оструг. Краевите на атарот на повисокото земјиште ги носат следниве називи: Башоски овеси, Рамниште, Сенокос, Голем и Мал купец, Црна бука, Арамиска кодра, Присој, Ѓури мад, Жолт камен, Чардак, Амза моле. Краевите не атарот на пониското земјиште југозападно од селото ги носат следниве називи:Слатина,Шумјак,Ѓупски даб,Свињска чешма,Караманчишта,Белчеец,Дорзеле,Стафоски огради.[[Туин]] има разбиен тип.Од североисток кон југозапад селото се протега со должина од 5 км.
 
== Историja ==
[[Туин]] спаѓа во старите села на Кичевската котлина.Од историски извори Туин се памети под истото име и во втората половина на XV век.Тогаш селото имало два дела, во едниот дел имало 44 куќи, а во другиот дел 42, а населението било словенско-христијанско. Во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 40 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.<ref>Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.215</ref>
 
Во селото Туин за времето на турското владеење постоеле 3 цркви,'''''Св.Петка,Св. 40 Маченици-Младенци '''и''' Св.Никола''''', и во тоа време биле запалени. Потоа во 1922 година по иницијатива на една жена од селото Туин која ја викале Апостолица, црквата '''''Св.Никола''''' била обновена,и до ден денес постои,и таа жена е погребана пред цркавата. Внатрешноста на црквата е уредувана од страна на браќата Костадин и Стојан Здравкоски од Туин, и иконостасот најверојатно е нивно дело.Исто така во дворот од црквата се гробиштата во кои се погребуваат селаните.Од цркавата '''''Св. Петка''''', денес нема ништо освен изворче за кое се вели дека таа вода била лековита.Од црквата '''''Св. 40 Маченици-Младенци''''' посојат само темелите а и тие не се гледаат баш најдобро, таа се наоѓа на сред село во албанското маало, над тоа место постојат христијански гробишта во кои се погрбувале мештаните македонци од тоа мало, во кое постојат само неколку куќи на македонци. А Македонското маало се наоѓа погоре од албанското во кое постои црквата '''''Св.Никола''''' во која селаните се собираат за празниците.
Ред 147:
* Македонски родови во селото се: ''Вељановци (7 к.), Радевци (6 к.), Пејовци (12 к.) и Јанковци (4 к.).'' Овие родови се староседелски, родовите Вељановци и Радевци потекнуваат од ист предок; ''Грујовци (9 к.)'' доселени се од сега раселениот град [[Закамен]], [[Малесија]]. Ја знаат следната генеологија Ставро (жив на 71 год. во 1961 година) Димо-Петре-Стојан-Јован-Петко, кој се доселил во селото со братот Трајко. Подоцна Трајко се иселил во селото [[Соње (појаснување)|Соње]], скопско. Мислат дека и неговите потомци таму се викаат Грујовци.
* Албански родови во селото се: ''Башовци или Баше (32 к.), Стафовци или Стафе (16 к.), Зенеловци (25 к.), Метовци (20 к.), Божваровци (9 к.), Калешовци (39 к.), Демировци (15 к.), Усовци (12 к.) и Хасковци (2 к.)'' наведените албански родови потекнуваат од предци доселени од областа [[Матија]] (во [[Албанија]]). Во родот Божваровци ја знаат следната генеологија Селман (жив на 56 год. во 1961 година) Незир-Сафер-Јусуф-Бајрам, основачот на родот. Во родот Калешовци се знае следната генеологија Дервиш (жив на 46 год. во 1961 година) Амет-Дервиш-Алија, основачот на родот кој се доселил.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://kicevo.mk/kicevska-kotlina-seoska-naselja-i-stanovnistvo/|title=Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски|date=2018-05-16|work=Кичево|language=mk-MK|accessdate=2018-12-30}}</ref>
 
 
Според истражувањата пак на [[Томо Смилјаниќ - Брадина|Тома Смиљаниќ]] во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
Ред 166 ⟶ 165:
 
== Културни и природни знаменитости ==
Во селото [[Туин]] во македонското маало има две селски чешми кои се изградени во октомври 1977 год. од страна на Вангел Велјаноски од Туин, кој живеел и работел како пекар во [[Белград]].На чешмите на мермерни плочи изрезбарен е натпис на кој пишува дека чешмите се негов поклон за неговото родно село Туин.
 
== Редовни настани ==
Редовен настан во селото [[Туин]] е празникот [["Водици"]],кој се слави 3 дена и тоа се 18ти,19ти,20ти Јануари,кога сите селани се собираат во селото,и доаѓаат од сите страни на Македонија и надвор од Македонија,за жал тоа се единствените денови во годината кога селото е полно.Има и други денови како што се: [[Божиќ,Велигден,Духовден,Крстовден]] и други празници кога селаните одат во [[Туин]],а инаку бројот на редовното население од македонска националност кое престојува во ова село е 3 жители,но во летните месеци и повеќе.
 
== Личности ==
Ред 176 ⟶ 175:
 
== Иселеништво ==
Жителите од селото [[Туин]] од македонска националност, се иселени во различни делови од Македонија, и надвор од нашата држава,но најголемиот број од иселеници живеат во Општина [[Кичево]] и во главнот град на нашата држава [[Скопје]], потоа во [[Битола]], [[Тетово]] а надвор од нашата држава има во соседна [[Србија]] во [[Белград]],исто така има и во [[Турција]] (муслимани) и [[Бугарија]] итн. Од македонските родови кои се иселиле од селото со доселувањето на муслиманите во 18ти век, се знае дека ги има во селото [[Мраморец]] во [[Дебарца]], и во селото [[Србјани]].
 
== Надворешни врски ==
Селото [[Туин]] со асвалтен пат е поврзано со [[Општина Кичево]], асвалтниот пат кој ги поврзува [[Општина Кичево]] и селото [[Туин]] поминува и низ селата [[Осломеј]], [[Жубрино]] и [[Арангел (село)|Арангел]]. На релацијата [[Кичево]], [[Осломеј]], [[Жубрино]], [[Арангел (село)|Арангел]],[[Туин]] и обратно, има и минибус кој ги носи селаните од селата до [[Кичево]]. [[Минибус]]от на оваа релација оди и се враќа 3 до 4 пати во текот на денот освен за празници и во недела кога воопшто не работи.
 
==Поврзано==
 
{{Портал|Република Македонија}}
* [[Кичевско Поле]]
* [[Општина Осломеј]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Туин