За македонцките работи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 37.26.99.166) и ја поврати преработката 3724489 на Ehrlich91
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство (2) using AWB
Ред 18:
== Содржина на книгата ==
 
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за [[Македонско националноослободително движење|македонското националноослободително движење]]. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската [[политика]] на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Во самата книга, тој 10 години пред [[Балкански војни|Балканските војни]] и [[Букурешки договор (1913)|Букурешкиот мировен договор]], ја предивидува можноста од поделба на [[Македонија]] меѓу балканските држави, предлагајќи обединување на сите македонски народности, како и интелектуални, револуционерни и ослободителни сили и движења во една и заедничка борба за ослободување на [[Македонија]] со цел да се оневозможи ваквиот процес и истовремено предлага воведување и сеопшто прифаќање на терминот ''Македонец / [[Македонци]]'' во официјална употреба за националноста на македонското словенско население во вилаетите на ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство на подрачјето на [[Македонија]]. Согледувајќи ја тогашната политичка состојба во [[Македонија]] по [[Илинденско востание|Илинденското востание]], Крсте Мисирков во книгата се осврнува и на предложените [[Мирцштегски реформи]] како поволна политичка одлука за [[Македонија]] и [[Македонци]]те и истовремено смета дека поради опасноста од поделба на Македонија заради вмешаноста на соседните балкански држави и нивните пропаганди, подобра е соработка и спроведување на реформи во рамките на ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство со што ќе се зачува целовитоста на Македонија, а ќе се намалат страдањата и убиствата над македонскиот народ, отколку да се спроведува револуционерна борба поттикната и под знаме на еден дел од населението и општеството.
 
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:
Ред 37:
Мисирков тргнува од особеностите на македонскиот јазик во однос на другите [[словенски јазици]]. Тој ја разгледува неговата [[историја]], неговата практична примена во [[писменост]]а, како и културно-историските околности кои придонесуваат да се избере [[Западномакедонско наречје|западномакедонското наречје]] и да се издигне на ниво на литературен јазик.
 
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ и успешно средство во национално-политичката борба против [[Туѓи пропаганди во Македонија|туѓите пропаганди]] и против употребата на туѓите соседни јазици.
 
Мисирков се определува за брзо решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
Ред 62:
== Бугарска гледна точка ==
 
Бугарската наука тврди дека Мисирков подоцна јaвно се откажува од пишувањата во својата книга објаснувајќи дека „настапил како импровизиран политичар по македонското прашање“.<ref>''<small>Во 1907 година, во воведната забелешка кон статијата "„Белешки за јужнословенска филологија и историја“, објавена во списанието на ВМОРО „Македонско-одрински прегле“, Мисирков вели за книгата: „Читателите на таа статија ќе бидат најверојатно изненадени од огромното контрадикција, која ќе сретнат во неа во споредба со онова што тие го прочитаа или можат да прочитаат во брошурата „За македонцките работи“. За да погодат таа контрадикција, доволно е да се потсетат дека јас таму постапив како импровизиран политичар.</small>''</ref> Таа го посочува и податокот дека и во предговорот Мисирков пишува дека целото словенско население на Македонија, во 1903, се нарекува бугарско,<ref>''<small>„Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле Бугари?</small>''</ref> но поради тоа што Византијците ги нарекувале со ова заедничко име Словените и Прабугарите (за кои Мисирков тврди дека се монголско племе, дојденци од Азија)<ref>''<small>Но над много Византиiа пострада од народот бугари, од монголцко племе, коi шчо опустошуаше се шчо ке му се попаднит во Византиiа. Во полчишчата на тоi народ имаше и словени, коiи се броiеiа од византиiците пак за бугари. Наi голем удар доби Византиiа од бугарите, коiи шчо зедоа од неiа голем дел неiни земiи, заселени со словени, и од ниф образуваа iедна голема и силна држаа, коiа од VIII век до идеiн'ето на турците на Балканцки полуостров, готоо постоiано наносеше на неiа iеден удар за друг... Словените од Бугариiа и Македониiа наi напред беа само соiузници на бугарите во воiните со Византиiа. Но соiузните со бугарите словенцки полчишта беа во очите на неприiателите т.е. византиiците пак бугарцки. Значит византиiците зафатиiа да прекрстуваат словените ушче од времето на Аспарухоата орда. Постоiаната борба рамо за рамо со бугарите и напраи ниф iеден народ со бугарцко име, но со словенцки iазик. Бугарцкото име мег'у словеиите беше попул'аризирано од грците, и оно, прво, означааше само бугарите — монголите, после нивните воени соiузници, после бугарцките поданици и наi после стана етнографцки термин за бугарцките словени. Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн'е: наi ненавистни за ниф варвари, л'уг'е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко</small>''.</ref> така што ова име останало кај Македонците.
 
== Наводи ==